Достапни линкови

Веб коментари: За „Титаник“ треба специјално судство


Најмногу коментари има за најнапаѓаната личност во државава, Специјалната обвинителка Катица Јанева и настанот на неделата, случајот „Титаник‟.

За што ќе коментираат нашите слушатели и фановите на Фејсбук ако не за најнапаѓаната личност во државава, Специјалната обвинителка Катица Јанева и настанот на неделата, случајот „Титаник‟. Кој прв ќе падне, дали Јанева или... – Живко Чавдаров од Гевгелија на нашата веб-страница напишал дека Јанева прва ќе паднела сè додека во Македонија судат судии по нарачка или за пари.

Само со смена на целокупниот состав на судиите можеби нешто ќе се промени.
Коментар на читател.

По решението на Кривичниот суд да го одбие барањето за притвор на осумтемина осомничени од страна на Специјалното обвинителство, Александер Штерн во Фејсбук-постот бара кривична пријава против судијата што ја донел таа одлука. Лаура Паусини смета дека само со смена на целокупниот состав на судиите можеби нешто ќе се промени, а Бесо Шкупи, исто така на Фејсбук искоментирал дека „да беа Албанци‟, вели, „сега ќе беа во Шутка‟.

Незабеган на нашата веб-страница коментира дека „за овие ВМРО-нски апаши‟ - како што вели, „треба специјален кривичен совет, редовните судии веќе поткупени од македонското фирерче и не смеат ни да помислат да изречат превентивен притвор за овие ајдуци...‟ И Зоран Недков на Фејсбук постирал текст за судиите: „Срамота! Со ова докажавте дека сте на платниот список на мафијата. Под итно формирање ново независно специјално судство‟, бара Недков.

На нашата Фејсбук страница интерес предизвикало и неделното интервју со Здравко Савески од новата партија Левица. Неговите зборови дека „граѓаните не се задоволни од сегашната власт, но не забораваат и како се однесуваше СДСМ додека беше на власт‟, се чини дека наоѓаат потврда во некои од коментарите: Костадин Христов смета дека Шеќеринска сакала 100 години да биде главна во партијата, но Драгољуб Ристески постирал: „Да, ама вака пак ѝ правите услуга на власта, а не себеси и на народот...‟ Лука Иванов му порачува на Савески да не се срами и отворено да каже дека ги советува граѓаните да гласаат за Груевски, кој една деценија ја уништува државата. „Во изминативе 18 години, Груевски 14 владее со државава!‟, потсетува Лука Иванов.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG