Советот на Јавни обвинители останува на својот став дека нема потреба од дополнување на тимот на Специјалниот јавен обвнител Катица Јанева со останатите седумнина неизбрани обвинители. Причината за таквата одлука е дека не се создадени нови околности за избор на другата половина од бараниот тим, вели Претседателот на Советот Петар Аневски. Тој додава дека на денешната седница е одлучено да не биде ставено на дневен ред барањето на Јанева, затоа што до нив било доставено старото барање и на наредните седници се договориле да се разговара и размислува за потребите на тоа обвинителство.
Ова е Совет на Јавни обвнители, независен и нема никаква теорија да постапуваме по препораки и барања на политички партии, нема да се произнесуваме на барање од политички партии. Знаете писмото беше доставено до Министерот за правда, кој го достави до нас, ние вративме назад до Катица Јанева, меѓутоа истата ја достави потполно истата листа, со кандидатите за кои веќе одлучувавме.Петар Аневски, претседател на Советот на Јавни обвинители.
„Ова е Совет на Јавни обвнители, независен и нема никаква теорија да постапуваме по препораки и барања на политички партии, нема да се произнесуваме на барање од политички партии. Знаете писмото беше доставено до Министерот за правда, кој го достави до нас, ние вративме назад до Катица Јанева, меѓутоа истата ја достави потполно истата листа, со кандидатите за кои веќе одлучувавме.“
Инаку Аневски две дена претходно вети нешто друго.
„Доколку Јанева достави допис со одредени барање ние ќе ги разгледаме и ќе закажеме најитна седница на Советот.“
Вратата на Советот за Јанева е отворена и во секое време може да дојде и да разговараме за да се најде излез од оваа криза, мислам не како криза, туку како наша и нејзина обврска за да не доаѓаме до вакви непријатни ситуации, рече Аневски.
На денешната седницата присуствувале претставници на ОБСЕ и американската амбасада.
Аневски додава дека обвнителите и дале поддршка на Јанева со одобрувањето на нејзиниот избор за специјален јавен обвнител, но одлуката за бројот на помошници обвинители е право на избор на Советот.
„Втора работа јас колку што знам, отприлика 28 предмети има за работа, односно ќе треба да ги работи, доколку се зголеми бројот, да дојде, да каже дека е зголемен бројот на 120 или на 150 ние секако дека таа одлука ќе ја промениме. Одлуката е излезена во Службен весник на Република Македонија и определен е бројот на седум јавни обвинители и специјален јавен обвинител на тоа обвинителство, тоа е сосема доволен број според оние податоци што ние ги имаме за предмети. По одредени обвнителства, еден обвинител месечно работи по 30, по 40 предмети“, изјави Аневски.
Во однос на Законот за Специјалното обвинителство кој е донесен како лекс специјалис и треба да се примени како што е донесен, Аневски посочува дека Советот не го интересира договорот на политичките партии, туку само обемот на работа на специјалниот обвнител. Аневски не одговори на новинарското прашање од каде е нивната проценка за бројот на предмети на специјалната обвнителка кога и самата Јанева тврдеше дека не може да процени колку предмети ќе произлезат од прислушуваните разговори.
Претходно како причина за преполовување на тимот на специјалната обвнителка, Аневски го посочуваше неодстигот на кадар во Обвинителството.
А Јанева, пак, тогаш изјави дека не очекува работите да одат мазно, но планира и со половина тим да работи и постојано ќе бара од Советот да и се дополни тимот со останатите неизбрани обвинители.