Достапни линкови

Надмудрувања меѓу „обичните“ и „специјалните“ обвинители


Седница на Советот на јавни обвинители. Катица Јанева.
Седница на Советот на јавни обвинители. Катица Јанева.

Ако специјалната обвинителка Катица Јанева писмено побара, Советот на јавни обвинители ќе го разгледува барањето и за другите седуммина обвинители и ќе одлучувал со мнозинство гласови.

Советот на јавни обвинители ќе го разгледа барањето на министерот за правда за дополнување на тимот на специјалниот јавен обвинител со неизбраните седуммина обвинители, доколку тоа од нив со допис го побара Катица Јанева. Претседателот на Советот, Петар Аневски, по неодржувањето на седницата за свечена заклетва на веќе избраните седуммина обвинители од тимот на Јанева, изјави дека ако таа го достави денеска дописот, уште на утрешната седница ќе го разгледаат барањето.

Знаеме дека состојбата е ваква, јас думам и за другите јавни обвинители, кои се во тешка состојба, не можат да работат повеќе. Оболени имаме доста луѓе, од хроничен замор од работење, значи ова е една многу тешка состојба, ама ако ја сфатат некои ќе ја сфатат, ако не, не.
Петар Аневски, претседател на Советот на Јавни обвинители.

Тој не потврди дали по барањето на четирите политички партии ќе ги изберат сите обвинители, туку посочи дека ќе го разгледуваат барањето и на седница ќе одлучуваат со мнозинство гласови. Аневски смета дека ваквиот начин на однесување не е терање инает и не се согласува со барањата на Јанева, затоа што во обвинителството нема доволно кадар, односно недостасуваат најмалку 50-тина обвинители, а излез гледа во измени на законот за избор на обвинители.

„Знаеме дека состојбата е ваква, јас думам и за другите јавни обвинители, кои се во тешка состојба, не можат да работат повеќе. Оболени имаме доста луѓе, од хроничен замор од работење, значи ова е една многу тешка состојба, ама ако ја сфатат некои ќе ја сфатат, ако не, не. Ние пред сè бараме промена на законот за јавното обвинителство и законот за судии и јавни обвинители. Јас моето ќе го кажам и пред никаков притисок нема да подлегнам, апсолутно“, рече Аневски.

Тој додава Советот нема да подлегне на политичките притисоци, а писмото потпишано од работните групи на партиите доставено преку министерот за правда не го сфаќаат како политички притисок.

Во однос на недостигот на обвинители, Аневски истакнува дека во изминативе три години се обидувале да го решат проблемот институционално.

Аневски посочи дека во барањето на Јанева за избор на 14 обвинители има и конфликт на интереси.

„Еве обвинителката Лиле Стефанова, која работи во обвинителството за гонење на организиран криминал, во самата биографија наведува дека работела во предметот Пуч. Како ви изгледа вам логички, значи таа шест месеци или повеќе работи на тој предмет и сега да се префрли, јас логика не гледам. Од седуммина обвинители, пет беа, сега не можам точно да се сетам кои беа, ама имаа постапувано и имаат донесено јавнообвинителски одлуки“, вели Аневски.

Со оглед на тоа што одлуката на Советот за преполовување на тимот на Јанева, предизвика прекин на политичкиот дијалог, доколку партиите и претставниците на меѓународната заедница инсистираат на избор и на останатиот тим, Аневски вели дека нема да си поднесе оставка поради поразот на претходно искажаните аргументи за непочитување на договореното.

„Ова е специфична ситуација, не чувствувам дека треба да дадам оставка, ќе одржиме седница, ќе ги кажеме сите своите аргументи, повторно ќе ве повикаме и ќе знаете за сè што се случува“, рече Аневски.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG