Достапни линкови

Специјалната обвинителка минирана од колегите


Специјално обвинителство со преполовен тим, иницијатива за уставност, критики и сомнежи за неговата работа,- се само дел со проблемите со кои се судри Јанева на стартот од работата.

Контроверзиите околку Специјалното јавно обвинителство кои произлегоа со одлуката на Советот на обвинители да го преполови предложениот тим на Катица Јанева и најавата на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски за иницијатива до Уставниот суд за Специјалното обвинителство имаат за цел минирање на работата на Јанева, тврдат правните експерти.

Специјалното обвнителство се формираше поради слабостите, поради неработењето на државното обвнителство и сега тие наместо да смогнат сили и да одговараат за сето тоа што не е направено, а требало да се направи од нивна страна, тие сега покренуваат односно сакаат да покренат иницијатива пред Уставниот суд за да се испита уставноста на самиот закон.
Осман Кадриу, правен аналитичар.

Од една страна Советот на јавни обвнители и дозволи на Јанева да почне со работа, а од друга страна, пак, Зврлевски обвини дека Специјалното обвнителство е паралелно, политичко и противуставно и дека досегашните обвнители веќе работеле на предмети поврзани со прислушуваните материјали и имале капацитет да ја завршат работата.

„Специјалното обвнителство се формираше поради слабостите, поради неработењето на државното обвнителство и сега тие наместо да смогнат сили и да одговараат за сето тоа што не е направено, а требало да се направи од нивна страна, него тие сега покренуваат односно сакаат да покренат иницијатива пред Уставниот суд за да се испита уставноста на самиот закон“, вели аналитичарот Осман Кадриу.

Кадриу смета дека Уставниот суд, за жал, сега носи повеќе политички наместо правни одлуки.

„Сметам дека таа иницијатива треба да се одбие затоа што тука нема ништо што не е во согласност со Уставот. Таква можност произлегуваше и од досегашниот закон за Јавното обвнителство, дека за конкретни дела, конкретни постапки, чуствители постапки и така, натака може да се формират едно такво тело и такво тело е формирано,“ вели тој.

Зврлевски чекаше еден месец за да каже што мисли за Законот за Специјалното обвинителство и за изборот на неговата колешка Јанева чија задача е да ги расветлува сомнежите за криминал произлезени од содржината на бомбите, точно во период кога е донесена политичка согласност околу проблематичниот изборен законик.

„Ние не сме политичка институција и нас политичките договори не не интересиираат, ние постапуваме согласно законот ако некој донесе политика одлука да формира политичко обвинителство, јас се гордеам што ние не сме политичко обвинителство, а политичкото обвинителство нека си постапува.“

Преполовен тимот на специјалниот обвинител
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:51 0:00

Лидерот на опозицијата Зоран Заев на една од прес конференциите на кои на почетокот од годинава ги објавуваше таканаречените бомби, тврдеше дека послушноста на Зврлевски како Јавен обвинител за организиран криминал, го однела чекор повисоко поради тоа што лично тој, по нарачка лично на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, донел Јавно обвинителска одлука да отфрли кривична пријава против вицепремиерот Зоран Ставрески. Тогаш Заев изјави дека станува збор за прислушуван разговор кој е воден според него меѓу Јанкуловска и Ставревски.

please wait

No media source currently available

0:00 0:10:12 0:00
Директен линк

„ЖЕНСКИ ГЛАС: Ништо, јас те барав за ова што ти пишав. Значи, јас нели ти реков, му спомнав на Марко со тоа што му реков види вака-така, не директно она „отфрли ја пријавата„ него „види да ја завршиме“ ова-она, ама он знае што значи тоа.

МАШКИ ГЛАС: Аха…

ЖЕНСКИ ГЛАС: Сабајле го побарав и после ми се јави назад и ми кажа, пошто беше на судење и не можеше да збори од таму, и ми кажа: „да знаеш тоа што ми даде задача, завршено е“. Пошто треба и за други работи да се видиме, за Законот за кривична постапка деновиве ќе ти дадам детален извештај, да знаеш се е ок со предметот. Чисто да ти кажам.

МАШКИ ГЛАС: Мх, добро.“

Зврлевски тогаш негираше дека како Јавен обвинител не постапувал по предмет во кој како пријавено лице се појавува Министерот за финасии Зоран Ставревски.

Во меѓувреме Американската амбасада во Скопје изрази загриженост поради одлуката на Советот за јавни обвинители истакна дека ја разгледува ситуацијата.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG