Достапни линкови

Нови вечерни пржински разговори


Изборниот законик, составот на новата влада, тимот на специјалното обвинителство, законот за свиркачи и мораториумот на „бомбите“, теми на разговор меѓу политичките лидери и еврокомесарот Хан.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА во 18 часот и 15 минути се собраа во резиденцијата на ЕУ во Пржино со што всушност и започна средба со еврокомесарот Јоханес Хан, евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и експертот Питер Ван Хауте.

Работиме секој ден за да постигнеме напредок. Може да кажам дека имавме тешка ноќ. Нема да се предадеме бидејќи мора да има напредок за оваа земја. Работиме секој ден за да постигнеме.
Питер Ван Хауте, посредник од ЕУ.

Хан кој допатува од Брисел напладне веднаш започна со одделни средби, прво со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМЕН, Никола Груевски, потоа со првиот човек на ДУИ Али Ахмети, па со претседателите на ДПА и на СДСМ, Тачи и Заев. По одделната средба попладнево Ахмети рече дека разговарале за она што било предмет на преговорите изминатите неколку дена. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има тој рече дека ќе се знае по вечерашната заедничка средба.

Ван Хауте кој ја предводи работата на работните групи за спроведување на договорите од Пржино, рече дека работеле деноноќно и истакна дека во оваа држава морало да се постигне напредок.

„Работиме секој ден за да постигнеме напредок. Може да кажам дека имавме тешка ноќ. Нема да се предадеме бидејќи мора да има напредок за оваа земја. Работиме секој ден за да постигнеме“, изјави Ван Хауте.

Тука пред резиденцијата на ЕУ во Пржино никој не прогнозира колку ќе трае вечерашната средба, но неофицијално се вели дека договор морало да се постигне. Доколку ваквите најави се остварат утре пратениците ќе ги очекува долг ден, бидејќи според некои информации вечерва се зборува за изборниот законик, законот за влада во кој морало да се предвидат и замениците министри и за законите за таканаречните свиркачи и мораториумот на „бомбите“, а тема бил и составот што го предложи специјалната обвинителка Катица Јанева. Сето ова утре треба да се најде во Собранието.

Тема на разговорите е и анкетната комисија основана по скандалот со прислушувањето чие формирање и работа доцнат. Утре истекува и рокот предвиден во договорот и за министрите кои треба да ги предложи СДСМ за Министерството за внатрешни работи и за труд и социјала и нивните заменици во тие министерства од ВМРО-ДПМНЕ. Истиот датум е краен рок и за избор на заменици министри по предлог на опозицијата во министерствата за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација, па се очекува вечерва да се зборува и за конкретни имиња.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG