Во Општата болница во Куманово владее хаос, што е целосна проекција на хаосот во јавното здравство, велат граѓаните кои немаат пари да се лекуваат на приватните клиники или поликлиниките во Скопје. Вработените во болницата исто така реагираат дека условите во кои работат се несоодветни на установа наменета за заштита на здравјето на луѓето. Освен што немаат основни средства за работа, што сè повеќе добрите специјалисти ги напуштаат одделенијата и заминуваат во приватно здравство, дел од оние што остануваат, пак, постојано се изложени на притисоци поставени на хиерархиска основа според подобноста.
Директорот два месеца не беше на работа. Нема тоалет хартија, нема ампули, пет години не се платени сметките за потрошената струја и вода.вработен во кумановската Општа болница.
„Директорот два месеца не беше на работа. Нема тоалет хартија, нема ампули, пет години не се платени сметките за потрошената струја и вода“, вели еден вработен.
Револтираните вработени не смеат да го откријат идентитетот, а за разговор со граѓаните кои чекаа здравствени услуги вашиот известувач според болничкото обезбедување, треба да има одобрение од директорот, кој пак беше отсутен. Некои од пациентите дофрлија дека пет месеци е во дефект апаратот за стрес тестот и како воопшто да го нема. За ова беа опоменати од обезбедувањето, а новинарот по легитимирање требаше да ги напушти просториите на болницата.
Компјутерите често се во дефект. Интернетот не е секогаш платен. Често нема врски на компјутерот, често паѓа страницата, пациентите се караат не можат да чекаат, ние не можеме да им ги издадеме документите, докторите не можат да го напишат извештајот, па пациентите мораат да доаѓаат по втор, трет пат.вработен во кумановската Општа болница.
„Хонорарците три-четири месеци не земале ниту денар. Се нема бравици и многу други работи. Многу пари се земаат за партиципација, а каде одат тие пари никој не знае. Хиерархија каква што имаше порано не постои. Директорот се занимава со ситници. Одредени лица се привилегирани, а колку и да има потреба од персоналот не се надополнува таму каде што треба. Нема основни средства за работа“, вели вработен.
Во кумановската Општа болница во која здравствени услуги треба да добиваат не само стотина илјади граѓани од Општината Куманово, туку таа е најблиску и за граѓаните од соседните општини, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка и Кратово. А, во неа, според вработените и пациентите, тешко може за еден ден да се завршат сите најнеопходни потреби. Згора на тоа, времето се губи и на шалтерите на кои административното заведување за само еден пациент е најмалку десетина минути по долгата редица, доколку електронскиот систем функционира.
„Компјутерите често се во дефект. Интернетот не е секогаш платен. Често нема врски на компјутерот, често паѓа страницата, пациентите се караат не можат да чекаат, ние не можеме да им ги издадеме документите, докторите не можат да го напишат извештајот, па пациентите мораат да доаѓаат по втор, трет пат“, вели еден од вработените.
За да се види во каква состојба се болничките соби и останатите делови од болницата, како и фотографирање на болничкиот двор според обезбедувањето новинарот треба да има одобрение од директорот, небаре тоа е негов приватен посед.
Кумановци кои имале прилика да бараат здравствена заштита во болницата слегнуваат со рамениците и резигнирано велат дека таа ќе се распадне.