Преку разни здруженија и организации граѓаните на Куманово секогаш се отповикуваат на акциите за дарување крв, бидејќи сакаат да бидат хумани и да спасат нечиј живот. Има и такви кои сами поединечно се јавуваат на Одделението за трансфузиологија во Куманово за дарување оваа течност што значи живот.
По три месеци секогаш може. Дарувам кога има акции или по повик, ако има потреба за некој итен случај.Стојан Ничевски, крводарител.
Вработените на Трансфузиологија велат дека бројката на крводарителите од пред една деценија и повеќе не е намалена, напротив во одредени периоди е и поголема. Ако порано акциите биле организирани во фирми, сега тоа го прават разни здруженија.
Средношколците пак, континуирано даруваат крв. Дека хуманоста од овој вид не изостанува говори и фактот што доброволни крводарители месечно даруваат по 70 до 80 крвни единици без акција. Крводарителите кои имаат ретка крвна група во итни случаи за спасување нечиј живот се јавуваат и на повик од трансфузиолозите.
Ова ми е седми пат. Имам правено пауза и сега пак сакам. Тоа е за спасување нечиј живот, а и за жените во менопауза е подобро да даваат крв.Слаѓана Ангеловска, крводарител.
На една од крводарителските акции Стојан Ничевски го забележа 24-то дарување крв.
„По три месеци секогаш може. Дарувам кога има акции или по повик, ако има потреба за некој итен случај“, вели тој.
Младата кумановка Фросина Димитриевска вели дека пет пати дарувала крв.
„Добро е ова, помош на другите и подобро ми е мене. Се чувствувам подобро.“
Слаѓана Ангеловска по извесна пауза повторно се вратила на крводарителството.
„Ова ми е седми пат. Имам правено пауза и сега пак сакам. Тоа е за спасување нечиј живот, а и за жените во менопауза е подобро да даваат крв. Така е од медицински аспект.“
Кога хуманоста треба да се покаже на дело подеднакво се отповикуваат и жените и мажите. Во последно време како крводарители се јавуваат и Албанците, што не беше случај пред деценија ипол, велат од Трансфузиологија. Ова веројатно се должи на едукацијата на населението од оваа етничка заедница, особено што е зголемен бројот и на медицинскиот персонал во кумановската Општа болница. И за одбележување е и тоа што кога некој еднаш ќе даде крв, ретко се откажува, оти како да му се буди чувството за хуманоста, а тоа и позитивно се одразува врз неговото здравје. „Даруваш крв, спасуваш живот, си го проверуваш здравјето. Мора да се напомене и дека само ако си здрав можеш да даруваш крв, “велат трансфузиолозите.