Достапни линкови

Крводарителите незадоволни од третманот


Крводарителска акција
Крводарителска акција

И покрај тоа што несебично помагаат спасувајќи човечки животи преку дарување на крв, крводарителите сe жалат дека немаат бенефиции од државата.

Голем број прилепчани редовно даруваат крв во Одделот за трансфузиологија со цел да им помогнат на своите сограѓани за полесно да ги надминат своите здравствени проблеми и затоа речиси никогаш нема недостиг од крв од определена крвна група. Но, меѓу бројните
Ако немаш сини картончиња не добиваш никакви права. Лекарскиот преглед се плаќа, се‘ се плаќа. Би апелирал, ако може тие што имаме 50 или над 50 пати, да имаат некои
поволности.
крводарители се издвојуваат 15-ина, кои повеќе од 50 пати досега ја дарувале својата драгоцена течност. Сите се среќни зашто секој на свој начин спасил човечки живот, но не се задоволни од третманот што го имаат од државата.

Аце Спасеноски досега дарувал крв 60 пати. Вели знае многу добро што значи овој чин, зашто благодарение на крводарителството е спасен животот на неговата сопруга. Но, тој не е задоволен што оваа категорија граѓани нема никакви бенефиции со Законот за здравствена заштита.

Живко Вренцоски, 80-кратен крводарител

„Ако немаш сини картончиња не добиваш никакви права. На пример, лекарскиот преглед се плаќа, се‘ се плаќа. Би апелирал, ако би можело тие што имаме 50 или над 50 пати, да добиваат од Министерството за здравство, да имаат некои поволности. Не е една работа, ако било кои проблеми ги имаат, да може за нив прегледите да бидат бесплатни. Порано ги имавме сите права, така да редовно земавме сини картони, сега некогаш земаме, некогаш не земаме сини картони“, вели Спасеноски.
Што се однесува до законските регулативи за регулирање на потребите на крводарителите, секако дека таа група на граѓани би требало да падне во
повластените.

И Живко Ангелески, инспектор по општ криминал во прилепската полиција, кој дарувал крв 50 пати, смета дека крводарителите треба да имаат посебни права на здравствена заштита.

„Бенефити би требало да имаат крводарителите, има според Законот за здравство дел од некои мали бенефити, но тоа треба да се усогласи на повисоко ниво, и посебно за оние крводарители што имаат над 10 пати дарувано крв“, истакнува Ангелески.

Клиничкиот психолог Јован Велески исто така 50 пати дарувал крв. Вели мотивот е и професионален и личен.

„Што се однесува до законските регулативи за регулирање на потребите на крводарителите, секако дека таа група на граѓани би требало да падне во повластените, затоа што нивниот однос е пример за цела држава, во најмала мера се работи за државни интереси, затоа што тие интереси се бесценети.“

Помош за Јапонија од Живко Вренцоски

Велески им советува на сите граѓани кои немаат здравствени проблеми да даруваат крв, а особено на спортистите.

„Давањето на крв помага да се регенерира организамот, за брзо да се врати во форма, да се совлада стресот што го предизвикува губењето на крв, и нормално едно обновување на самата природа на течностите, затоа што секое обновување би значело дека се освежува и самиот организам. Апсолутно препорачувам особено на спортисти“, истакнува Велески.

А, 80-кратниот крводарител од Прилеп, 80-годишниот Живко Вренцоски, кој со оглед на својата старост не смее повеќе да дарува крв, својата хуманост ја изразува на друг начин. Тој веќе испрати симболична парична помош до јапонските власти.

„Апелирам до сите крводарители несебично, да не се воздржуваат, да дадат крв за помош на Јапонија и не само крв туку и средства, да собереме една минимална помош“, вели Вренцоски.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG