Достапни линкови

Набавки на дополнителна опрема поради еболата


Кошмарот од еболата и лекот против стравот
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:08 0:00

Кошмарот од еболата и лекот против стравот

Здравствените установи се добро опремени, но во моментов набавуваме и дополнителна опрема да има и резерва во случај да се појави ебола во земјава, велат надлежните.

Кога пред речиси две недели, јавноста за првпат слушна дека странски државјанин во Скопје најверојатно починал од ебола, граѓаните беа избезумени од страв. Набрзо потоа се покажа дека британскиот државјанин Колинс Џефри не умрел од ебола, ниту, пак, престојувал во земји во кои ја има оваа болест. Иако за среќа, македонските граѓани го избегнаа најлошото сценарио, анкетата која ја снимивме покажува дека став од појава на смртоносниот вирус постои, но она што загрижува е и слабата информираност за болеста.

Знам дека е речиси смртоносна, меѓутоа знам дека има и третман, дека може да се третира, но не сум сигурна дека тоа може да биде успешно и кај нас. За пренесување знам дека генерално се пренесува преку крв и други телесни течности.
Анкетирана граѓанка.

„Знам дека е речиси смртоносна, меѓутоа знам дека има и третман, дека може да се третира, но не сум сигурна дека тоа може да биде успешно и кај нас. За пренесување знам дека генерално се пренесува преку крв и други телесни течности.“

„Знам дека е пренослива болест и дека е повеќе застапена во земјите од Африка, ама не знам како се пренесува и што е фактички тоа.“

„Информирана сум од медиумите претежно. За еболата дознав од вести, претходно ја знаев како болест, но не и дека ја има кај нас.“

Во моментов сме во постапка за набавка на дополнителна опрема, да имаме и резерва за секој случај, дополнителна опрема во однос на специјални скафандери, иако веќе имаме такви скафандери со филтри за филтрација на воздухот и кислородот, сепак набавуваме дополнителна опрема да имаме резерва.
Јованка Костовска, Министерство за здравство.

„Таа е лоша болест, опасна. Сите може да заболиме, тоа е многу лошо“, велат анкетираните граѓани.

Здравствените власти уверуваат дека се подготвени да се справат во случај на појава на смртоносната болест која му пркоси на целиот свет и пред која барем засега медицината е немоќна. Смируваат дека инфективната клиника во Скопје има доволно опрема и легла во случај на појава на несаканата заразна болест.

„Доколку би се појавила во Република Македонија, би се појавила во еден или два случаи, не очекуваме голем број случаи на заболени од ебола или од друга опасна заразна болест, меѓутоа по потреба, доколку се појават поголем број случаи, испланирано е, согласно протоколите, повеќе оддели да бидат изолирани и наменети само за таа опасна заразна болест. Значи, има две простории, а за поголем број случаи и цел еден оддел би бил само за тие заразни заболувања. Во однос на опремата, во 2009 година беше набавена опрема, скафандери, маски, ракавици, наочари, калјачи, дезинфекциони средства и сè она што е потребно за заштита од пандемијата од свински грип, таа опрема сега е добредојдена и навистина ни помага, ја распределивме во сите институции каде што е потребно и ја имаме во доволен број, меѓутоа во моментов сме во постапка за набавка на дополнителна опрема, да имаме и резерва за секој случај, дополнителна опрема во однос на специјални скафандери, иако веќе имаме такви скафандери со филтри за филтрација на воздухот и кислородот, сепак набавуваме дополнителна опрема да имаме резерва“, објаснува Јованка Костовска од секторот за превентивна заштита при Министерството за здравство.

Иако од ресорното Министерство велат дека медицинскиот персонал на инфективната клиника и итната медицинска помош, како и вработените на аеродромот веќе поминале обука за тоа како треба да се однесуваат во случај на појава на заболен од ебола, за следниот период најавуваат и низа едукативни семинари на терен, во кој ќе бидат вклучени пред сè матичните лекари кои се првите што треба да знаат како да препознаат потенцијален случај на заразен од ебола.

Во меѓувреме, последните три автобуси со аџии кои од Саудиска Арабија неодамна се вратија во Скопје, потврдија дека сите патници кои се наоѓаат во нив се во добра здравствена состојба. Сепак во следниот период аџиите редовно ќе треба да е јавуваат во матичните центри за јавно здравје, каде што ќе подлежат на задолжителен 21 дневен здравствен надзор.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG