Достапни линкови

Лажна тревога - Нема ебола во Македонија


Лажна тревога - Нема ебола во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Лажна тревога - Нема ебола во Македонија

Резултатите што пристигнале од лабораторијата во Германија покажале дека починатиот британски државјанин не бил заразен со смртоносниот вирус.

Британецот што завчера почина во Скопје немал ебола, а причината за смртта ќе се знае по аутопсијата за која се почнати процедури, информира попладнево доктор Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.

Веднаш се почнати сите процедури за подготовка за аутопсија на телото на починатото лице.

Како што рече Костовска, по добиените негативни резултати од лабораторијата во Хамбург, укинат е карантинот во хотелот каде престојувал 58-годишниот пациент и на Клиниката за инфективни болести. Сите лица кои беа во карантин може слободно да ги напуштат објектите.

За резултатите веднаш се известени Британската амбасада,СЗО согласно меѓународннот здравствен правилник.

Веднаш се почнати сите процедури, истакна, за подготовка за аутопсија на телото на починатото лице со цел докажување на причината на смртта.

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека можна причина за смртта на пациентот е инфективно заболување но, како што нагласи, ниту едно од нив не е во категоријата на карантински заболувања.

Земјава два дена чекаше на потврда за тоа дали има ебола. По смртта на британскиот државјанин, хотелот во кој престојувал и медицинскиот персонал кој бил во контакт со него беа ставени во карантин.

XS
SM
MD
LG