Во околината на хотелот во трговскиот центар Мавровка во Скопје во кој вчера почина Британец за чија смрт се испитува дали причината е ебола и претпладнево беше раздвижено. Пред хотелот имаше видливо полициско присуство и новинарски екипи. Персоналот и гостите се уште се во карантин.