Достапни линкови

Се зголемува бројот на децата со очни заболувања


Доктор Елизабета Спасиќ, офтамолог во Одделението за очни болести при Општата болница во Куманово.
Доктор Елизабета Спасиќ, офтамолог во Одделението за очни болести при Општата болница во Куманово.

Не може да се тврди дека најголемиот виновник е компјутерот и сè подолгото време поминато пред мониторот, но секако дека тоа предизвикува проблем наречен суво око, вели офталмологот Елизабета Спасиќ.

На Одделението за очни болести при Општата болница во Куманово се зголемува бројот на пациенти од помладата популација кои имаат проблеми со очите или со намалување на видната функција.
Нашата досегашна пракса покажува дека развојот на компјутерската технологија доведува до суво око. Тоа е ново заболување кое би можело да се поврзе со компјутерската технологија.
Доктор Елизабета Спасиќ, офтамолог.

Не може да се тврди дека најголемиот виновник е компјутерот и сè подолгото време поминато пред мониторот, но секако дека тоа предизвикува проблем наречен суво око, вели офталмологот Елизабета Спасиќ. Меѓутоа, има други фактори кои влијаат врз видот на децата и младите кои бараат лекарска помош и се принудени да носат очила.

„Нашата секојдневна пракса покажува дека повеќе од младата популација доаѓа со намалена видна функција и доаѓа на преглед и за одредување очила. Нашата досегашна пракса покажува дека развојот на компјутерската технологија доведува до суво око. Тоа е ново заболување кое би можело да се поврзе со компјутерската технологија. Тоа е докажано“, вели таа.
На секои 15 до 20 минути да се тргне погледот на страна, повеќе да се влажи окото и да се трепка, а паузите не мора да се подолги од две-три минути. На тоа особено да се обрне внимание за да се спречи појавата на сувото око.
Доктор Елизабета Спасиќ, офтамолог.

Доктор Спасиќ вели дека најчесто кај младите пациенти се дијагностицира миопија, односно кратковидост.

„Особено децата по седумгодишна возраст. До седумгодишна возраст кога окото е мало се појавува далековидост. Меѓутоа, можеби порано не било изразено, новото заболување кератоконус (оштетена рожница), но дали тоа се должи на недоволно откривање или бројот не бил реално прикажан, тука веќе треба да се истражува“, вели Спасиќ.

Според неа, како фактори за очните заболувања не се исклучени ниту динамичниот живот, начинот и квалитетот на исхраната, порано влегување на децата во пубертетот.

„Пребрзо раснење на децата, при тоа и пораст на окото, поголемото око, мислам дека е причина и за миопијата“, вели докторката.

За да се заштити и зачува добриот или здравиот вид, секој човек, а особено за младите генерации треба да прават паузи при работа пред компјутер, препорачува докторката.

„На секои 15 до 20 минути да се тргне погледот на страна, повеќе да се влажи окото и да се трепка, а паузите не мора да се подолги од две-три минути. На тоа особено да се обрне внимание за да се спречи појавата на сувото око“, вели Спасиќ.

Според докторката, би требало да биде задолжително и носење на очила за сонце и тоа не само лете, туку и во зимскиот период, па дури и кога има снег.

„Неопходна потреба за носење очила со заштита од ултравиолетово зрачење и зиме и лете. Шетање во природа задолжително, а тие што имаат потреба од диоптерски очила, добра корекција и редовно носење на очилата“, вели доктор Спасиќ.

На ова одделение во кумановската болница повеќе од една година има и пософистицирана и модерна апаратура со која побрзо, полесно и посоодветно може да се дијагностицираат очните заболувања и кај децата и кај возрасните.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG