Достапни линкови

Информираност и евтина контрацепција за помалку абортуси


Илустрација.
Илустрација.

Ако имаме достапна контрацепција и ако младите ги знаат вистинските информации, тогаш дефинитивно ќе бележиме намален тренд и на малолетнички бремености и на абортуси, вели Даниел Калајџиески од ХЕРА.

Со информираност и евтина контрацепција до намалување на бројот на абортуси. Гинеколозите во земјава со години алармираат дека се зголемува бројот на абортуси и на малолетничка бременост. Програмскиот координатор во невладината организација ХЕРА, Даниел Калајџиески, вели дека многу мал процент млади девојки во Македонија користат модерна контрацепција, а уште помал дел од нив користат орална контрацепција, односно анти-беби пилули.
Ако ние имаме достапна контрацепција со пониска цена и ако младите ги знаат вистинските информации, тогаш дефинитивно ќе бележиме намален тренд и на малолетнички бремености, се разбира и на абортуси кај младите луѓе, всушност генерално кај сите жени во репродуктивен период ќе има намалена стапка на абортуси и тоа е пример од сите земји во светот што го имаат овој пристап – достапна контрацепција и сексуално образование.
Даниел Калајџиески, програмски координатор во невладината организација ХЕРА.

„Ако ние имаме достапна контрацепција со пониска цена и ако младите ги знаат вистинските информации, тогаш дефинитивно ќе бележиме намален тренд и на малолетнички бремености, се разбира и на абортуси кај младите луѓе, всушност генерално кај сите жени во репродуктивен период ќе има намалена стапка на абортуси и тоа е пример од сите земји во светот што го имаат овој пристап – достапна контрацепција и сексуално образование“, вели тој.
Даниел Калајџиески.
Даниел Калајџиески.

Калајџиески вели дека модерна контрацепција во Македонија користат помалку од 10 отсто од луѓето, за разлика од земјите во регионот каде што таа бројка е неколку пати поголема, а во развиените земји тој процент достигнува до 80 отсто. Како главни причини за малото користење контрацепција во земјава, тој ги наведува неинформираноста на младите и скапотијата.

„Кај нас се уште постојат многу митови коишто се поврзани со контрацепцијата. Колку и тоа можеби за некого ќе звучи банално или смешно, но сепак сè уште има многу млади луѓе и девојки коишто сметаат дека оралната хормонска контрацепција ќе им ја зголеми влакнетоста или ќе ги здебели, ќе имаат промени во располежение итн., што се разбира е сосема неточно“, вели тој.

Калајџиески препорачува државата да покрива дел од трошоците за контрацепција за да се зголеми нејзината употреба. Сепак, здравствените власти тврдат дека засега нема финансиска поткрепа контрацепцијата да биде ставена на позитивната листа на лекови. Во Фондот за здравство објаснуваат дека ставањето лекови на позитивната листа веќе две години не е во нивна надлежност, туку на владини комисии. Министерот за здравство Никола Тодоров пред две години рече дека во наредните две децении можеби и треба да се размислува за такво нешто, меѓутоа, сега, кога сè уште имаме лекови што не се на позитивна листа, а се потребни, рано е за ставање на контрацептивата на позитивна листа.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG