Денеска истекува рокот, предвиден во договорот од Пржино, кога четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, треба да се договорат за дополнителните надлежности на ДИК. Комплетните промени во изборната регулатива треба да бидат донесени до 6 октомври.
Што ќе правиме со избирачкиот список, кој ќе ја има контролата, на кон начин ќе се регистрираат бирачите, тоа ќе бидат посериозните прашања. Дали ќе имаме идентификација со отпечаток од прст, дали ќе имаме регистрација од врата на врата или лично доаѓање, дали и како ќе гласа дијаспората, особено зашто во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ излезе со многу, многу поразлични ставови од другите три партии во однос на гласањето на дијаспората. ДУИ, пак, воопшто не прифаќа дијаспората да гласа, така што тоа ќе бидат посериозните прашања.Никола Дујоски, универзитетски професор.
Договорено е ДИК да биде составена од девет членови, од кои тројца ќе ги предлага власта, тројца опозицијата, а другите тројца ќе бидат независни експерти кои ќе ги именува Собранието, но има многу несогласувања околу функционирањето на комисијата.
СДСМ бара повеќестепена жалбена постапка за евентуални изборни нерегуларности, посочувајќи дека Управниот суд е партизиран, додека ВМРО-ДПМНЕ инсистира за жалбите да одлучува единствено Управниот суд. ДУИ и ДПА, пак, бараат ДИК да одлучува со Бадинтерово мнозинство.
Несогласувања има и околу другите теми поврзани со изборното законодавство кои треба да бидат договорени до 6 октомври, како што се гласањето на дијаспората и прочистувањето на избирачкиот список. СДСМ бара гласот на иселениците да вреди исто колку и на жителите на Македонија. Тоа, според нив би можело да се реши со воведување праг за избор на пратеници во дијаспората, односно минимален број гласови коишто партиите треба да ги освојат во изборните единици во дијаспората. ДУИ, пак, бара печалбарите да гласаат преку пошта или електронски во земјава, во изборна единица според местото на живеење. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, предлага, не само да остане гласањето во дијаспората, туку и да се зголеми бројот на пратеници што доаѓаат од иселениците.
Професор Никола Дујоски се сомнева дека роковите за договор ќе бидат испочитувани, но, како што вели, тоа не е најбитно, најбитно е да се постигне договор.
„Особен предизвик на работните групи ќе им биде избирачкиот список. Можеби не толку овластувањата на ДИК, колку што избирачкиот список и можноста за гласање на дијаспората. Што ќе правиме со избирачкиот список, кој ќе ја има контролата, на кон начин ќе се регистрираат бирачите, тоа ќе бидат посериозните прашања. Дали ќе имаме идентификација со отпечаток од прст, дали ќе имаме регистрација од врата на врата или лично доаѓање, дали и како ќе гласа дијаспората, особено зашто во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ излезе со многу, многу поразлични ставови од другите три партии во однос на гласањето на дијаспората. ДУИ, пак, воопшто не прифаќа дијаспората да гласа, така што тоа ќе бидат посериозните прашања“, вели Дујоски.
ДУИ се спротивставува на барањето за активна теренска регистрација на гласачите, зашто, според нив, печалбарите кои привремено работат во странство ќе го изгубеле правото на глас.