Достапни линкови

Пратенички прашања за „плацевите на Водно“


Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ го праша премиерот Груевски дали, свесен дека ќе ги изгуби изборите, ги продал плацевите на Водно. Груевски тврди дека ниту поседувал, ниту поседува такви плацеви.

Опозицискиот СДСМ ги реактуелизира „бомбите“ на денешната собраниска седница за пратенички прашања, прва во присуство на Коалицијата предводена од СДСМ, во овој собраниски состав. Во првата половина на годинава, опозицијата ја растресе политичката сцена во земјава со објавувањето на нелегално прислушувани телефонски разговори, но прекина со таа пракса со постигнувањето на политичкиот договор за излез од политичката криза.

Зошто досега не побаравте да се објави кој е вистинскиот сопственик на Сирах ДООЕЛ пред последната трансакција со познатиот бизнисмен?
Петре Шилегов, СДСМ.

Пратеникот Петре Шилегов потсети на аферата за плацевите на Водно, кои беа во сопственост на фирма од Белизе, а за кои СДСМ објави дека се всушност во сопственост на премиерот Никола Груевски. Шилегов, повикувајќи се на тековната состојба на фирмата Сирах инжинеринг, сопственик на парцелите на Водно, објаснуваше како течела продажбата на плацовите. Неколку месеци по објавувањето на аферата, компанијата Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев ја купи фирмата Сирах инжинеринг од фирмата Сирах лимитед од Белизе и со тоа стана и сопственик на парцелите на Водно. Шилегов го праша Груевски дали, свесен дека ќе ги изгуби изборите, ги продал плацевите.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Тврдите дека плацот, којшто сте го начекале за џабалак, нема никаква врска со вас. Зошто досега не побаравте да се објави кој е вистинскиот сопственик на Сирах ДООЕЛ пред последната трансакција со познатиот бизнисмен? Вие тврдите дека нема да загубите ништо ако се подели на 20 плаца. Што е тоа што сте можеле да го изгубите, потенцијална градба?, праша Шилегов.

Немам никаква поврзаност со плацовите за коишто зборува. Ниту сум бил сопственик на такви плацови, ниту сега сум сопственик на такви плацови.
Никола Груевски, македонски премиер.

Премиерот Никола Груевски рече дека прашањето и шпекулациите биле лесно предвидливи и одговори дека ниту некогаш бил, ниту сега е сопственик на спорните плацови.

„Уште еднаш сакам да повторам дека немам никаква поврзаност со плацовите за коишто зборува. Ниту сум бил сопственик на такви плацови, ниту сега сум сопственик на такви плацови“, одговори Груевски.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00
Директен линк
СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за имот на Водно 1
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:53 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:43 0:00
Директен линк
СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за имот на Водно 4
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00
Директен линк
СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за имот на Водно 5
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00
Директен линк

Аферата со плацовите на Водно ја отвори претседателот на СДСМ Зоран Заев во март годинава. Тој објави неколку нелегално снимени телефонски разговори меѓу, како што рече, премиерот Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кои според Заев докажуваат дека токму премиерот, преку фирма од Белизе, станал сопственик на парцели на Водно од 14.500 квадратни метри во вредност од 17 милиони евра.

Неколку месеци по објавувањето на аферата, компанијата Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев, ја купи фирмата „Сирах Инженеринг“, која беше сопственик на парцелите на Водно со што и тие преминаа во сопственост на Орка Холдинг. Претходен сопственик на Сирах инжинеринг беше компанијата Сирах лимитед од Белизе, држава која ги крие вистинските сопственици на капиталот. Управител на „Сирах Инженеринг“ пред продажбата на Орка Холндинг, беше Ристе Новачевски, кум на премиерот Никола Груевски од првиот брак.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG