Силното влијание на дневната политика и максималното ниво на политизацијата во мекедонското општеството, се покажува и со последните случувања околу воведувањето на новите реформи во образовниот систем во Македонија, велат експертите.
Очигледно е дека има определени вмешувања во изворно самостојните поведенија на средношколците коишто се обидуваат да внесат некои промени, односно да запрат доста негативните тенденции коишто се појавуваат во средното образование, посебно со екстерното оценување.Ненад Новковски, поранешeн министер за образование.
Ваквите ставови доаѓаат по последните поделби меѓу средношколците во Македонија. Додека оние ученици кои се дел од Средношколскиот пленум со денови протестираат против новите реформи во образованието, барајќи да се врати стариот концепт на полагање на државна матура и се против екстерното оценување, од друга страна се активираше Унијата на средношколци на Македонија, која најде заеднички јазик со Министерството за образование и наука и постигнаа договор околу новите реформи. Од Пленумот велат дека Унијата не постои, бидејќи нема активен статус од 2013 година.
Договорот меѓу Унијата и Министерството е во насока математиката да биде задолжителен предмет за матура за учениците од природно-математичките училишта, а оние од стручните училишта и оние кои ги изучуваат општествени науки, да им биде изборен предмет. За учениците, пак, од јазичните гимназии договорот е задолжителни предмети да им бидат мајчин и странски јазик.
Мислам дека тука целта е дневнополитичка, а не стратешка! Политизацијата и партизацијата стана составен дел од нашите животи, а тоа се гледа и во образованието, почнувајќи од основното образование. Наместо децентрализација, ние имаме концентрација на власта, значи централизирање во локални нивоа и дневната политика влијае на настаните.Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.
„Очигледно е дека има определени вмешувања во изворно самостојните поведенија на средношколците коишто се обидуваат да внесат некои промени, односно да запрат доста негативните тенденции коишто се појавуваат во средното образование, посебно со екстерното оценување. Клучното што мораше да се направи е да се запре со санкционирањето врз основа на екстерното оценување, како и внесувањето на тие оценки од страна на државата во резултатите на ученикот“, вели поранешниот министер за образование Ненад Новковски.
И Сулејман Рушити, кој исто така е поранешен министер и пратеник, вели дека потегот што власта го нарекува реформа на државната матура е тенденција за политизација. Тој на реформата гледа мотив за дефокусирање на јавноста и поделба на средношколците во поддржувачи на владата и на оние кои имаат право да ја бранат постоечката државна матура.
„Мислам дека тука целта е дневнополитичка, а не стратешка! Политизацијата и партизацијата стана составен дел од нашите животи, а тоа се гледа и во образованието, почнувајќи од основното образование. Наместо децентрализација, ние имаме концентрација на власта, значи централизирање во локални нивоа и дневната политика влијае на настаните, вели Рушити, додавајќи дека дека е крајно време да се почне со департизација и декриминализација на општеството.