Голем дел од младите во Македонија не го кажуваат своето мислење за прашања кои ги засегаат и за кои сметаат дека имаат право да говорат. Тие подолго време не го изразуваат и своето несогласување, а за многу општествени прашања имаат погрешни сознанија, главно поради недоследните наставните содржини, вели Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.
Сметавме дека на ваков начин би ги охрабриле младите, но и би утврдиле што е она што сметаат дека е важно да се каже во општеството.Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права.
Овие сознанија, вели Пировска, организацијата ги има од директните контакти со младите луѓе преку школите што ги организира речиси секоја година. Поради ваквата состојба, по завршувањето на 35 школа за млади и човекови права, Организацијата изработи веб магазин насловен „Има ли будни“, преку кој, како што велат, младите ќе можат да се изразуваат слободно и да изнесуваат ставови за општеството во кое живеат.
„Сметавме дека на ваков начин би ги охрабриле младите, но и би утврдиле што е она што сметаат дека е важно да се каже во општеството, пред се, кога станува збор за нивните права и за тоа колку им е овозможен простор да можат да го кажат своето мислење. Она што се случуваше со студентските протести и се уште се случува, за мене беше една од најохрабрувачките моменти, бидејќи осетив што значи кога младешкиот дух ќе го завладее просторот.“
Имавме неколку текстови во коишто беа изразени ставовите на младите за правата на студентите.Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права.
Пировска додава дека ова е вистинскиот момент кога треба да се слушнат мислењата на младите луѓе. До нив веќе стигнале повеќе текстови кои најмногу се однесуваат на правата на студентите.
„Имавме неколку текстови во коишто беа изразени ставовите на младите за правата на студентите, имавме истражување испратено од студенти од тетовскиот државен универзитет, имавме анализа на прашањето што е тоа револуционерен подем на духот. Беа третирани и правата на ЛГБТИ заедницата, односно животот на припадниците на ЛГБТИ заедницата во студентските домови, имавме текстови за дискриминација и текстови од лични искуства на средношколци за дискриминацијата во средните училишта.“
Младите имаат право да учествуваат во креирањето на политиките на државата, а државата ова право го занемарува, вели Пировска, додавајќи дека е – магазинот треба да овозможи младите да го кажат својот став и да преземат нешто за своите права.