Достапни линкови

Средношколците со последна опомена до власта


Средношколците ѝ покажаа жолт картон на владата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Средношколците ѝ покажаа жолт картон на владата

Тие протестираат за враќање на стариот концепт за полагање државна матура и екстерното тестирање да биде ставено во мирување.

Со извици „последна опомена“, неколку илјади средношколци, организирани од Средношколскиот пленум ѝ покажаа жолт картон на владата. Тие протестираат за враќање на стариот концепт за полагање државна матура и екстерното тестирање да биде ставено во мирување.

Враќање на стариот концепт на полагање државна матура, ставање во мирување на екстерното тестирање и електронското полагање на државната матура коешто беше објавено на 9 февруари оваа година да се укине, односно да се полага по стариот концепт.
Средношколски пленум.

Протестот почна пред Собранието со симболична погребна поворка за лошите реформи во образованието. Од таму продолжи пред владата и на крај пред Министерството за образование и наука.

Претставник на пленумот, кој рече дека се договориле да не се претставуваат со име и презиме поради заканите и притисоците, ги повтори нивните барања.

„Враќање на стариот концепт на полагање државна матура, ставање во мирување на екстерното тестирање и електронското полагање на државната матура коешто беше објавено на 9 февруари оваа година да се укине, односно да се полага по стариот концепт“, рече тој.

Го мразиме мирисот на партиските книшки, затоа тргнете ги вашите кампањи, не сакаме да се мешате со нас, ние сме чесни, искрени и вистинити. Пазете Шу праите

Средношколците го искористија денешниот ден на шегата, па дел од учесниците на протестот беа маскирани. Тие носеа транспаренти „Ние не сме Фанта, па да нè свртите на игра“, „Болна реформа, болна држава“, „Закони не се менуваат преку ноќ“, „Реформи без квалитет, образование без успех“, „Нема да нè маскирате во експериментални глувци“, „Не ни треба математика, слушнавме како се прави криминал“.

„Го мразиме мирисот на партиските книшки, затоа тргнете ги вашите кампањи, не сакаме да се мешате со нас, ние сме чесни, искрени и вистинити. Пазете Шу праите!“, рече еден средношколец во говорот што го одржа пред Собранието.

Министерството за образование и наука и Унијата на средношколци вчера постигнаа договор математиката да биде задолжителен предмет за матура само за гимназијалците од природно-математичките насоки. За средношколците кои ги изучуваат општествените наука и оние од стручните училишта, математиката ќе биде изборен предмет. За гимназијалците пак, коишто го одбрале јазичното подрачје, задолжителни предмети ќе бидат мајчиниот и странскиот јазик.

Средношколскиот пленум, пак, реагира дека Унијата на средношколци на Македонија не постои, односно има неактивен статус од 2013 година и оти нивните барања се поинакви.

„Ние побаравме средба со надлежните во Министерството и со министерот за образование. Четири дена по ред и дење и ноќе ѕвоневме во зградата на Министерството за да имаме средба со министерот и со сите надлежни што се за ова, не бевме повикани на средба, никој не креваше слушалка, ги баравме под дрво и под камен, не се јавија, си повикаа, да не речам, свои луѓе на средба и си направија како што тие сакаат и Министерството и средношколската унија која е неактивен претставник на средношколците“, изјави претставник на Средношколскиот пленум.

Средношколскиот пленум преку соопштение порачува дека нема да подлегне на притисоци и манипулации и оти нема да дозволи поделба на средношколците. Тие велат дека ќе продолжат со протестите сè до исполнување на нивните барања.

По протестот на средношколците, изјава пред Министерството за образование даде и претставникот на Унијата на средношколци, Ѕвонко Селев, кој рече дека дека тие се единствен легитимен претставник на средношколците и оти Средношколскиот пленум е параорганизација без легитимитет и кредибилитет.

„Нема никаква правна, ниту институционална форма, односно не се регистрирани како организација. Тоа е спонтана група која има политичка цел да ги злоупотреби средношколците, да ги направи политички инфантилни и да ги деградира“, рече Селев.

Тој рече дека нивната цел е постигната, односно математиката нема да биде задолжителна за матура.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG