Достапни линкови

Средношколците по стапките на студентите


Полагање на државна матура.
Полагање на државна матура.

Средношколците бараат менување на начинот на кој се спроведува државната матура и екстерното тестирање. Од Средношколскиот пленумот велат дека го проучуваат Законот за средно образование, по што барањата ќе ги достават до ресорното министерство. А во зависност од одговорот оттаму, велат ќе преземат дополнителни чекори, за што поддршка имаат и од родителите и наставниците.

Враќање на старата државна матура односно учениците да имаат право на избор дали ќе полагаат математика или странски јазици, како и менување на ефектот на резултатот од полагањето на екстерното тестирање врз крајната оценка на ученикот. Ова се првичните барања на Средношколкиот пленум.

Да се смени импактот на оценката од екстерното врз крајниот успех, односно да не биде како посебна оценка, туку да биде во комбинација со оценката предложена од професор, да се воспостави некој однос.
Теано Кардула, Средношколки Пленум.

Теано Кардула од Средношколкиот Пленум вели дека бараат и менување на начинот на полагање. Од Пленумот велат дека подобро е да не се одвива електронски и да биде закажно во еден термин, поради тоа што некои училишта немаа доволно компјутери и поради тоа настануваат проблеми.

Протест на средношколци во Куманово против задолжително полагање математика на матура.
Протест на средношколци во Куманово против задолжително полагање математика на матура.

„Да се смени импактот на оценката од екстерното врз крајниот успех, односно да не биде како посебна оценка, туку да биде во комбинација со оценката предложена од професор, да се воспостави некој однос. Овие барања ќе може да претрпат промени, сепак ова се првични барања. Ние на следниот генерален Пленум ќе дискутираме во однос на барањата, ќе ги формулираме, па ќе ги доставиме до Бирото за развој на образование и до Министерството.“

Тоа е нешто што не е препорачано од меѓународните организации коишто се занимаваат со прашања од образованието. Не треба да се користат овие оценки непосредно да влегуваат во конечните оценки, туку треба да бидат помошни за наставниците во формирањето на оценките.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование.

Од Пленумот велат дека детално ги проучуваат измените на Законот за средно образование, по што барањата ќе ги достават до ресорното министерство. А во зависност од одговорот оттаму, велат ќе преземат дополнителни чекори, за што поддршка имаат и од родителите и наставниците.

Средношколскиот пленумот информира дека структурата на дејствување ќе биде со интерни пленуми на ниво на средни училишта и генерален пленум на кој ќе се изгласуваат одлуките, а во кој ќе учествуваат по четири претставници од секое средно училиште.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели барањето за укинување на употребата на оценките од екстерното тестирање во конечното оценување е сосема оправдано.

„Тоа е нешто што не е препорачано од меѓународните организации коишто се занимаваат со прашања од образованието. Не треба да се користат овие оценки непосредно да влегуваат во конечните оценки, туку треба да бидат помошни за наставниците во формирањето на оценките.“

Од друга страна за барањата што се дел од матурата, е сосема поинакво вели Новковски.

„Треба да се води сметка дека овие предмети се битни за натамошното студирање и се избрани од аспект на познавањето на материјата која што е неопходна за вклучување во високото образование. Од тука во одредена форма начинот на којшто ќе се спроведува и нивото потребо за даден профил, секако можат да бидат различно, но потребно е да постои тест по математика за запишување во високо образование.“

Новковски вели дека во поглед на реформите кои се направени досега во средното образование, потребно е да се отфрлат елементите кои што се штетни како оценувањето на наставниците и внесувањето на оценките во завршните свидетелства и други погрешни чекори кои беа направени.

Тој вели дека е потребно понатамошно инвестирање во средното образование, подобрување на инфрастуктура, подобрување на хигиена, нагледни средства, опрема и наградување на наставници кои што работат на подобрување на квалитетот.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG