Студентските протести и бојкотот на опозицијата ја одбележаа 2014

Редовни претседателски и вонредни парламентарни избори, бојкот на парламентот од страна на опозицијата, неколку отворени и најавени афери и бомби, протести поради пресудите во случајот Монструм, протести на студентите и професорите поради предложените измени во Законот за високо образование, беа настаните по кои ќе ја памтиме годинава што измина.

Редовни претседателски и вонредни парламентарни избори, бојкот на парламентот од страна на опозицијата, неколку отворени и најавени афери и бомби, протести поради пресудите во случајот Монструм, протести на студентите и професорите поради предложените измени во Законот за високо образование, беа настаните по кои ќе ја памтиме годинава што измина.

Тука е во прашање многу легитимен политички став на нашата партија за избирање на претседателот на државата преку некој компромис, договор или консензуален кандидат.
Муса Џафери, ДУИ.

Изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ

Одржувањето на претседателските избори беше извесно уште од почетокот на годината, а иако владејачките партии тврдеа дека меѓу нив нема договор за истовремено одвивање и на вонредни парламентарни, сепак многумина беа убедени дека тоа ќе се случи. Претседателските избори беа закажани кон крајот на јануари, а ДУИ веднаш ја почна кампањата за својот став дека шефот на државата треба да биде добиен со консензус меѓу најголемите партии. Упатените велеа дека сето тоа што се случуваше тогаш, било смислено сценарио на партнерите во владата, што тие упорно го негираа.

„Тука е во прашање многу легитимен политички став на нашата партија за избирање на претседателот на државата преку некој компромис, договор или консензуален кандидат. Времето ќе покаже дека тоа не била никаква игра, туку дека биле легитимни, оригинални ставови на партиите, во овој случај на нашата партија за консензуален претседател на државата“, изјави вицепремиерот Муса Џафери од ДУИ.

Како никогаш досега многу единствени, вкупно гласаа 117 пратеници, од нив за предлогот на одлуката гласаа сите 117 пратеници, воздржани нема, против нема. Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието.

Сепак, епилогот беше како што се претпоставуваше. Во почетокот на март, откако ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно го отфрли предлогот на ДУИ, парламентот едногласно се самораспушти.

„Како никогаш досега многу единствени, вкупно гласаа 117 пратеници, од нив за предлогот на одлуката гласаа сите 117 пратеници, воздржани нема, против нема. Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија“, рече тогаш претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој ги закажа предвремените парламентарни избори за истиот термин кога се одржа вториот круг од претседателските.

Првиот круг, според очекувањата, го минаа кандидатите на владејачката и на опозициската коалиција, Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски.

„На 27 граѓаните ќе одговорат на уште едно прашање, ќе одговорат со уште поголема поддршка и ќе кажат што мислат за нашиот тим. Најавија што ќе се случи на 27, победа и на претседателските и на парламентарните избори“, рече претседателот Иванов.

На 27 граѓаните ќе одговорат на уште едно прашање, ќе одговорат со уште поголема поддршка и ќе кажат што мислат за нашиот тим. Најавија што ќе се случи на 27, победа и на претседателските и на парламентарните избори.
Ѓорѓе Иванов, петседател на Македонија.

„Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои вториот круг и јас имам намера до последниот ден да се борам за идеите, концептот и вредностите во кои верувам“, рече Пендаровски.

Во вториот круг резултатот беше сличен како и во првиот, актуелниот претседател Иванов го освои и вториот мандат, а ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори со освоени 61 мандати.

„Ова е огромна, силна, моќна победа. Ова е недвосмислена победа, ова е јасно изразена волја на граѓаните на Република Македонија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои вториот круг и јас имам намера до последниот ден да се борам за идеите, концептот и вредностите во кои верувам.
Стево Пендаровски, кандитат за претседател на Македонија.

Меѓутоа, така не мислеше опозицијата. Тие ја обвинија владата дека изборниот ден и предизборната кампања биле полни со нерегуларности, притисоци и користење на државните пари во партиски активности.

„Бараме и мора да се организираат избори на коишто народот ќе ја врати контролата во свои раце и ќе избере власт по сопствена волја и убедување, без притисоци, без уцени, без купување на гласачи. Без фер избори, нема демократија, без демократија нема просперитет на Македонија“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, а со слични обвинувања истапија и неколку невладини организации кои го мониторираа гласањето.

Изборите беа преполни со нерегуларности и тоа такви нерегуларности кои задираат во сржта на изборниот процес.
Џабир Дерала, Цивил.

„Изборите беа преполни со нерегуларности и тоа такви нерегуларности кои задираат во сржта на изборниот процес“, изјави Џабир Дерала од Цивил.

А и претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР истакнаа дека изборите биле ефективно спроведени и изборниот ден поминал непречено, но оти реално имало проблеми пред и по гласањето.

„Во предизборниот период не беа исполнети важни обврски кон ОБСЕ, вклучувајќи ја одвоеноста на државата и партијата, обезбедување рамноправни услови за натпревар, неутралност на медиумите, точност на избирачкиот список, можност за поплаки и исправување на неправилности преку делотворна процедура. Сево ова, за жал, фрли сенка врз изборниот ден, кој, пак, ја исполни обврската и мина во уредна и мирна атмосфера“, изјави шефот на мисијата Герд Аренс.

Во предизборниот период не беа исполнети важни обврски кон ОБСЕ, вклучувајќи ја одвоеноста на државата и партијата, обезбедување рамноправни услови за натпревар, неутралност на медиумите, точност на избирачкиот список, можност за поплаки и исправување на неправилности преку делотворна процедура.
Герд Аренс, ОБСЕ.

Опозицијата го бојкотира Собранието

Овие настани на изборите беа повод опозицијата да донесе одлука да не ги признае резултатите и да ја бојкотира работата на парламентот.

„Нема учествување во Парламент кој не ја одразува вистинската волја на граѓаните. Никој не може да влијае на овој став на опозицијата. Со овој чин се почитува одлуката донесена од органите и телата на партиите и се потврдува цврстата определеност на СДСМ и на коалиционите партнери за неприфаќање на мандатите. Оставки поднесоа сите 33 пратеници кои потпишаа на нотар дека не ги прифаќаат мандатите“, рече кон крајот на мај Заев, а таквата ситуација сè уште е актуелна.

Нема учествување во Парламент кој не ја одразува вистинската волја на граѓаните.
Зоран Заев, СДСМ.

На седница одржана неколку дена пред крајот на годината, собраниското мнозинство не успеа да обезбеди 82 гласа за одземање на мандатот на опозициските пратеници. Веднаш по изборите, опозицијата излезе со пет предлози кои треба да бидат исполнети со цел излез од политичкиот ќорсокак. Формирање техничка влада, одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите, допрецизирање на изборното законодавство и спроведување попис. Во втората половина на јуни, на средба која според многумина беше закажана под притисок на меѓународниот фактор, имаше неуспешен обид за приближување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. По кратката средба лидерите Заев и Груевски рекоа:

„Апсолутно не сум оптимист. Вие знаете дека прв приоритет е техничката влада. Можам да соопштам дека ако нема подготвеност од страна на власта за разговори за техничка влада, навистина другите точки кои и вие знаете дека се полесни точки за преговори, тогаш се беспредметни за отворање“, рече Заев.

Ако ви кажам дека сознанието, односно аферата за Македонска банка и за Актор се обична играчка во споредба со фактите со кои располага Заев, па сами судете.
Тито Петковски, НСДП.

„Разговорите течеа во една мирна и коректна атмосфера и речиси на крајот бевме договорени од следната недела да почнат со работа работни групи кои ќе ги адресираат сите прашања коишто ги засегаат двете страни, и нив и нас, меѓутоа, на неколку минути пред крајот господинот Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам дека прифаќаме формирање на техничка влада, што за мене беше изненадување. Ми личи како некој да го посоветувал на таква работа и нормално јас тоа не го прифатив“, рече Груевски.

Рочиштето за случајот „Македонска банка“.

Иста мета, исто растојание е и на почетокот од оваа година.

А втората средба меѓу овие двајца политичари беше на суд. Имено, меѓу двата круга на претседателските избори опозицијата обелодени афера во која, како што тврдеше Заев, Груевски учествувал во криминал при продажбата на Македонска банка.

„Никола Груевски лично ја продал Македонска банка АД Скопје на конроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ познат како Газда Нини. Никола Груевски ќе признаеш сам или ние да продолжиме.“

Како доказ за обвинувањата опозицијата објави и аудио снимка на која, како што тврдеа, јасно се слушаат зделките во кои учествувал и Груевски. Меѓутоа, по демантот од власта, по неколку месеци и српскиот бизнисмен Нини изјави дека не го познава Груевски и оти акциите во банката ги купил на берза. Поради тоа, Груевски го тужеше Заев за клевета, а судот донесе одлука лидерот на СДСМ да му исплати на премиерот 50 илјади евра поради претрпената душевна болка. Вториот дел на овие случаи беше почнат некаде кон крајот на летото, кога Заев најави дека поседува вистинска бомба од докази и аргументи против власта, поради кои премиерот Груевски веднаш ќе си поднесел оставка. Мистиката околу овие докази трае веќе неколку месеци, а во јавноста има многу шпекулации и нагаѓања за што станува збор.

„Ако ви кажам дека сознанието, односно аферата за Македонска банка и за Актор се обична играчка во споредба со фактите со кои располага Заев, па сами судете“, изјави неодамна лидерот на НСДП Тито Петковски во интервју за нашето радио.

Насилни протести поради „Монструм“

Друга судска одлука имаше исто така голем одек во јавноста и беше причина за големо незадоволство кај Албанците во Македонија и за неколку протести. Имено, кон крајот на јуни судот осуди шестмина обвинети на казна доживотен затвор поради убиството на пет лица во близина на Смиљковското Езеро кај Скопје во април 2012 година. Неколку дена потоа, веднаш по петочната молитва, неколку илјади Албанци излегоа на демонстрации низ улиците на Скопје, кои беа организирани со повици преку социјалните мрежи на интернет. Демонстрантите сметаа дека осудените луѓе не се виновни за петкратното убиство. Демонстрациите прераснаа во големи насилства и судири со полицијата, која употреби водени топови, солзавец и шок бомби за да ја смири толпата. Имаше доста повредени полицајци и уапсени демонстранти, кои потоа беа осудени на казни затвор до неколку години. Тоа беше нов повод за повторни протести, кои со неколку исклучоци, се случуваа секој петок во наредните 40-ина дена. Од вториот па до последниот протест, имаше организатор на собирањата со барања до владата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Судири меѓу демонстрантите и полицијата за Монструм

Со ова што се случува во Македонија бидете уверени дека им оставате лошо наследство на сите граѓани. И на Македонците. Затоа што судот во иднина можеби и против вас ќе работи со измислени докази и со заштитени сведоци.
Бедри Хајдари, брат на еден од осудените на доживотен затвор во случајот Монструм.

​„Со ова што се случува во Македонија бидете уверени дека им оставате лошо наследство на сите граѓани. И на Македонците. Затоа што судот во иднина можеби и против вас ќе работи со измислени докази и со заштитени сведоци“, изјави на еден од протестите Бедри Хајдари, брат на еден од осудените на доживотен затвор во случајот Монструм.

Средба на премиерот Никола Груевски со американскиот помошник државен секретар за eвропски и eвроазиски работи Викторија Нуланд.

Овие настани ја зовреа атмосферата во Македонија, меѓуетничките тензии опасно пораснаа, а некои тврдеа дека и посетата на американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд на земјава била поврзана со тоа.

Ние веќе долго време ја поддржуваме визијата за интегрирана Македонија. Вие имате посебни одговорности во регионот за да станете пример дека македонската и албанската заедница живеат заедно мирно и во просперитет.
Викторија Нуланд, заменик државен секретар на САД.

„Ние веќе долго време ја поддржуваме визијата за интегрирана Македонија. Вие имате посебни одговорности во регионот за да станете пример дека македонската и албанската заедница живеат заедно мирно и во просперитет. Тоа подразбира тешка работа и можности за двете страни. Многу е важна политичката и интеретничката хармонија како и напредокот на двете заедници заедно“, рече Нуланд за време на посетата во јули.

Протести на хонорарците и на студентите и професорите

Следното поголемо собирање на граѓани се случи на 17 ноември, кога беше одржан студентски марш во знак на протест поради најавениот пакет измени на Законот за високо образование, а особено поради планот на владата за воведување екстерно тестирање, кое подоцна еволуираше во државен испит за сите студенти. Откако владата го игнорираше ставот на студентите, беа одржани уште неколку протести на кои беше изразен револтот од законските измени.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Студентите со масовно НЕ за владиниот државен испит

„Ни го ускратуваат правото на избор на начин на студирање. Со тоа што се оценува нашето знаење надвор од универзитетските рамки ја уриваат автономијата на Универзитетот како високообразовна институција. Нашиот глас останува неслушнат, нè игнорираат како дел од академската заедница, нè игнорираат како дел од општеството, нè игнорираат како граѓани на Република Македонија“, рече претставничка на Студентскиот пленум, неформална група која ги организираше протестите.

Нашиот глас останува неслушнат, нè игнорираат како дел од академската заедница, нè игнорираат како дел од општеството, нè игнорираат како граѓани на Република Македонија.
Изјава на претставничка на Студентскиот пленум.

Незадоволство од политиките на владата изразија и луѓето кои работат хонорарно, поради законот според кој од 1 јануари сите хонорарци ќе ги плаќаат придонесите кон државата како и редовно вработените.

„Нивното тврдење е дека ова е социјална мерка која ќе ги згрижи они кои се најзагрозени и најранливи категории, спротивно на нивното тврдење оваа мерка ќе ги повреди најзагрозените работници“, рече Дејан Лутовски од левичарското движење Ленка.

Протест против новите давачки за хонорарците

Застој во евроинтеграциите

Каде е Македонија на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО. Обично одговорот на ова прашање ни го даваат во Брисел во некоја среда во октомври. Така беше и годинава. Еврокомесарот за проширување, кој тогаш беше во заминување, Штефан Филе изјави дека Македонија бележи застој во евроинтегративниот процес и мал напредок во изминатата година. Веста дека земјава по шести пат доби препорака за почеток на преговори за членство во Европската унија мина во сенка на критичниот тон на извештајот за напредокот.

Процесот за пристапување во ЕУ со Македонија е во ќор-сокак. Потребни се активности за да се надминат назадувањата.
Штефан Филе, ЕУ,

„Процесот за пристапување во ЕУ со Македонија е во ќор-сокак. Потребни се активности за да се надминат назадувањата. Важна е слободата на изразување на медиумите и независноста на судството, постои и итна потреба да се преговара за заеднички прифатливо решение за прашањето за името, а власта и опозицијата треба да преземат чекори за да се врати политичкиот дијалог во Собранието“, рече Филе.

И евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав изрази жалење за малиот напредок и ги посочи сериозните забелешки во неколку конкретни области.

Сè поголемата политизација на државните институции, контрола на владата врз медиумите, исто така и во контекст на изборите, слобода на изразувањето, ситуацијата во врска со тоа и натаму се влошува, постои политичка криза.
Аиво орав, ЕУ.

„Сè поголемата политизација на државните институции, контрола на владата врз медиумите, исто така и во контекст на изборите, слобода на изразувањето, ситуацијата во врска со тоа и натаму се влошува, постои политичка криза, интересите на партиите сè повеќе ги надминуваат интересите на државата, независноста на судството и борбата против корупцијата“, рече Орав.

Проблемот со името, што го спомна Филе и натаму останува каде што си беше, во фолдерот на нерешени прашања. Медијаторот на ОН во спорот меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, кон крајот на јули ги посети двете земји, а за време на престојот во Скопје изјави дека не донел и не слушнал нов предлог за името и уште еднаш истакна оти мандатот на мисијата на ОН е јасен, не се преговара за идентитетот на народот, туку за името на државата.

„Кога разговараме со Грците, разговараме за името на државата и мислам дека двете страни го знаеме тоа. Очигледно е дека има и други прашања во умовите на луѓето во текот на овој процес кој се одвива многу години, меѓутоа суштината на разговорите е името на државата“, рече Нимиц.

Листерија и лажна тревога за ебола

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Лажна тревога - Нема ебола во Македонија

Раатот на македонските граѓани два пати беше нарушен и со објавите на здравствените власти за појава на опасни болести. Во јули беше соопштено дека бактеријата листерија предизвикала неколку смртни случаи, а во октомври оти еден британски државјанин починал од симптоми слични на опасната заразна болест ебола. Во првиот случај неколку пати имаше различни толкувања на состојбата од страна на надлежните државни институции, што предизвика дополнителна паника и конфузија кај населението, а во вториот за два дена беше соопштено дека станува збор за лажна тревога и оти Британецот не починал од ебола. За обата случаја кружеа шпекулации дека намерно се одвлекува вниманието на луѓето од реалните проблеми, и тоа во јули од протестите за пресудите од Монструм, а во октомври од негативните забелешки во извештајот на Европската комисија.