Дебар со превентивни мерки против сексуална злоупотреба на деца

Од институциите се евидентирани 4 случаи на сексуална злоупотреба на малолетници, но се верува дека таа бројка е поголема, бидејќи во помали средини оваа злодело често се премолчува. Во центарот за Социјални работи во Дебар има посебна екипа која го третира проблемот.
Проблемот со сексуалната злоупотреба на децата е актуелен и во општина Дебар. Во последно време од институциите се евидентирани 4 случаи на сексуална злоупотреба на малолетници, но се верува дека таа бројка е поголема, бидејќи во помали средини оваа злодело, поради последниците кон личноста или семејството на оштетениот, често се премолчува. Во центарот за Социјални работи во Дебар има посебна екипа која го третира проблемот.
Со тие 4 деца Центарот како институција работеше во делот на психо-социјалната заштита и третман на жртвите.
Исмаил Мерсимовски, социјален работник.


„Со тие 4 деца Центарот како институција работеше во делот на психо-социјалната заштита и третман на жртвите. Сметаме дека таа бројка е објективна, бидејќи е евидентирана како таква од институциите“, вели социјалниот работник Исмаил Мерсимовски.

Според него во врска со превентивните мерки против педофилијата расте и соработката со другите институции.


„Со оглед на фактот дека сексуалната злоупотреба е кршење на основните права на децата, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Републичкиот завод за социјални дејности на ниво на општина Дебар формиравме Општински центар за социјални услуги кој презема превентивни активности во делот за заштита на учениците од сексуалната злоупотреба“, вели Мерсимовски.
Најчесто едукацијата се врши во предметот животни вештини, но и во одделенските часови. Таму се говори во детали околу проблемот, но и генерално за сексуалното воспитување.
Берзат Османовски, заменик директор на дебарското училиште Братство-Единство.


Во сите три основни училишта во општината се преземаат превентивни мерки за едукација на учениците во однос на распознавањето на лицата кои се склони кон сексуалната злоупотреба на децата. Тие сега знаат повеќе информации за педофилијата.

„Во нашето основно училиште Братство-Единство, околу проблемот со сексуалната злоупотреба на децата се преземаат низа активности. Најчесто едукацијата се врши во предметот животни вештини, но и во одделенските часови. Таму се говори во детали околу проблемот, но и генерално за сексуалното воспитување. Нашето училиште има и многу добра соработка со Центарот за социјални работи кога е во прашање наведениот проблем“, истакнува заменик директорот во најголемото дебарско основно училиште , Берзат Османовски .

Инаку во новоотворениот Центар за социјални услуги при локалната власт во Дебар велат дека ќе следат додатни активности во однос на едукацијата и на родителите на децата во училиштата околу превентивните мерки за сузбивање на сексуалната злоупотреба на децата.