Достапни линкови

Здружени во борба против педофилија


Зоран Илиоски, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.
Зоран Илиоски, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Никакво насилство врз де­ца­та, нај­мал­ку сек­су­ал­но­то, не мо­же и не смее да се оп­равда! Во последниот случај со демиркапискиот просветен педофил се вели дека некои дури и знаеле дека тој во минатото бил фатен во слично дело и дека го сменил идентитетот, но за таквите зборувања никој сериозно не се заинтересирал, ниту пак се зафатил да испита дали се вистинити кажувањата или се само измислици кои немаат покритие. Пишува за РСЕ Зоран Илиоски, директор на коалицијата на младински организации „Сега“.

Згрозен од чинот, директор на училиште сексуално да злоупотребува малолетни деца, за поголеми оценки и за пари, се прашувам каде води сето ова, кога потајно ниту во професорите, просветни работници, не можеме да веруваме?! И, категоричен сум, колку тоа да изгледа сурово, нема компромис со злосторниците, кога станува збор особено за насилството врз децата, нема прошка за просветен работник кој треба да ги воспитува, внимава и да им помага на моето, твоето, на сите деца, а не да ги злоставува, зашто тие се ран­ли­ви и за­вис­ни од воз­рас­ни­те и тоа не треба да се искористува, посебно не сексуално да се злоупотребуа. Никакво насилство врз де­ца­та, нај­мал­ку сек­су­ал­но­то, не мо­же и не смее да се оп­рав­да!
Никакво насилство врз де­ца­та, нај­мал­ку сек­су­ал­но­то, не мо­же и не смее да се оп­рав­да!


Случајот со професорот педофил ме стави во размислување дали промовирањето на правата на децата преку проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на деца во Р.Македонија„ што како Коалиција на младински организации го спроведуваме неколку години по ред, преку кои што работиме на воведување на институцијата “дете правобранител“ за заштита на детските права во училиштата, е потег кој може да придонесе и во спречувањето на вакви монструозни случувања во образовниот систем?! Колку ние како граѓански сектор преку „јавното говорење“ и барања за примена на детските права успеваме да придонесеме да се спречат ваквите девијантни појави? Дали преку борбата за донесување на механизми за заштита на детските права како граѓански сектор можеме да му помогнеме на детето против сексуалната злоупотреба да зборува отворено, да препознава и да допира неговиот збор до надлежните училишни служби? Дали е потребно покрај поттикнување на институциите во спроведување на политиката за почитување на детските права, и ние како граѓански сектор, здружено, треба повеќе да се ангажираме токму во таа едукација на учениците – малолетници за детектирање и спре­чу­ва­ње на сексуалната злоупотреба на децата во училиштата?! Можеме ли?!

Иако, сега од оваа инстанца ,сметам дека не потребна едукација само на децата, исто толку им e неопходна и на образовниот професионален кадар кој во иднина поактивно треба да се вклучи во препознавање и пријавување на случаите на насилство, во своите редови, со оглед на фактот што покрај родителите, тие се следни кои се во постојан контакт со децата и можат да ги забележат промените во детското однесување и функционирање.

Во последниот случај со демиркапискиот просветен – педофил се вели дека некои дури и знаеле дека тој во минатото бил фатен во слично дело и дека го сменил идентитетот, но за таквите зборувања никој сериозно не се заинтересирал, ниту пак се зафатил да испита дали се вистинити кажувањата или се само измислици кои немаат покритие. Па луѓе мои, сметам дека треба да се земат на одговорност и оние кои го прикривале таквиот демонски лик.

Има една народна поговорка која вели „кај што има чад, има и оган!„. Но, за нас чадот се чини е занемарлив. Ние забележуваме само кога огнот ќе се распламти, кога штетата ќе се направи и кога фиданките ќе изгорат, кога ќе паднат невини лица, изгорени од огнот, во овој случај кога ќе се повредат детските емоции, кога детето ќе остане жигосано, со доживотни психички трауми. Наместо да превенираме - реагираме кога нештото ќе се случи, доцна ненавремено и неблагодарно!

Случаите со педофилија во Македонија ја издигнаа на површина оваа девијантна појава која сигурно постоела и во минато, само што не се зборувало за неа зашто била третирана како срамна, табу тема за споделување со јавноста. Сега, кога отворено се говори за неа, кога се бара педофилите да се казнат и да кастрираат , да се осудуваат со најголеми затворски казни, кога јавно се обелоденуваат нивните имиња на интернет сајтовите, барем сме чекор напред во борбата против злосторниците на детски невини души и имаме поголеми шанси да им помогнеме на децата „да не станат жртви“ на насилни возрасни.

Она што е важно и кое сакам да го нагласам е тоа дека децата имаат право да живеат во безбедна и заштитничка околина, бидејќи од тоа зависи нивниот понатамошен развој и затоа што тие се семе на нашата иднина.

Во интерес на нивна заштита, да се здружиме, и тоа нека биде наш предизвик и придонес како граѓански сектор, да се избориме за заштита на правата на децата и младите и заедно да застанеме против педофилијата, за да ја спречиме оваа девијантна појава која сериозно се заканува да ги повреди животите на најмалите градители на нашето општество.
XS
SM
MD
LG