Проектот „Меѓукултурниот дијалог меѓу младите во Македонија“ е проверен двигател и патоказ за соживот, кој го спроведуваме неколку години во градовите: Охрид, Скопје, Гостивар, Куманово, Дебар, Тетово, Кичево и Струга, каде етничките разлики се забележителни. Резултатите говорат дека младите луѓе во Р. Македонија се согласни за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско, културно и национално почитување! Тие имаат исти интереси,се зближуваат преку поезијата, музиката, заеднички ноќен живот,маскенбали, спортски натпревари...
Но, се чини дека секогаш кога младинските организации се во обид да стават „примирје“ меѓу младите со различен етникум, прсти замешува политиката, која како чума со големи димензии и апетити, веднаш ги „обвива“ младите, па ни се случуваа, и ни се случуваат инцидентите како оние во Струга и струшко, заради маската на Вевчанскиот карневал, кавги меѓу младите на Калето минатата година, низата инциденти во училиштата во Струга и Охрид, Велес и Скопје, кога згаснаа животите на неколку млади луѓе, како и неодамна неколкуте инциденти во јавниот скопски превоз , кој почнуваат најпрво со вербална и се завршува со физичка пресметка.
Во 2009 година медиумите пишуваа „Масовна тепачка во Струшкиот училишен центар. Во заедничкиот двор на училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ се судрија шеесетина ученици Албанци и Македонци, а тројца се повредени“.
(Март 27, 2009) Масовна тепачка во Струшкиот училишен центар. Во заедничкиот двор на училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ се судрија шеесетина ученици Албанци и Македонци, а тројца се повредени. Тепачката, во која биле користени и тупаници и метални прачки, се случила меѓу учениците Македонци и Албанци од два класа за време на размена на смените.
(Велес) Петнаесет кривични пријави за тепачките ,,заработија" средношколци од Велес. Насилството меѓу младите ,,аларм" за потребата од подлабока анализа и мерки за работа со младината - пишуваше радио слободна Европа.
Овие и слични настани, говорат дека политичкиот барометар за меѓуетничката добра клима во Македонија е нарушен, како резултат на одредени политички интереси, но и како резултат на институциите на системот кои треба да спроведат поригорозни мерки кон насилниците и потикнувачите. Несомнено тука е и семејството, “виновник“ број еден, кое во трката за егзистенција заборава на воспитниот елемент на своите деца. Носејќи ги конфликтните проблеми дома, семејството само ја „вжештува“ климата околу младиот човек. И, веднаш пропаѓа мостот кој го градел граѓанскиот сектор, цигла по цигла, за Меѓукултурниот дијалог меѓу младите во Македонија, за мир, толеранција и соживот.
Доколку погледнеме во изминативе десетина години колку напори вложуваат невладините организации во активности со кои чекор по чекор ги доближуваат младите од различни етнички заедници ќе видиме дека илјадници млади заедно се дружеле и ги сознавале вредностите и традициите на своите врсници од другата националност, и со тоа ги надминале предрасудите и стереотипите кои возрасните им ги сервираат. Наспроти тоа потребно само малку да проговорат политичарите за да се што било градено да пропадне преку ноќ. Се исплаќа ли влогот на политичарите што ќе спечалат неколку илјади гласови на избори со кои можеби ќе ја освојат власта. Но и да е така, важно ли е да владеат во држава каде нема соживот, нема почит и разбирање помеѓу граѓаните со кои треба да живеат секој нов ден? Треба ли да ги поделиме младите на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми и да ја разгориме омразата помеѓу нив.....? Најлесно да се разгори омразата кај оние кои штотуку стапнале во реалниот живот кога треба да се изборат за својата иднина. Ним треба некој да им го покаже вистинскиот пат каде сите треба меѓусебно да се помагаат и почитуваат.
Работејќи на меѓукултурниот дијалог една приказна која ми раскажа еден пријател кога Коалицијата на младински организации СЕГА работеше на проектот „Меѓукултурен дијалог помеѓу младите . „Едно момче, средношколец, по националност Македонец физички се пресмета со својот врсник, етнички Албанец, поради национална и верска нетрпеливост“. Проблемот стигна до полицијата, а случајот се реши, без голема помпезност на медиумите и судска разврска. Мирно, културно, во духот на меѓучовечкото разбирање, родителите и од двете семејства не поднесоа кривична пријава, а случајот заврши во омилениот бар, каде едното момче Македонец го почести својот нов пријател. До ден денес се пријатели!“- Звучи како бајка, но настанот не е измислен.
Оваа сторија ми остави и впечаток, и ми в гради верба во соживот на овие простори. Соживот ќе има, ако големите престанат да се мешаат во работите на малите, ако развратната политика би останала во кругот на возрасните без да се инволвираат најранливите - младите. За нив да ја оставиме едукацијата, толеранцијата, другарството, зашто само така ќе успеат низа пријателствата од различна вера ,нација и култура ,и веројатноста да се сопре насилството меѓу младите е поголема - систематски и темелно, не нападно и ексцесно!
Верувам во демократијата, ги следам силните програми на политичките партии кои ветуваат подобра иднина за своите млади, но исто така сакам да верувам дека политичарите имаат и други стратегии за да ги подобрат разбирањата на својот гласачки електорат дека имаме само една татковина во која живеат повеќе националности и дека само взаемно можеме да ја подобриме социјалната и економската состојба и да бидеме дел од останатите држави кои се дел од големото европско семејство.
Работејќи на проектот за меѓукултурниот дијалог помеѓу младите, го промени мојот поглед кон младите во Македонија од различна националност, начинот на мислење за нивната потреба од мир и соживот ,и што е најважно научив и јас како да гледам во арената на меѓуетнички односи и да ја користам толеранцијата. Можеби и Вие кога ќе ја прочитате оваа приказна ќе дојдете до исто сознание?!

Политичкиот барометар за меѓуетничката добра клима во Македонија е нарушен, како резултат на одредени политички интереси, но и како резултат на институциите на системот кои треба да спроведат поригорозни мерки кон насилниците и потикнувачите.