Достапни линкови

Активист значи да си човек


Активист во студентското движење „Слободен Индекс“, Радмила Ванковска
Активист во студентското движење „Слободен Индекс“, Радмила Ванковска

Еј! Луѓе! Па јас ја гледам големата слика! Јас сум парче хартивче, дел од големата сложувалка, јас сум мало алче во синџирот на човештината! Зарем сите да попуштиме и да се скриеме во розевите ѕидови, зарем да градиме нови домови за нашата самотија, кога првиот дом што го имаме се распаѓа?, пишува за РСЕ Радмила Ванковска од движењето Слободен Индекс.

Што значи да се биде активист!?

Пред се, ќе ме сфатат оние кои уште како деца реагирале на неправди и злочин. Оние кои не го сфаќале однесувањето на авторитетите, не го прифаќале страдањето на послабите. Се бунеле на секоја иритирачка ситница на родителот, наставникот, потоа професорот, вртење грб на другарот во друштвото, исмејување на несличниот на останатите, неправедно оценување во фактичките и фиктивните случаи, предавство, лицемерие и користољубие.
Се плашев дека сум изрод кој се оштри на падот на државата, екологијата, младоста, ентузијазмот. Сама сум? Само јас ли се лутам на искршените школски клупи, најлоните наместо прозори во распаднатите студентски домови, ќесите во езерото и безличноста на луѓето? Прашајте ме на што најубаво се сеќавам кога ќе се сетам на предавањата на факултет. На промајата во предавална!

Во вакво фригидно општество, вистинските човечки вредности се умртвени. Еден мој професор тоа го опиша вака – „ако сакаш да убиеш човек, можеш да му рокнеш нож в срце и да го залепиш од болка, но неговото мртво тело ништо нема да ти значи. А ако го боцнеш со игла, тој ќе почувствува нешто како убод од комарец, па ќе го поврзеш со отровната инфузија и нема ни да ги почувствува капките отров што го парализираат, па ќе си играш со него, ќе манипулираш со неговата душа и тело, ќе го исцрпиш тотално и ќе го исфрлиш кога нема да ти е потребен повеќе.“ Тоа се случи со луѓето тука – мртви се без да се свесни за тоа. Претепани, не реагираат на шамарите, секојдневно, што ги добиваат од системот и државата.

Ќе ме сфатите најлесно вие кои уште како деца бевте лути на глувоста и слепоста на останатите. Вие – кои отсекогаш бевте трн во очите на големите луѓе и чудни и по малку смешни во очите на блиските.
Колку пати ви велеле – замарајте се со себе, колективните проблеми не се интимни и не сте зачин за секоја чорба.
Истите тие, не ви кажале ли дека да се биде студент не значи само да се положи испитот по секоја цена? Ни да се пие постојано по парковите, студентските домови и становите? Ни да се помине викендот на евтините студентски забави? Претпоставувам, кога сте го зеле в рака индексот за прв пат, не ви кажале дека црвената книшка е и најсилно оружје против едноумието. Со тие страници ни е дадено и време! Да се биде добар ученик, а не само добар студент, значи човек да е способен сам да го оцени наученото, да создава и пресоздава, да викне и кога рекле – молчи!
Да си активист значи да си жнеач чии плодови, иако можеби подоцна, но еден ден со сигурност, ќе изникнат над асфалтираните полиња на градот. Да си активист значи да си дел од една фамилија чии деца се големите соништа. Да си активист значи да имаш силни две раце кои тие соништа ги остваруваат.


Еј! Луѓе! Па јас ја гледам големата слика! Јас сум парче хартивче, дел од големата слагалица, јас сум мало алче во синџирот на човештината! Зарем сите да попуштиме и да се скриеме во розеви ѕидови, зарем да градиме нови домови за нашата самотија кога првиот д. ом што го имаме се распаѓа? Бродот тоне, не сме глувци да го бараме сувото!

Се плашев дека сум изрод кој се оштри на падот на државата, екологијата, младоста, ентузијазмот. Сама сум? Само јас ли се лутам на искршените школски клупи, најлоните наместо прозори во распаднатите студентски домови, ќесите во езерото и безличноста на луѓето? Прашајте ме на што најубаво се сеќавам кога ќе се сетам на предавањата на факултет. На промајата во предавална!
И на таа од лошите прозори, но и на таа од хаотичоста во мисливе од молкот на “попувањата” на авторитетните и авторитарните.
Се’ што знаев беше – не им се давам ни ним.

И сега, само јас ли сум фрлена на потсмев со моите идеи, вербално напаѓана од моите кога ми велат “фати се за себе и гледај си го патот”, со врзани раце да помогнам бар малку, бар најмалку овој свет да се обои над сивилото што не голтнало сите?

Идејата не спојува. Рацин рече – „та не сме саде ние, та не сме саде тука”!
Не постои ништо подобро од моментот кога ќе те спои животот со прекрасни луѓе кои го делат истиот дух како тебе. На многу начини различни, но суштински исти, се надополнувате, се охрабрувате, се радувате и тажите на успесите и падовите во борбата против зомбизмот кај луѓето. Да, неретко губите верба во себе си и во она што го работите. Често немате разбирање од околината, немате пари и средства за да го остварите зацртаното, немате отворени врати и едноставно посакувате да кренете раце од се’ и да продолжете сами. Тие ќе се тука да ви ја вратат вербата и да ви го удрат потребниот шамар кога заспивате со останатиот свет. Ќе ве потсетат дека ништо што е искрено и посакувано од срце не е залудно.
Да си активист значи да си човек. Да си активист значи да си стегнатата алка во човековиот синџир. Да си активист значи да си жнеач чии плодови, иако можеби подоцна, но еден ден со сигурност, ќе изникнат над асфалтираните полиња на градот. Да си активист значи да си дел од една фамилија чии деца се големите соништа. Да си активист значи да имаш силни две раце кои тие соништа ги остваруваат.

Што значи да си активист најдобро ќе ме сфатат оние кои веќе си го пронашле местото на фронтот. Другите ќе сфатат кога ќе ја откорнат отровната игла од вената и ќе излезат од розевите ѕидови.
Ние сме деца на светот.
Еден свет – една борба!

Радмила Ванкоска студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ отсек
Македонски јазик и литература и активист во студентското движење „Слободен Индекс“
XS
SM
MD
LG