Станува збор за волонтерски организации кои функционираат на следниов начин: Активист се приклучува на интернет форум и се претставува како малолетник. Доколку возрасен соговорник изрази интерес и сугерира несоодветен контакт, тој добива субтилно предупредување дека разговара со малолетно лице. Доколку се игнорираат предупредувањата, се договара средба. Наместо дете, на средбата се појавува група силни мажи со видео камера, по што „заводникот“ станува интернет ѕвезда, имено се прогласува за педофил.
Една од организациите кои продуцираат вакви видео клипови е руската дури.нет, група 15 активисти во Москва чии постапки ги копираат многу младински организации низ цела Русија.
Членот на основачкиот одбор, 30 годипниот Данил Шаманов воедно работи и како портпарол на организацијата
„Ние ја направивме шемата. Демонстриравме како се фаќаат луѓе со помош на социјалните мрежи. Штом ќе ги погледнете видео снимките, се` ви станува јасно. Многумина не го користат ова оружје“. Вели Шаманов.
Дури.нет е формирана во 2009 година и оригиналната мисија беше следење на дилери на дрога на московските метро станици. Активистите ги посипуваа дилерите со боја, по што снимените видеа од нападите ги споделуваа на светската мрежа. Шаманов вели дека идеата настанала откако негов пријател починал од конзумација на опојната дрога „крокодил“.
„После погребот одлучивме дека треба да има одмазда. Не сакавме да им кршиме глави на криминалците. Во ред, понекогаш и тоа го правевме, но не сакавме да одиме во затвор“.
Организацијата ја проширила мисијата кон оцрнување на педофили. Активистите велат дека споделуваат информации со полицијата и дека помогнале во решавање на 30 кривични случаи.
Активностите на оваа и слични групи се насочени кон заштита на децата на интернет, но од друга страна, не изостануваат ни критиките. Полицијата, на пример, ги опишува постапките на ваквите групи како хулиганство. Омбдусманот за заштита на децките права при Кремљ вели дека од една страна луѓето имаат право на самозаштита но посочи дека се поистоветува со методите на полицијата за апсење на осомничените.
Шефот на младинската безбедносна слубжа Леонид Армер вели дека недостигот на полициски надзор е вознемирувачки.
„Граѓанските активности се претвораат во нешто полукриминално и тоа е многу непријатно. Во Санкт Петерсбург заклучивме дека нема многу поволности од оцрнувањето преку интернет видеа и дека треба да се превземат посериозни активности. Ние изработивме методологија за општините кои сериозно сакаат да се справат со ваквитре проблеми. Првата препорака е да се зајакне соработката со безбедносните сили.“ вели првиот човек на организацијата која веќе една деценија работи со жртви на педофилија и домашно насилство.
Критичарите велат дека без надзор, не може да се контролира агресивноста на интернет одмазниците. На пример, активисти на една од ваквите организации врзаа осомничен дилер на дрога за ограда, го посипаа со боја и го запалија неговиот автомобил.
Во дел од видеата се забележуваат и инстанци на хомофобиjа а не изостануваат ни примери на отворено глорификување на насилството.
Една од организациите кои продуцираат вакви видео клипови е руската дури.нет, група 15 активисти во Москва чии постапки ги копираат многу младински организации низ цела Русија.
Членот на основачкиот одбор, 30 годипниот Данил Шаманов воедно работи и како портпарол на организацијата
„Ние ја направивме шемата. Демонстриравме како се фаќаат луѓе со помош на социјалните мрежи. Штом ќе ги погледнете видео снимките, се` ви станува јасно. Многумина не го користат ова оружје“. Вели Шаманов.
Дури.нет е формирана во 2009 година и оригиналната мисија беше следење на дилери на дрога на московските метро станици. Активистите ги посипуваа дилерите со боја, по што снимените видеа од нападите ги споделуваа на светската мрежа. Шаманов вели дека идеата настанала откако негов пријател починал од конзумација на опојната дрога „крокодил“.
„После погребот одлучивме дека треба да има одмазда. Не сакавме да им кршиме глави на криминалците. Во ред, понекогаш и тоа го правевме, но не сакавме да одиме во затвор“.
Организацијата ја проширила мисијата кон оцрнување на педофили. Активистите велат дека споделуваат информации со полицијата и дека помогнале во решавање на 30 кривични случаи.
Во Санкт Петерсбург заклучивме дека нема многу поволности од оцрнувањето преку интернетЛеонид Армер, Младинска Безбедносна Служба