Достапни линкови

Дали да има јавна објава на педофилите?


Официјален регистар на педофили во Македонија.
Официјален регистар на педофили во Македонија.

Деновиве неколку случаи на педофилија ја нагласија дебатата дали воведениот регистар на педофили да биде од јавен карактер и како општеството најефикасно да се справи со оваа опасна девијација. Се предлагаат хемиска кастрација и следење со електронски алки на веќе познатите сторители на ова дело.

И покрај воведуавање на Регистарот за педофили и дебатата за потребата дали да биде од јавен карактер или не, како и залагањето за двојно зголемување на казните, бројот на случаи на педофилија се зголемува. По последниот случај во Кочани пред само неколку дена, деновиве пристигна нова пријава од штипската полиција. Осумгодишно девојче од Штип е жртва на 49 - годишен педофил.

Тоа да биде хемиска кастрација со давање на медикаментна терапија, кадешто педофилот ќе се јавува на секои три месеци кај лекарот за да се контролира нагонот и либидото и полицијата да има активна улога во нивно следење со носење на електронски алки за да се отстрани можноста да се повтори делото.
Драги Змијанац, Меѓаши.

Меѓаши како прва детска амбасда предлга доколку се утврди дека нема сигурен третман за педофилот по излегување од затвор тој да биде објавен во централниот регистар за институциите да имаат увид, а граѓаните да се заштитат. Меѓутоа Меѓаши се залага и за дополнителни мерки.
Повторно имавме случаи за кои некој тврдат дека од политички или од некои други причини да му накалемат на некого дека е педофил и многу е веројатно дека на овој начин нема да го решиме проблемот, туку се потребни други мерки, а тоа се пред се воспитание,
Нелко Стојановски, професор.

„Тоа да биде хемиска кастрација со давање на медикаментна терапија, кадешто педофилот ќе се јавува на секои три месеци кај лекарот за да се контролира нагонот и либидото и полицијата да има активна улога во нивно следење со носење на електронски алки за да се отстрани можноста да се повтори делото“, вели Драги Змијанац.

Големи дилеми отвори неодамнешната одлука на Уставниот суд да поведе постапка за три члена бидејќи смета дека со објавувањето на имињата на педофилите во Регистарот за педофили се нарушувале човековите права и се навлегува во нивниот личен и семеен живот. Иницијативата е поднесена од петмина осудени педофили. Во регистрот досега има податоци за 125 осудени педофили.

Професор Нелко Стојановски смета дека со Регистарот, проблемот на педофилија не се решава.

„Поготово што повторно имавме случаи за кои некој тврдат дека од политички или од некои други причини да му накалемат на некого дека е педофил и многу е веројатно дека на овој начин нема да го решиме проблемот, туку се потребни други мерки, а тоа се пред се воспитание, но еден број секојпат ќе остане, колку и да пишувате тие остануваат ризична група.“

Министерството за труд и социјална политика го воведе регистарот за да може родителите да се информираат дали во нивна близина живее педофил да ги заштитатат своите деца зошто најчесто овие луѓе повторно напаѓаат деца.

„Ние се согласуваме дека треба да биде, но под одредени околности и услови, кадешто ќе се стави насока на заштита на детето-жртва, а не на интегритетот и личноста на педофилот“, вели Змијанац.

Триесет и двајца педофили биле приведени минатата година , а годинава само во првите три месеци за истото дело приведени единаесет лица.Ова се податоци на полицијата но според упатените во оваа проблематика бројот на неоткриените случаи бил многу поголем.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG