Достапни линкови

Украина негира проблем со расизмот


Украина ги обвини британските медиуми дека водат кампања за дискредитирање на нивната земја пред Европското првенство во фудбал, кое ќе се игра во Украина и во Полска. Имено, Би Би Си емитуваше емисија за расистичките испади на стадиони во Украина, а поранешниот англиски репрезентативец Сол Кемпел ги повика англиските навивачи да не одат на ЕП 2012-та поради расизмот. Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Волошин изјави дека некои земји членки на Европската Унија имаат многу поголеми проблеми со расизмот отколку Украина. Тој додаде дека Украина можеби заслужува критики за многу други работи, но не и за расизам.
Украина го возврати ударот со апел до украинците да ги пазат своите деца за време на ЕП 2012, бидејки, меѓу посетителите од странство ќе имало и педофили.
XS
SM
MD
LG