Достапни линкови

Зголемен број пријави за сексуална злоупотреба на деца


28 деца од почетокот на годината биле жртви на сексуална злоупотреба, односно за толку центрите за социјални грижи повеле постапка. За споредба, за цела 2011, за сексуална злоупотреба на деца и педофилија биле поведени 13 постапки.

Зголемен е бројот на пријави на деца кои биле жртви на сексуална злоупотреба или обид за сексуална злоупотреба. Само во теков на годинава центрите за социјална работа постапиле по 28 пријави за педофилија, додека во текот на минатата година биле заведени 13 пријави. Расте бројот и на сексуалното злоупотребување на деца од страна на нивни врсници, при што се евидентирани 29 случаи од кои 13 девојчиња и 16 момчиња. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски смета дека причината за зголемениот број на пријави за сексуална злоупотреба на деца е подигнувањето на свеста кај граѓаните за овој проблем.
Јасно е дека, како што ќе се зголемува свеста кај децата и кај нивните семејства, очекуваме се повеќе да се зголемува бројот на постапувања и пријави затоа што факт е дека и во изминатиот период постеле истите злоупотреби, но поради страв, срам или други причини не биле пријавувани.
Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.

„Статистиката е негативна во смисла на зголемување на бројот на постапувањата, но јасно е дека, како што ќе се зголемува свеста кај децата и кај нивните семејства, очекуваме се повеќе да се зголемува бројот на постапувања и пријави затоа што факт е дека и во изминатиот период постеле истите злоупотреби, но поради страв, срам или други причини не биле пријавувани.“
Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски и шефот на Канцеларијата на СЗО во Скопје Марија Кишман.
Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски и шефот на Канцеларијата на СЗО во Скопје Марија Кишман.

​Шефот на канцалеријата на Светската здравствена организација Марија Кишман вели дека при спроведувањето на истражувањето откриле дека во најголем број случаи жртвата го познава извршителот или пак тој е близок пријател на семејството во кој има доверба.
И тоа е најстрашната бројка. Кај девојчињата, во 62 отсто од случаите второто е лице кое не живее во домот, меѓутоа е блиско со семејството. Додека кај момчињата, најголемиот број од нив сексуалната злоупотреба ја доживуваат од лице кое е блиску до нив, но не живее во домот или е непознато.
д-р Марија Кишман, шеф на канцалеријата на Светската здравствена организација во Македонија.

„И тоа е најстрашната бројка. Кај девојчињата, во 62 отсто од случаите второто е лице кое не живее во домот, меѓутоа е блиско со семејството. Додека кај момчињата, најголемиот број од нив сексуалната злоупотреба ја доживуваат од лице кое е блиску до нив, но не живее во домот или е непознато“, вели д-р Марија Кишман од СЗО.

Денеска беше промовиран и протоколот за постапување во случаи на сексулана злоупотреба на деца и педофилија кој ги сугерира активностите што треба да ги преземат надлежните иснтитуции за подигнување на нивото на заштита и помош на децата жртви. Ристовски додава дека со помош на овој протокол правилно ќе се постапува во пристапот кон жртвите и нивните родители.

„Се случува дополнителната виктимизација да се појави како грешка во процесот на постапувањето, односно неправилното постапување со овие деца по чинот во кој што тие биле злоупотребени, честопати се случува да создаде дополнителна траума без разлика дали е ментална, некогаш и физичка односно здравстена траума може да создаде кај децата.“

На новинарско прашање дали со издавањето на новиот протокол признава дека досега институциите недоволно се грижеле или неправилно постапувале со жртвите, Ристовски одговори:

„Не, ова е само канализација на она што се сет на мерки кои што ние ги спроведуваме во изминатиот период.“

Министерот Ристовски истакна дека според Акцискиот план за превенција и справување со сексуалната злоупотреба и педофилија досега е формирано Координаторно тело за борба против сексуална злоупотреба на децата, промовиран е веб порталот „Стоп педофилија“, реализирана е обука во 150 основни и средни училишта и донесен е закон за посебен регистар на педофили кој досега го посетиле 150 илјади граѓани.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG