Ѓоко Здравески – Пишувам само кога имам потреба за тоа

„Куќичка за птици преселници“ е насловена втората книга на поезија на младиот писател Ѓоко Здравески, чија промоција е предвидено да се случи на 10 март во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје. Стихозбирката е објава на „Антолог“, издавачката куќа која во 2010 година го публикуваше и неговото творечко деби - „Палиндром со две н“.
Ова ќе биде нешто помеѓу концерт и театарска претстава. И тоа наједноставна, минималистичка, најсуптилна што може да биде. Поентата на промоцијата е само да ги пренесам стиховите заедно со Бранимир Станковиќ кој ќе ме придружува на гитара.
Првата збирка „Палиндром со две н“ беше љубовна поезија. Тоа е сосема нешто настрана. Втората, пак, „Куќичка за птици преселници“ е составена од два дела. Првиот дел „Река“ зборува за земни патувања, за автобуси, за движења по земјата или по небото како и да е, а вториот дел „Море“ тоа се медитативни песни.
Ѓоко Здравески, писател.

Ова ќе го забележи писателот Ѓоко Здравески во пресрет на долгоочекуваната промоција на својата втора книга поезија „Куќичка за птици преселници“ што треба да се одржи овој понеделник во холот на Младинскиот културен центар.

„Ние двајцата ќе бидеме само медиуми за да се пренесат стиховите и сакам да биде интимна и така – блиска атмосфера. Ништо повеќе. Одбрав 12 песни од книгата и целта ми е само да ја пренесам таа енергија присутна меѓу нејзините корици.“

Роден 1985 година во Скопје, Здравески е автор за чија поезија се вели дека е искрена, длабока и емотивна и дека е одраз на неговата позитивна личност. За него ќе биде забележано дека успева да во малите секојдневни ситни нешта да пронајде бескрајно големи убавини и со умешност тие моменти да ги врами во својата лирика.
Пишувам само кога имам потреба да пишувам и сега за сега подготвувам и книга раскази и книга хаику поезија. Дури и имам наслови за книгите. Сето тоа се полни со материјал, меѓутоа кога ќе излезат не знам. Книга со есеи наскоро не планирам да објавам иако пишувам и есеи. Се доживувам себе си само како медиум.
Ѓоко Здравески.

„Првата збирка „Палиндром со две н“ беше љубовна поезија. Тоа е сосема нешто настрана. Втората, пак, „Куќичка за птици преселници“ е составена од два дела. Првиот дел „Река“ зборува за земни патувања, за автобуси, за движења по земјата или по небото како и да е, а вториот дел „Море“ тоа се медитативни песни. Тоа е кога ќе се седне во медитација и кога ќе се патува духовно практично.“

Ѓоко Здравески притоа вели дека всушност „Куќичка за птици преселници“, во некоја рака, е преминот во онаа фаза во која сега се наоѓа и дека некои од песните во неа слободно можеле да припаднат и на неговата следна, трета по ред стихозбирка за која што веќе и го има насловот „Дедикар Икарал“ по цитат на Горан Стефановски.

„Во овој момент онаа мисла која ме мачи, тема што ме опседнува се силите во нас, во нашето битие кои што не влечат да бидеме божества т.е. оние кои што не влечат кон небото и оние кои што не влечат кон земјата. Оние кои што не влечат да бидеме добри, да правиме убави возвишени работи и оние кои што не снижуваат долу и ги истакнуваат животинските инстинкти наспроти божествените во човекот. Интимна е пак приказната.“

Инаку авторот, во последно време, живее, работи и твори на релација Белград – Ниш – Скопје, а пишува и кратки раскази, хаику поезија и есеи. Тој за себе знае да каже дека не пишува многу често, туку дека тоа го прави по порив.

„Пишувам само кога имам потреба да пишувам и сега за сега подготвувам и книга раскази и книга хаику поезија. Дури и имам наслови за книгите. Сето тоа се полни со материјал, меѓутоа кога ќе излезат не знам. Книга со есеи наскоро не планирам да објавам иако пишувам и есеи. Се доживувам себе си само како медиум. Јас само ги запишувам работите. Кога ќе се завршат ќе се завршат. Ќе знам само дека се готови и тоа е тоа. Никогаш не брзам со објавување на книгите. Просто ги чувствувам работите. Кога ќе биде готово ќе биде готово. “

Кон ова само уште информацијата дека Ѓоко Здравески веќе учествувал на книжевните фестивали во соседна Србија (белградскиот „Тргни се поезија“ - јуни минатата 2013 година), дека самиот си ги преведува песните, но сеуште не смета дека ќе му се случи објава на тамошната книжевна сцена. Вели дека „не го бидува за таа комерцијала“ и дека не милува да се нуди на издавачите, туку ќе чека „некој да го препознае неговото дело“.

„Јас да барам издавач и самиот да се буткам, не би го правел тоа. Ако некој ја препознае поезијата и ми рече ајде да те објавиме – супер. Ќе се стегнам, ќе преведам сè и нека биде книга и на српски јазик. Поинаку не би сакал“, вели Ѓоко Здравески.