Живееме во ера во која на љубопитните им станува сè појасно дека она што го сметаат за историографска стварност многу често е само симулакрум што им го сервираат медиумите. Полифокалноста, која ја нуди Интернетот, помага колку-толку да се деконструира границата помеѓу тоа што е историографски факт, а што режирана стварност. Читателот почнува да се сомнева буквално во секоја информација што допира до него, бидејќи никогаш не може да биде сигурен дека таа информација реферира кон постоечка стварност. Или, поинаку речено, никогаш не може да биде сигурен дали она што му се сервира како факт може да се поврзе со каков било настан во реалноста. Денес овој однос помеѓу настаните и фактите е искривоколчен до перверзија.
Бодријар го објаснува симулакрумот како слика што „нема врска со каква и да е стварност: таа е сопствениот чист симулакрум“, за малку подолу во својата Симулакруми и симулација да рече: „Преминот од знаците што прикриваат нешто кон знаците што прикриваат дека нема ништо, претставува решавачки пресврт“.
Холивудскиот филм Wag the Dog (1997) е совршен пример за една таква симулација. Дејството се одвива во САД за време на едни претседателски избори, а тајните служби го најмуваат еден од најуспешните режисери во Холивуд да изрежира симулирана војна во која актуелниот претседател ќе биде прикажан како херој. Сè е симулација снимена во студио, која на публиката ѝ се презентира во форма на официјални вести. Фактите реферираат кон настани што не постојат. По успешната симулација, режисерот, воден од своето пораснато его, сака да ѝ раскаже на јавноста за своето најуспешно дело, но не успева во тоа бидејќи го наоѓаат мртов во неговиот луксузен дом, а, докрај иронично, неговата смрт медиумите ја прикажуваат како природна. Нема никаков сомнеж, па зошто некој би го убил еден од најпознатите режисери во Холивуд?!
Еден од последните медиумски феномени се таканаречените кромид-вести (терминот се поврзува со интернет-страницата www.theonion.com) во кои настанува вистински краток спој помеѓу стварноста и фикцијата. Целта на овие вести е да предизвикаат смеа кај читателот/гледачот, но адресатот често наседнува на замката, па коментарите под вестите покажуваат дека тој воопшто не е свесен дека станува збор за симулирана стварност, т.е. дека фактот не ѝ соодветствува на стварноста. Ваквата реакција на просечниот читател ме остава замислен и ме тера да си поставувам прашања: До каде оди симулацијата? Дали и нам некој одозгора ни се смее кога ќе реагираме на некоја вест што ја сметаме за стварна? Вестите од светот се особено интересни, оти нив ги добиваме само преку медиуми, па тогаш како можеме да бидеме сигурни дека веста не е само најобичен спин, дека настаните што ни се прикажуваат не се само Wag the Dog настани?! За што служи Холивуд? Дали таму се режира нашата стварност? Овој текст почнува да заличува на теорија на заговор, но Интернетот овозможува пристап до толку голем број информации, што за секоја вест можеме да видиме контравест. Наше е само да одбереме до каде ќе одиме со истражувањето. Но ова „само“ е проклето тешко, затоа што никогаш не можеме да знаеме зад кој агол нè чека следниот спин. Информацијата почнува да се врти во круг, а тоа маѓепсничко вртење може да го доведе адресатот до параноја. А со таквата дијагноза неговиот суд станува невалиден.
Клучните прашања што ги поставува овој текст се од онтолошка природа: Дали она што го сметаме за стварен свет навистина постои? Дали фактите реферираат кон настани што вистински се случиле или станува збор за парафакти? Дали можеме да ја прифатиме можноста дека можеби и најголемите настани од современата историја се само обичен симулакрум изведен од професионални филмаџии? Дали сме подготвени да се посомневаме во документите што ни ја креираат стварноста и да престанеме историографијата да ја нарекуваме стварност? Да не живееме, случајно! сите ние само во еден глобален симулакрум налик на Шоуто на Труман? Дали нашата стварност е, всушност, метастварност? Ќе успееме ли некогаш да ја деконструираме?
Еден од последните медиумски феномени се таканаречените кромид-вести(терминот се поврзува со интернет-страницата www.theonion.com) во кои настанува вистински краток спој помеѓу стварноста и фикцијата. Целта на овие вести е да предизвикаат смеа кај читателот/гледачот, но адресатот често наседнува на замката, па коментарите под вестите покажуваат дека тој воопшто не е свесен дека станува збор за симулирана стварност, т.е. дека фактот не ѝ соодветствува на стварноста.
Бодријар го објаснува симулакрумот како слика што „нема врска со каква и да е стварност: таа е сопствениот чист симулакрум“, за малку подолу во својата Симулакруми и симулација да рече: „Преминот од знаците што прикриваат нешто кон знаците што прикриваат дека нема ништо, претставува решавачки пресврт“.
Холивудскиот филм Wag the Dog (1997) е совршен пример за една таква симулација. Дејството се одвива во САД за време на едни претседателски избори, а тајните служби го најмуваат еден од најуспешните режисери во Холивуд да изрежира симулирана војна во која актуелниот претседател ќе биде прикажан како херој. Сè е симулација снимена во студио, која на публиката ѝ се презентира во форма на официјални вести. Фактите реферираат кон настани што не постојат. По успешната симулација, режисерот, воден од своето пораснато его, сака да ѝ раскаже на јавноста за своето најуспешно дело, но не успева во тоа бидејќи го наоѓаат мртов во неговиот луксузен дом, а, докрај иронично, неговата смрт медиумите ја прикажуваат како природна. Нема никаков сомнеж, па зошто некој би го убил еден од најпознатите режисери во Холивуд?!
Еден од последните медиумски феномени се таканаречените кромид-вести (терминот се поврзува со интернет-страницата www.theonion.com) во кои настанува вистински краток спој помеѓу стварноста и фикцијата. Целта на овие вести е да предизвикаат смеа кај читателот/гледачот, но адресатот често наседнува на замката, па коментарите под вестите покажуваат дека тој воопшто не е свесен дека станува збор за симулирана стварност, т.е. дека фактот не ѝ соодветствува на стварноста. Ваквата реакција на просечниот читател ме остава замислен и ме тера да си поставувам прашања: До каде оди симулацијата? Дали и нам некој одозгора ни се смее кога ќе реагираме на некоја вест што ја сметаме за стварна? Вестите од светот се особено интересни, оти нив ги добиваме само преку медиуми, па тогаш како можеме да бидеме сигурни дека веста не е само најобичен спин, дека настаните што ни се прикажуваат не се само Wag the Dog настани?! За што служи Холивуд? Дали таму се режира нашата стварност? Овој текст почнува да заличува на теорија на заговор, но Интернетот овозможува пристап до толку голем број информации, што за секоја вест можеме да видиме контравест. Наше е само да одбереме до каде ќе одиме со истражувањето. Но ова „само“ е проклето тешко, затоа што никогаш не можеме да знаеме зад кој агол нè чека следниот спин. Информацијата почнува да се врти во круг, а тоа маѓепсничко вртење може да го доведе адресатот до параноја. А со таквата дијагноза неговиот суд станува невалиден.
До каде оди симулацијата? Дали и нам некој одозгора ни се смее кога ќе реагираме на некоја вест што ја сметаме за стварна?