Жарко Кујунџиски, Марта Марковска, Славица Гаџова, Ѓоко Здравески, Мане Манушев, Анета Василева, Гаврило Миловановиќ, Анета Попова, Иван Ивановски, Снежана Стојчевска, Ненад Јолдески, Анета Попова, Душко Крстевски, Винета Огненовска и Драгана Ефтимова се 14-те творци што ќе бидат претставени и ќе читаат свои стихови на Чешма во рамките на групниот портрет на Младата македонска поезија со која вечерва ќе започне 25-то јубилејно издание на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“.
„Овојпат, наспроти таа традиција која што ја негуваме веќе 24 години наназад, одлучивме за јубилејното издание да отстапиме, со тоа што наместо ноќта да ја посветиме на творештвото на еден истакнат македонски поет, се решивме да претставиме портрет на Младата македонска поезија, односно на иднината на македонската поезија. Засега овие поети имаат издадено по една, две стихозбирки. Тоа е навистина малку за да се направи еден портрет за цела ноќ, меѓутоа ако имаме предвид дека во Велестово своја поетска ноќ имале Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Радован Павловски, врвните наши македонски поети, сметам дека е време да почнеме да се движиме нанапред и да им дадеме простор на младите гласови“, вели Јулијана Величковска, член на организациониот одбор на оваа манифестација.
Следствено заложбата за респектабилни ликовни постановки през годините, по академик Боро Митриќевски, Сергеј Андреевски, Мирослав Масин, Родољуб Анастасов, Владимир Георгиевски, Вангел Наумовски, Американецот Дик Робертс и Коле Манев, овојпат ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар и мултимедијален уметник Александар Станковски, насловена како „Поетика и политика“. Ноќта во која ќе се милуваат зборот и сликата, под Петринска Планина, ќе биде крунисана со автентичниот звук на ансамблот „Билјана“ од Охрид и нивното посегање по бисерите од крајезерскиот песнопоен крај.
Не помалку возбуда се очекува и од втората, интернационална вечер на 25-то јубилејно издание на „Поетска ноќ во Велестово“. Овојпат на отворената сцена свои стихови ќе читаат поетите Татјана Данилијанц од Русија, Игор Тиш од Словечка, Поли Муканова и Роман Кисјов од Бугарија, Жељко Миловиќ од Црна Гора и Одвиг Клив од Норвешка, која овде ќе ја промовира тукушто објавената стихозбирка „Со други очи“, што, во препев на Величковска, излезе како издание на ПНВ Публикации. На промоцијата ќе бидат подарени 100 примероци од стихозбирката потпишани од авторката.
„Можеби не директно, но јас бев силно инспирирана од атмосферата што ја почувствував овде при мојата прва посета на Македонија. Кога ќе ги видите убавините на Охрид и Струга, на езерото, прекрасните цркви и споменици, веднаш сте опседнати со чувството за една силна културна традиција и во главата ви се ројат бројни мисли и навистина таа силна светлина не ве остава рамнодушни“, истакнува Клив.
Со тоа, тие ќе ја збогатат листата на големи поетски имиња од странство како Сириецот Марам Ал Масри, Лука Бенсаи и Елена Рибет од Италија, Ронит Бергмен од Израел, Патрик Колер од Ирска и други, кои од 2009 година наваму зеле учество на оваа меѓународна културна манифестација која успева да го практикува и издигне на едно повисоко ниво дијалогот помеѓу културите и народите.
Поетот Славе Ѓорѓо Димоски, идејниот творец на оваа манифестација која од 1989 година се обистинува во неговото родно Велестово, забележува дека патот до ова јубилејно издание не бил нималку лесен, но дека победиле упорноста и желбата да се истрае и на македонската и европската јавност да ѝ се покаже дека и во овие сурови времиња на владение на новите медиуми, има простор поезијата да прозвучи исконски, а поетскиот јазик да се врати онаму од каде што излегол.
„Поезијата се враќа на своето извориште, а извориштата засигурно се малите места, селата, кај што сè уште живеат луѓе кои што си го знаат својот архаичен јазик и кои често се разбираат со различни метафори, со фрази или со гноми. Ете тоа е она што ме прави задоволен и што оваа манифестација денеска го слави својот 25-годишен сребрен јубилеј“, вели тој.
Димоски, дополнува дека во пресрет на почетокот на манифестацијата, на Чешма која сама по себе е паметник и на која се наоѓаат оригинални написи од 1891 година, ќе биде поставено бронзеното рељефно обележје со ликот на големиот Глигор Прличев чие семејство, не само според легендите, туку и според некои материјални докази, потекнува токму од Велестово.
Овојпат, наспроти таа традиција која што ја негуваме веќе 24 години наназад, одлучивме за јубилејното издание да отстапиме, со тоа што наместо ноќта да ја посветиме на творештвото на еден истакнат македонски поет, се решивме да претставиме портрет на Младата македонска поезија, односно на иднината на македонската поезија. Засега овие поети имаат издадено по една, две стихозбирки. Тоа е навистина малку за да се направи еден портрет за цела ноќ, меѓутоа ако имаме предвид дека во Велестово своја поетска ноќ имале Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Радован Павловски, врвните наши македонски поети, сметам дека е време да почнеме да се движиме нанапред и да им дадеме простор на младите гласови.Јулијана Величковска, член на организациониот одбор на Поетската ноќ во Велестово.
„Овојпат, наспроти таа традиција која што ја негуваме веќе 24 години наназад, одлучивме за јубилејното издание да отстапиме, со тоа што наместо ноќта да ја посветиме на творештвото на еден истакнат македонски поет, се решивме да претставиме портрет на Младата македонска поезија, односно на иднината на македонската поезија. Засега овие поети имаат издадено по една, две стихозбирки. Тоа е навистина малку за да се направи еден портрет за цела ноќ, меѓутоа ако имаме предвид дека во Велестово своја поетска ноќ имале Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Радован Павловски, врвните наши македонски поети, сметам дека е време да почнеме да се движиме нанапред и да им дадеме простор на младите гласови“, вели Јулијана Величковска, член на организациониот одбор на оваа манифестација.
Следствено заложбата за респектабилни ликовни постановки през годините, по академик Боро Митриќевски, Сергеј Андреевски, Мирослав Масин, Родољуб Анастасов, Владимир Георгиевски, Вангел Наумовски, Американецот Дик Робертс и Коле Манев, овојпат ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар и мултимедијален уметник Александар Станковски, насловена како „Поетика и политика“. Ноќта во која ќе се милуваат зборот и сликата, под Петринска Планина, ќе биде крунисана со автентичниот звук на ансамблот „Билјана“ од Охрид и нивното посегање по бисерите од крајезерскиот песнопоен крај.
Поезијата се враќа на своето извориште, а извориштата засигурно се малите места, селата, кај што сè уште живеат луѓе кои што си го знаат својот архаичен јазик и кои често се разбираат со различни метафори, со фрази или со гноми. Ете тоа е она што ме прави задоволен и што оваа манифестација денеска го слави својот 25-годишен сребрен јубилеј.Славе Ѓорѓо Димоски, поет, идеен творец на Поетската ноќ во Велестово.