Марширај против сиромаштијата, затоа што сметките за струја, вода и телефон се поголеми од минималната плата, повикуваат организаторите.
Излези на марш против сиромаштијата, која е секоја година сè поголема. Излези на марш, за да бидеш достоинствен. Секој трет граѓанин живее под работ на сиромаштијата. Тоа не е маргинална бројка! Излези, затоа што во Грција, Албанија, Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и Словенија просечната плата е поголема од Македонија. Излези, за да направиме притисок, за да си го вратиме достоинството. Излези, затоа што вредиш повеќе од споменик. Излези, затоа што животот треба да ти биде полесен. Марширај против сиромаштијата, затоа што сметките за струја, вода и телефон се поголеми од минималната плата. Крени го гласот за социјална правда.
Со овие зборови, Џелал Хоџиќ од здружението 8 Септември ги повика граѓаните да излезат на утрешниот марш симболично насловен 5 до 12 часот.
„Пет до 12 е да почнеме да ги менуваме нештата. Република Македонија е земја од која се иселуваат граѓаните, 5 до 12 е ние да створиме држава која ќе биде слуга на граѓаните, а не граѓаните да бидат робови на државата. Сепак, државата постои за да им служи на граѓаните“, вели Хоџиќ.
Социологот Хасан Јашари вели дека е крајно време да се покаже граѓанска солидарност и единство и сите заедно да се борат против сиромаштијата.
„Мислам дека граѓаните се исплашени, но бедата ќе ги натера да бидат заедно и да протестираат или да бараат чаре за нивните егзистенцијални потреби“, вели Јашари.
Хоџиќ се надева дека маршот ќе биде масовен.
„Република Македонија има нефункционален систем на социјална заштита и мора да претрпи коренита промена. Според Уставот, Република Македонија е социјална држава, а во пракса е држава на социјална неправда. Затоа граѓаните треба да излезат за да направиме притисок владата да се откаже од непродуктивните трошења и да ги пренамени средствата кон сиромашните“, вели Хоџиќ.
Но, минатото покажа дека мал број на луѓе излегуваат на протести. Според Јашари, само со масовен марш може да се постигнат промени во општеството.
„Ако се во голем број, ако постојано ги бараат нивните права, власта нема цело време да биде глува, ќе се сети на нив, ќе прекине со инвестирањето во Скопје 2014 и ќе инвестира во реалните граѓански потреби“, вели Јашари.
Маршот ќе започне од Собранието ќе продолжи до Владата, а ќе заврши на Сквер Јадран со концерт за достоинствен живот.
Република Македонија е земја од која се иселуваат граѓаните, 5 до 12 е ние да створиме држава која ќе биде слуга на граѓаните, а не граѓаните да бидат робови на државата.Џелал Хоџиќ, здружение 8 Септември.
Со овие зборови, Џелал Хоџиќ од здружението 8 Септември ги повика граѓаните да излезат на утрешниот марш симболично насловен 5 до 12 часот.
„Пет до 12 е да почнеме да ги менуваме нештата. Република Македонија е земја од која се иселуваат граѓаните, 5 до 12 е ние да створиме држава која ќе биде слуга на граѓаните, а не граѓаните да бидат робови на државата. Сепак, државата постои за да им служи на граѓаните“, вели Хоџиќ.
Мислам дека граѓаните се исплашени, но бедата ќе ги натера да бидат заедно и да протестираат или да бараат чаре за нивните егзистенцијални потреби.Хасан Јашари, социолог.