Не дава голема надеж фактот дека со ретко кој протест што го организирале невладините организации кај нас, ситуацијата се подобрила.
Експертите го осудија уништувањето на зеленилото на Водно, нагласувајќи дека тоа е против интересите на скопјани. Но, според нив, јалови се реакциите ако се застане само на една акција.
„За да се крене еколошката свест треба таа невладина организација да врши притисок врз институциите, врз медиумите, повторно да ги анимира граѓаните и само со една сеопфатна и комплетна акција, тогаш би се имало вистинско влијание“, изјави професор Татјана Стојановска Иванова.
Протестниот марш на неколку стотици граѓани, членови на планинарски друштва и рекреативци, стари и млади, кои вчера побараа спас од урбанизацијата на Водно се случува во момент кога има загрижувачки податоци за загаденоста на воздухот во Скопје. Екологистите сметаат дека новите најавени патишта се закана за зголемен проток на сообраќај, а дека нема гаранции дека кулата на Агенцијата за електронски комуникации нема да носи поголемо зрачење од она кое го емитуваат постоечките предаватели.
Методија Саздов од Македонскиот зелен центар нагласи дека, ако нешто веќе е започнато, граѓаните не може ништо да направат против тоа. Меѓутоа, тој напомена дека екологистите ќе ги искористат своите позиции за да проверат дали институциите ги испочитувале законите пред да почнат да градат.
„Може да кажам дека за кулата на Водно не сме виделе објава за јавна расправа. Во нашата организација го испитуваме тој дел, дали е направена студија за оценка на влијание врз животната средина и дали имало јавна расправа. Значи, законски тие две работи мора да се случат пред воопшто да почне да се гради, така што сега сме моментално во таа фаза, да извлечеме максимум што можеме за природата и за Водно и да се заштитиме ние, со што помало влијание од комерцијални објекти“, вели Саздов.
Во меѓувреме не дава голема надеж фактот дека со ретко кој протест што го организирале невладините организации кај нас, ситуацијата се подобрила. Во изминатиот период имаше протести поради уништување на паркот пред Бристол, а незадоволство имаше и од Законот за абортус. Експертите сметаат дека еден од проблемите е што поголем дел од невладините организации се под капата на власта.
„Тоа е многу лошо. Значи, кај нас барем во последниве години, дури постои таа преклопеност на невладиното со политичкото движење“, вели Стојановска.
Меѓутоа, екологистите сметаат дека работите ќе се променат во овој случај доколку се знае колку се дрвјата важни за природната рамнотежа и дека најголемата корист од шумското богатство е производството на кислород кој во Скопје со масовното градење станува се подефицитарен за граѓаните.
За да се крене еколошката свест треба таа невладина организација да врши притисок врз институциите, врз медиумите, повторно да ги анимира граѓаните.Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор.
„За да се крене еколошката свест треба таа невладина организација да врши притисок врз институциите, врз медиумите, повторно да ги анимира граѓаните и само со една сеопфатна и комплетна акција, тогаш би се имало вистинско влијание“, изјави професор Татјана Стојановска Иванова.
Протестниот марш на неколку стотици граѓани, членови на планинарски друштва и рекреативци, стари и млади, кои вчера побараа спас од урбанизацијата на Водно се случува во момент кога има загрижувачки податоци за загаденоста на воздухот во Скопје. Екологистите сметаат дека новите најавени патишта се закана за зголемен проток на сообраќај, а дека нема гаранции дека кулата на Агенцијата за електронски комуникации нема да носи поголемо зрачење од она кое го емитуваат постоечките предаватели.
Да извлечеме максимум што можеме за природата и за Водно и да се заштитиме ние, со што помало влијание од комерцијални објекти.Методија Саздов, Македонски зелен центар.