Достапни линкови

Народот државен непријател на власта!


Александар Гочев, граѓански активист.
Александар Гочев, граѓански активист.

На една страна власта, полицијата и судот. На друга страна свесните граѓани, дека ова црно сценарио утре ќе бара нови жртви. Во нив можеме да бидеме и јас и ти, па и сите ние заедно. Кога не ги одбранивме досегашните жртви на тешки неправди, кој ќе нè одбрани нас утре?, пишува активистот Александар Гочев во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Лутина, револт и страв. Овие чувства го допираат македонскиот народ сè почесто. Негрижата од страна на власта, како магично стапче ги брише овие емоции кај народот, се чини веќе уморен чекајќи помош од нивните избраници.
На една страна власта, полицијата и судот. На друга страна свесните граѓани, дека ова црно сценарио утре ќе бара нови жртви. Во нив можеме да бидеме и јас и ти, па и сите ние заедно. Кога не ги одбранивме досегашните жртви на тешки неправди, кој ќе нè одбрани нас утре?

Оние на „левата страна“ гневот го чуваат дома. На протест, улиците се празни, а коментарите на социјалните мрежи не можат да бидат парола со порака која сака и мора да допре до надлежните. Пет дена по апсењето на Кежаровски, кај народот веќе оладува револтот. Десетици луѓе кои бараат правда, наместо со истата се соочија со полициски службеници побројни од нив. Ни судиското стапче, ни пендреците не се на наша страна. Кој ќе нè штити од неправдите, кои ни тежат на грб како со камења да сме натоварени.

На една страна власта, полицијата и судот. На друга страна свесните граѓани, дека ова црно сценарио утре ќе бара нови жртви. Во нив можеме да бидеме и јас и ти, па и сите ние заедно. Кога не ги одбранивме досегашните жртви на тешки неправди, кој ќе нè одбрани нас утре?

Европската заедница „будно“ ги следела настаните, но тоа што имаат да го кажат за случајот Ликвидација ќе го кажеле во следниот извештај на Европската комисија. До тогаш, ни останува да чекаме европска свест, на која ретко сме сведоци и голема листа за следните „маченици“.

Големо разочарување помеѓу граѓаните кои не мислат исто како власта, кај обичните луѓе далеку од удобните фотелји, граѓани кои молчат за да го одбранат парчето леб кое мораат да си го однесат дома на семејството.

(Не)реакцијата на меѓународниот фактор ја уби и онаа мала надеж која беше останата кај граѓаните кои не и ја даваат довербата на оваа власт.

Кежаровски не е единствениот проблем кој Македонија го има. Новинарот не е единствената колатерална штета на битката на режимот против народот.

Оваа власт на своето конто има повеќе исценирани случаи со жртви поединци: Бошкоски, Рамкоски, Душко млекарот, стечајните работници, Младенов, скоро Кежаровски и Шиповиќ. Доколку се потрудиме да влеземе малце подлабоко во матрицата на ДПМНЕ ќе видиме дека тие немаат само проблем со горе споменативе личности, тука дека имаат проблем со народот кој што не мисли исто како нив и тука доаѓаме до заклучок дека народот е државен непријател број 1 за оваа власт!
Надежта што ја имаше овој народ во опозицијата изумре со конструктивноста на најголемата опозициона партија. Останува нејасно како може неконструктивна власт да се порази со конструктивна опозиција.

Ни треба револуција, но ни недостасува бројност. Ни треба отпор, но ни фалат поцврсти грбови. Наведнуваме глава кога доаѓаат да не апсат, а треба да молчиме кога маваат со пендреци. Се бориме против неправедни противници. Но, се има рок на траење, а ние ќе чекаме од силата да останат само остатоци.

Надежта што ја имаше овој народ во опозицијата изумре со конструктивноста на најголемата опозициона партија. Останува нејасно како може неконструктивна власт да се порази со конструктивна опозиција. Македонија одамна е влезена во полицискиот режим на фирерот и од тој режим излезот е многу тежок без улицата како единствен механизам за спротивставување на власта.

Искрено се надевам дека случаите, Шиповиќ како проблем што ја тангира најголемата опозициона партија, и Кежаровски, проблем што го тангира целиот македонски народ, слободата на медиуми и слободата на изразување, ќе биде отскочната даска за влегување во ново сценарио, овие два случаи се надевам дека ќе бидат мотив повеќе за да се напуштат институциите на системот во секоја смисла.

СДСМ мора да повика на бојкот, и тоа целосен, прво мора да започне од собранието, од градоначалничките мандати, советничките места, управните и надзорните одбори, СДСМ мора да покаже желба и волја за борба со оваа недемократска власт доколку сака оваа власт да си замине.

Знам дека е чудно да се очекува од тандемот Заев и Шеќеринска да повикаат на отпор и бојкот, но тоа мора да се случи доколку сакаме Македонија да се врати на вистинскиот пат. Оние кои седнаа на столчето на Црвенковски не смеат да заборават кој ги креираше опозициските идеали и кои на поразите им пристапи со крената глава. Оној по кој членството учеше како треба, што смее, а што мора да се направи.

Во моментов сè уште колку-толку опозицијата е единствената која може да покрене масовност на улиците и да му каже на Груевски до каде може да оди, со тезата на Шеќеринска која ја истакна на промоцијата на книгата за 24 декември, дека СДСМ мора да биде постојано присутен во парламентот затоа што Никола Груевски и ДПМНЕ така правеле многу помала штета е теза која не држи вода. Да не заборавиме дека Трајко Вељаноски буквално на клоци ги избрка опозиционерите од Собранието. Првиот човек на Законодавниот дом за неколку минути плукна по законите и уставноста.

Во наредниот период силата на ДПМНЕ ќе се зголемува бидејќи самите тие гледаат дека нема кој да им се спротивстави, доколку опозицијата не реагира во брзо време, единствената надеж за Македонија остануваат два излези, аеродромот во Охрид, и аеродромот во Скопје, до тогаш да се надеваме дека вистинската сила која ја има опозицијата Заев ќе ја искористи и режимот на ДПМНЕ скоро ќе го најде своето место, онаму каде што завршија политичките жртви на овој режим Кежаровски, Шиповиќ, Бошкоски, Рамкоски - а тоа е Идризово.

Политичарите се бираат со заокружување на една бројка на изборниот лист. Изборите даваат сила која трае 4 години. Народот во Македонија е вечен. Ако се борите против политичките противници, против самите себе, мора да знаете дека не смеете да почнувате борба против народот. Затоа што ние, граѓаните, сме и судии и полицајци. Народот дава, народот зема власт.
XS
SM
MD
LG