Пет часа биле држени во притвор 11 активисти на граѓанската иницијатива Паркобрани во скопската општина Центар во паркот во близина на Бристол, вели еден од сведоците Александар Гочев.
Тој објаснува дека при апсењето не им била соопштена причината зошто се уапсени, но по нивното ослободување од полициската станица Пролет заминале со прекршочни пријави за нарушување на јавната чистота. Тој додава дека ноќната полициска акција ја спровеле 400 припадници на полициските сили.
„Повеќе од 5 часа бевме држени во полициската станица во Кисела Вода, за на крај да заврши со пријави за прекршување на јавна чистота, а јасно е дека немаа со што да не обвинат како граѓани кои што го бранат паркот, но сепак позицијата на власт и на моќ која што ја имаат во моментов им дозволува да се однесуваат така со своите граѓани“, вели Гочев.
Акцијата била спроведена во 1 часот по полноќ. Меѓу приведените бил и советник од општината Центар и директорот на јавното претпријатие „Паркинзи Центар“, вели Гочев. Тој додава дека активистите во изминативе неколку денови организирале дежурства во име одбрана на паркот Бристол.
„Кај летниот камп Бристол дежурствата беа постојани од граѓани кои што ја поддржуваа таа идеа. Целта беше да се заштити тој парк затоа што се знаеше дека еден ден ќе дојдат и ќе го уништат тој парк. Полицијата кога ни пристапи, ни побара само лични карти за идентификација и без образложение не приведе и не однесе во полициската станица „Пролет“, вели Гочев.
Утринава е забележано зголемено полициско обезбедување и затворени улици во централното градско подрачје.
Информацијата за апсењето на активистите се уште не е официјално потврдена од полицијата, но на терен не е дозволен пристап ниту какво било снимање во близина на случувањата.
Претходно, во слична ноќна полициска акција на истото место беа исечени дрвјата, на локацијата каде што е предвидена изграбда на административен објект.
Повеќе од 5 часа бевме држени во полициската станица во Кисела Вода, за на крај да заврши со пријави за прекршување на јавна чистота, а јасно е дека немаа со што да не обвинат како граѓани кои што го бранат паркот.Александар Гочев, граѓанин.
Тој објаснува дека при апсењето не им била соопштена причината зошто се уапсени, но по нивното ослободување од полициската станица Пролет заминале со прекршочни пријави за нарушување на јавната чистота. Тој додава дека ноќната полициска акција ја спровеле 400 припадници на полициските сили.
„Повеќе од 5 часа бевме држени во полициската станица во Кисела Вода, за на крај да заврши со пријави за прекршување на јавна чистота, а јасно е дека немаа со што да не обвинат како граѓани кои што го бранат паркот, но сепак позицијата на власт и на моќ која што ја имаат во моментов им дозволува да се однесуваат така со своите граѓани“, вели Гочев.
Полицијата кога ни пристапи, ни побара само лични карти за идентификација и без образложение не приведе и не однесе во полициската станица „Пролет“.Александар Гочев, граѓанин.