Достапни линкови

Жерновски жали за дрвјата, но кога ќе се смени ДУП-от?


Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

За сечењето на дрвјата во паркот кај хотелот Бристол, Жерновски ја обвини централната власт, но не одговори кога ќе се донесат промените во ДУП-от, според кои нема да се дозволи градење на тие локации.

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски се пофали што сработил во изминатите 100 дена откако е на таа функција. За сечењето на дрвјата во паркот кај хотелот Бристол ја обвини централната власт, посочувајќи дека таа локација е под надлежност на Министерството за транспорт и врски. Во паркот кај Бристол треба да се гради нова административна зграда на Советот за радиодифузија, за неа се комплетирани сите документи, а дозволата за градба ја издало претходното раководство на општината. Жерновски вели дека одбива да издаде дозвола за градба на барокната катна каража, предвидена да се гради кај зградата на Ауто Македонија.
Затоа што тука не се работи за никаква заштита на црквата итн., туку се работи за бизнис интереси, да може да се градат згради. До крај ќе инсистирам да се заврши таа точка на дневен ред, меѓутоа и понатаму очекувам сериозни опструкции од опозицијата во Општина Центар која е централна власт во Република Македонија.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

Го прашавме градоначалникот Жерновски зошто, иако најави, сè уште не е сменет ДУП-от за тој дел на општината, според кој нема да се дозволи градење на објекти на тие локации. Седницата на Советот на Општина Центар на која требаше да се гласа за промена на планот почна пред околу два месеци, по што следуваа протести, затоа што наводно со тие промени се предвидувало уривање на црквата што се гради до Домот на АРМ. Жерновски повтори дека не се планира никаква интервенција околу црквата и го впери прстот во владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад протестите за да се спречи промена на ДУП-от.
„Затоа што тука не се работи за никаква заштита на црквата итн., туку се работи за бизнис интереси, да може да се градат згради. До крај ќе инсистирам да се заврши таа точка на дневен ред, меѓутоа и натаму очекувам сериозни опструкции од опозицијата во Општина Центар која е централна власт во Република Македонија“, изјави Жерновски.

Тој сепак не одговори на нашето прашање кога може да се очекува донесувањето на промените во ДУП-от. Жерновски вели дека освен за катната гаража кај Ауто Македонија, нема да даде дозвола за градба ниту на шпанските скали на Плоштадот Македонија.
И покрај тоа што ноќта меѓу саботата и неделата власта ги исече преостанатите дрвја во паркчето пред хотелот Бристол, група граѓани сè уште кампуваат таму и велат дека сакаат да го заштитат паркот.
Единиците на локална самоуправа имаат обврска да му го подготват целокупното земјиште за тој да може да почне со градба. Овој државен орган, Советот за радиодифузија, во десетгодишниот период во име на кирии коишто оделе во приватни џебови има исплатено околу три милиони евра. Сега, со градбата на овој објект, тоа веќе нема да се случува.
Александар Ѓорѓиев, портпарол на владата.

„Ќе пробаме да го обновиме паркот ако можеме, а ако не, тоа е, ќе ги чуваме другите дрвја. Поентата е сега да се обнови паркот, да се засади ново зеленило и ако треба и на друго место да протестираме каде што се сечат дрвја“, вели Бојан Богдановиќ кој учествува на протестите против уништувањето на паркчето кај Бристол.

Во меѓувреме се огласи и портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев кој рече дека градењето се одвива согласно сите закони и процедури и оти за новата административна зграда се издадени сите потребни документи од локалната самоуправа и се платени комуналии.

„Единиците на локална самоуправа имаат обврска да му го подготват целокупното земјиште за тој да може да почне со градба. Овој државен орган, Советот за радиодифузија, во десетгодишниот период во име на кирии коишто оделе во приватни џебови има исплатено околу три милиони евра. Сега, со градбата на овој објект, тоа веќе нема да се случува“, изјави Ѓорѓиев.

Тој нагласи дека вистинското прашање се кириите, а не сечењето на дрвјата, затоа што оваа влада, како што рече, докажала дека се грижи за пошумување на Македонија како никоја друга влада досега.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека Жерновски е лицемерен.

„Општина Центар и градоначалникот Жерновски по основ на комуналии за изградба на зградата на Советот за радиодифузија на 10 и 11 јуни оваа година заработиле 9 милиони 835 илјади денари. Жерновски денес, иако се противи на изградбата, овие пари не ги одбил, не ги вратил, туку напротив ги инкасирал во касата на Општина Центар и заработил“, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, пак, повторно побара премиерот Никола Груевски лично да излезе и да го објасни, како што велат, насилието кога со моторни пили и полиција, среде ноќ, го срамнија со земја паркот кај „Бристол“.

„Никакво оправдување не е дека со објектот што треба да никне на местото на уништеното зеленило, ќе се заштедело за кирии“, се вели во реакцијата од СДСМ, и прашуваат:

„Дали за Владата во Скопје не постоеше друга локација за барокното здание што сака да го подига освен меморијалниот парк за жртвите од земјотресот со дрвја стари 50 години?“, реагира СДСМ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG