Не стивнува незадоволството на граѓаните откако властите ги исекоа сите дрва во паркчето спроти Бристол, за да почне изградбата на зграда на Советот за радиодифузија. За вечер се најавени повторни протести во организација на здруженијата „Одраз солидарност“и „Авангарда“, а веќе утре Советот на општина Центар ќе одржи вонредна седница на која ќе се разговара за ова прашање.
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски уверува дека општината не можела да направи ништо за да го спречи сечењето дрва, бидејќи одлуката веќе била донесена, а земјиштето е во рацете на централната власт која од претходното локално раководство ги добила сите потребни дозволи за градење. Експертите се согласуваат дека рацете на Жерновски сега веќе се врзани и дека она што требало и можело да се направи требало да се случи пред сечењето на дрвата.
„Тоа е постфестум, можеби требаше пред да се сечат дрвјата да се седне, да се поразговара, бидејќи точно е дека има инвеститор, постапката е завршена итн, но во случајов се работи за државен орган. Ние значи прво креираме проблем и потоа седнуваме да разговараме, во ветар е тоа“, вели професорката Гордана Силјановска од Правниот факултет.
Според Силјановска она што денес се случува со паркот е одлука на советниците од претходниот состав во општината Центар, кој како што вели не се раководеле од еколошки, туку од политички принципи.
Вели дека јавна расправа е особено важна кога се носат деталните урбанистички планови, а ако истата не постои, тогаш и референдумот е механизам преку кој граѓаните можат да го кажат своето мислење.
„На крајот од краиштата нека се предвиди референдум пред да се усвојат деталните урбанистички планови, оти јавните расправи се секогаш привид, се организираат секогаш среде лето, па дури и мислењата на стручните лица не се почитуваат.“
Во меѓувреме покрај Градскиот трговски центар што ќе биде облечен во барок, планирано е објектите на ЕЛЕМ И ЕВН да добијат лик во стилот на Скопје 2014. Опседнатоста на власта со барокот архитеките ја толкуваат како тотално незнаење и историско вртење наназад. Сето тоа велат упатените е деградирачки и деструктивен однос кој создава нови вредности кои не се вистински и не ги следат светските трендови.
„Тоа вртење наназад е нешто кое ние како архитекти не го прифаќаме, го сметаме за деградирачко и деструктивно во суштина, затоа што вредностите кои сме ги создавале во последниот период се уништуваат, а новосоздадените вредности не се вистински“, вели Даница Павловска, претседател во заминување на Асоцијацијата на архитекти.
Ако власта смета дека исчекорот во новото модерно време потсетува на некое друго време или режим,тоа е одраз на нецивилизирано однесување, посочува Павловска. Според неа интензивното градење во централното градско подрачје значи примитивен однос кон централизација на институциите.
„Институциите не мора да бидат на едно место, администрацијата на државата е практично да е на едно место, меѓутоа целата раководна структура не мора,“ изјави Павловска.
Тоа е постфестум, можеби требаше пред да се сечат дрвјата да се седне, да се поразговара, бидејќи точно е дека има инвеститор, постапката е завршена итн, но во случајов се работи за државен орган. Ние значи прво креираме проблем и потоа седнуваме да разговараме, во ветар е тоа.Гордана Силјановска, универзитетски професор.
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски уверува дека општината не можела да направи ништо за да го спречи сечењето дрва, бидејќи одлуката веќе била донесена, а земјиштето е во рацете на централната власт која од претходното локално раководство ги добила сите потребни дозволи за градење. Експертите се согласуваат дека рацете на Жерновски сега веќе се врзани и дека она што требало и можело да се направи требало да се случи пред сечењето на дрвата.
„Тоа е постфестум, можеби требаше пред да се сечат дрвјата да се седне, да се поразговара, бидејќи точно е дека има инвеститор, постапката е завршена итн, но во случајов се работи за државен орган. Ние значи прво креираме проблем и потоа седнуваме да разговараме, во ветар е тоа“, вели професорката Гордана Силјановска од Правниот факултет.
„Тоа вртење наназад е нешто кое ние како архитекти не го прифаќаме, го сметаме за деградирачко и деструктивно во суштина, затоа што вредностите кои сме ги создавале во последниот период се уништуваат, а новосоздадените вредности не се вистински.Даница Павловска, претседател во заминување на Асоцијацијата на архитекти.