Достапни линкови

Меѓу граѓанската активност и партиската припадност


Активисти во невладиниот сектор констатираат дека граѓанскиот активизам во Македонија не е доволно развиен. Потврдуваат дека голем дел од оние кои протестираат во првите редови се лица кои се блиски до одредени политички структури.

Појавата на партиски членови на протестите кои вообичаено ги организираат граѓанските здруженија најчесто се поврзува со претпоставката дека зад протестите стои политичка партија, анализира домашната јавност.
Тоа ан-блок поврзување дека сите што протестираат таму се од опозицијата, тоа раѓа дилеми. Има таму млади луѓе со шатори кои не се баш инспирирани од партискиот диктат, макар што и тоа го има, но не е важно, во случајов зборуваме за една еколошка реалност.
Гордана Силјановска, универзитетска професорка.

Последните протести на граѓаните пред паркот спроти Бристол, кадешто пред неколку дена беа исечени дрвјата, за владејачката ВМРО-ДПМНЕ се лично организирани од Бранко Црвенковски, теза со која пак не се согласува професорката Гордана Силјановска.

„Тоа ан-блок поврзување дека сите што протестираат таму се од опозицијата, тоа раѓа дилеми. Има таму млади луѓе со шатори кои не се баш инспирирани од партискиот диктат, макар што и тоа го има, но не е важно, во случајов зборуваме за една еколошка реалност.“

Но сомневањата секогаш постојат. Активисти во невладиниот сектор констатираат дека граѓанскиот активизам во Македонија не е доволно развиен. Потврдуваат дека голем дел од оние кои протестираат во првите редови се лица кои се блиски до одредени политички структури.
Според политикологот Соња Стојадиновиќ невладиниот сектор во последните десеттина години е под голем притисок на партиите, оти само на таков начин успеваа да ги реализираат своите програми. Стојадиновиќ вели дека поделбите на патриоти и предавници е длабоко навлезена и во невладиниот сектор, а независност на невладини организации не постои.
Александар Цветкоски, невладина организација АКТИС.

„Зад многу движења стојат организирани сили кои имаат пари се разбира, кои се многу до одредени политички гарнитури или лоби групи, тоа е вистината, една“, вели Александар Цветкоски од невладината организација АКТИС.

Според политикологот Соња Стојадиновиќ невладиниот сектор во последните десеттина години е под голем притисок на партиите, оти само на таков начин успеваа да ги реализираат своите програми. Стојадиновиќ вели дека поделбите на патриоти и предавници е длабоко навлезена и во невладиниот сектор, а независност на невладини организации не постои.

„Колку и да сака една невладина организација да се етикетира дека е независна, поради таа лоша кампања, поради тоа безобразно, дрско, па дури и отровно етикетирање и делење на патриоти и предавници, таа невладина организација или тоа граѓанско здружение ќе биде етикетирано како предавничко или ќе биде етикетирано како сдсмовско итн.“

Но, од тука и прашањето колку ваквите собири на кои се појавуваат партиски членови и истакнати активисти се легитимни? Дали и колку треба да им се верува на пораките кои се испраќаат оттаму?

„Тие се легитимни на едно идиоматско, внатрешно ниво, значи тие луѓе бранеле дрвја и еден парк, значи не може да биде тоа нелегитимно“, вели Цветкоски.

„Тие протести се легитимни се до момент кога вие не внесувате насилство и се додека не носите обележје на партиски активисти“, вели Стојадиновиќ.

Сепак експертите заклучуваат дека дури и ако некој е член на политичка партија, не мора да значи дека секоја негова активност е во функција на партијата, зошто тој е пред се граѓанин кој има право да го одбрани сопствениот интерес.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG