Достапни линкови

Рејтингот паѓа, удри по невладиниот сектор


Руски обвинители и даночни полицајци деновиве упаднаа во просториите на Амнести интернешанал и на уште неколку влијателни групи за човекови права во Москва. Тоа, според некои, е дел од поширока акција за задушување на критичарите на Кремљ, но исто така ја покажува и растечката криза во владејачката елита.

Над 40 невладини организации во Русија кои го критикуваат рускиот претседател Владимир Путин станаа цел на ненајавени финансиски ревизии и инспекции од Министерството за правда и од противпожарни и здравствени служби.

Лев Пономарјов, директор на организацијата „За човекови права“, вели дека рациите се дел од притисокот што почна лани.
Тоа ја рефлектира интензивноста на нервозата на властите околу фактот дека популарноста на Путин и на владејачката партија Обедината Русија опаѓа. Властите се плашат од групи кои имаат информации за нивната корупција. Тоа е однесување на режим кој станува се понесигурен.
Марк Урнов, шеф на Одделот за политичко однесување во Москва.

„Државната Дума усвои закони кои се во спротивност со Уставот. Законот за предавство е закон од советски стил. Стотици невладини организации станаа цел на незаконски акции на јавното обвинителство.“

Обвинителите велат дека вршат екстра проверки на организациите финансирани од странство кои паднаа под контроверзните закони со кои се бара ваквите групи да бидат пререгистрирани како „странски агенти“, термин што се употребувал за дискредитација на луѓето за време на ерата на Сталин.

Повеќето организации одбија да го сторат тоа. Аналитичарите пак, велат дека инспекциите сигнализираат и длабока загриженост во Кремљ.

„Тоа ја рефлектира интензивноста на нервозата на властите околу фактот дека популарноста на Путин и на владејачката партија Обедината Русија опаѓа. Властите се плашат од групи кои имаат информации за нивната корупција. Тоа е однесување на режим кој станува се понесигурен“, вели Марк Урнов, шеф на Одделот за политичко однесување во Вишото економско училиште во Москва.

Тој додава дека неколку врвни членови на тимот на Путин веќе ја напуштиле партијата која станува се понепопуларна во Русија. Дел од нив би можело да се соочат и со судење.

Властите веќе немаат позитивни начини за зголемување на нивниот рејтинг. Платите не растат, економијата стагнира, а индустриското производство тоне. Земјата зависи само од нафта и гас. Властите веќе немаат извори да им даваат пари на луѓето. Но, тие не се подготвени да се повлечат и да признаат дека нивниот модел не успева. Затоа и користат негативни методи.
Дмитри Орешкин, политички аналитичар од Москва
Дмитри Орешкин, политички аналитичар од Москва смета дека рациите во граѓанскиот сектор се обид за спасување на она што остана од владината моќ.

„Властите веќе немаат позитивни начини за зголемување на нивниот рејтинг. Платите не растат, економијата стагнира, а индустриското производство тоне. Земјата зависи само од нафта и гас. Властите веќе немаат извори да им даваат пари на луѓето. Но, тие не се подготвени да се повлечат и да признаат дека нивниот модел не успева. Затоа и користат негативни методи.“

Путин подолго време е сомничав спрема организациите со пари од странство, особено од Соединетите држави и отворено ги обвини за мешање во руската политика. Веднаш потоа почнаа инспекциите кои досега успеаа да парализираат некои групи за човекови права.

„Идеално сценарио за владата би било невладините организации да се откажат и сами да ги прекинат нивните активности. Што поскоро тоа подобро, бидејќи што побрзо тие ќе бидат уништени толку помалку ќе страда репутацијата на владата“, вели аналитичарот Орешкин кој предвидува дека властите во наредните месеци се повеќе ќе го зголемуваат притисокот врз граѓанскиот сектор.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG