Достапни линкови

Кај Бристол се гради по ноќешната полициска акција


Паркобраните остранети - изградбата почна
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00

Започна изградбата на спорниот објект во паркот пред Бристол

Полицијата ноќеска приведе 11 активисти на граѓанската иницијатива Паркобрани во паркот пред Бристол. По пет часа поминати во полициска станица, тие биле пуштени со прекршочни пријави за нарушување на јавната чистота.

Почнаа градежните работи во паркот кај хотелот Бристол во центарот на Скопје, каде што треба да се гради нова зграда на Советот за радиодифузија, откако ноќеска полицијата ги отстрани луѓето што кампуваа таму за да не дозволат уништување на паркчето.
Повеќе од 5 часа бевме држени во полициската станица во Кисела Вода, за на крај да заврши со пријави за прекршување на јавна чистота, а јасно е дека немаа со што да не обвинат како граѓани кои што го бранат паркот, но сепак позицијата на власт и на моќ која што ја имаат во моментов им дозволува да се однесуваат така со своите граѓани.
Александар Гочев, граѓанин.

Во центарот на градот сè уште се забележува зголемено присуство на полицијата, а улиците во близина беа затворени што утринава предизвика голем метеж во градот.

Полицијата ноќеска приведе 11 активисти на граѓанската иницијатива Паркобрани во паркот пред Бристол. По пет часа поминати во полициска станица, тие биле пуштени со прекршочни пријави за нарушување на јавната чистота.

Еден од приведените, Александар Гочев, утринава ни изјави дека ноќната полициска акција ја спровеле 400 припадници на полициските сили.

„Повеќе од 5 часа бевме држени во полициската станица во Кисела Вода, за на крај да заврши со пријави за прекршување на јавна чистота, а јасно е дека немаа со што да не обвинат како граѓани кои што го бранат паркот, но сепак позицијата на власт и на моќ која што ја имаат во моментов им дозволува да се однесуваат така со своите граѓани“, изјави Гочев.

Во МВР само кусо ни одговорија дека полицијата постапила по барање за асистенција од сопственикот на земјиштето кој има дозвола за градба и уредно платени комуналии. Сопственикот на земјиштето побара неговиот имот да биде ослободен од лицата што го узурпираа тој имот и полицијата постапи согласно законот, велат во МВР.
Овде станува збор само за голо манифестирање на моќта на една многу изразено диктаторска власт којашто на секој начин покажува дека може да прави што сака и како сака, без елементарно влијание или можност за влијание на граѓаните.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.
Професорката и активист за човекови права Мирјана Најчевска вели дека во демократските земји во кои има елементарно владеење на правото, дури и сопственикот на земјиштето не може да прави со тој имот што сака, доколку тоа е спротивно на интересите и потребите на поширок круг на граѓани. Ваквото самоволие е недозволено, вели Најчевска.

„Овде станува збор само за голо манифестирање на моќта на една многу изразено диктаторска власт којашто на секој начин покажува дека може да прави што сака и како сака, без елементарно влијание или можност за влијание на граѓаните“, вели Најчевска.

Претходно, во слична ноќна полициска акција на истото место беа исечени дрвјата, на локацијата каде што е предвидена изградба на административен објект.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG