Наместо аргументирани дискусии и говори слушаме етикети и омаловажувања. Ваквиот речник не е туѓ кога има избори, но паѓа во очи што кај нас се употребува во секојдневниот говор и станува обележје на комуникацијата, велат познавачите.
Јавноста деновиве беше испровоцирана од серијата реплики и контрареплики што ги разменија политичките субјекти во периодот на деблокирање на политичкиoт дијалог и изготвувањето на извештајот за настаните од 24 декември.
Во нивниот вокабулар некаква вредност доби и хартијата од палома што во говорот на некои политичари беше синоним за вредноста на извештајот што го постигнаа двете партии. Имаше и сениште што се вратило од одмор, а потоа и дека опозицијата бега од избори како ѓавол од крстот. Наместо аргументирани дискусии и говори слушаме етикети и омаловажувања. Ваквиот речник не е туѓ кога има избори, но паѓа во очи што кај нас се употребува во секојдневниот говор и станува обележје на комуникацијата.
„Да, повеќе доминира кога се заострува и политичката битка за време на политички кризи или изборни политички циклуси, но
треба да се земе предвид дека кај нас земјата е некако малку во подолга политичка криза и заострени односи на политичките субјекти и тоа се рефлектира и во начинот на кој комуницираат засегнатите страни“, вели комуникологот Марко Трошановски.
Политичарите преку својот говор најмногу зборуваат за себе. Речникот на политичарите претставува лош пример за јавноста. Кога користат говор на навреди како може од граѓаните да се очекува уважување на аргументите на другиот без вербална агресија. Говорот кој изобилува со етикети е присутен во политичкиот живот од поодамна, вели Трошановски.
„Од тој аспект сметам дека на политичарите полесно им е да етикетираат отколку да аргументираат. Етикетата секогаш е напад кој изнудува одбрана од оној кој е обвинет, додека на аргументацијата треба да се потроши време, треба да се развие итн.“
Меѓутоа тоа зборува дека политичката култура не го достигнала потребното ниво на зрелост и дека треба да се поработи на етиката на однесување и говор што се битни елементи на дипломатијата. На некој начин политичарите се гласноговорници на културата на еден народ и затоа и граѓаните се загрижени како тие се претставени.
„Иритира зошто сите тие нивни говори се дневно политички, нема некоја идеа, некој да каже нешто или да предложи.“
„Да си политичар или да си на висока функција треба да имаш свои квалитети во смисла најповеќе на речникот и на однесувањето зошто ти ја претставуваш целата јавност и треба да се гледа тоа“, велат граѓаните.
Политичарите потекнуваат од народот и затоа луѓето имаат право да реагираат и да бараат тие да го корегираат начинот на однесување. Од политичарите тие очекуваат политика и дипломатија во говорот и однесувањето наместо кавги и навреди.
Да, повеќе доминира кога се заострува и политичката битка за време на политички кризи или изборни политички циклуси, но треба да се земе предвид дека кај нас земјата е некако малку во подолга политичка криза и заострени односи на политичките субјекти и тоа се рефлектира и во начинот на кој комуницираат засегнатите страни.Марко Трошановски, комуниколог.
Во нивниот вокабулар некаква вредност доби и хартијата од палома што во говорот на некои политичари беше синоним за вредноста на извештајот што го постигнаа двете партии. Имаше и сениште што се вратило од одмор, а потоа и дека опозицијата бега од избори како ѓавол од крстот. Наместо аргументирани дискусии и говори слушаме етикети и омаловажувања. Ваквиот речник не е туѓ кога има избори, но паѓа во очи што кај нас се употребува во секојдневниот говор и станува обележје на комуникацијата.
„Да, повеќе доминира кога се заострува и политичката битка за време на политички кризи или изборни политички циклуси, но
Да си политичар или да си на висока функција треба да имаш свои квалитети во смисла најповеќе на речникот и на однесувањето зошто ти ја претставуваш целата јавност и треба да се гледа тоа.Анкетиран граѓанин.