Прво говор за противникот, а потоа за промоција на кандидатите за градоначалници. Кој на некого му понудил пари за да ја напушти коалицијата, кој бил насилник, а кој диктатор или пак кој бил продадена душа, а кој херој, Грк, Бугарин, Албанец или нешто друго. Вака од прилика изгледаат деновиве митинзите на политичарите во изборната кампања.
Навредите по национална и сексуална основа како и политичката дискредитација годинава не изостануваат. Политичката реторика секојдневно станува сè пониска, а кампањите сè пожестоки. Граѓаните се загрижени поради употребата на тешкиот вокабулар и се жалат дека тоа им пречи.
„Национализмот што го шират, тоа најмногу ми пречи.“
„Сè ме нервира.“
„Ми смета тоа што многу се навредуваат, ми смета, многу е ниско и понижувачки.“
„Не ме интересира ништо од политика“, велат граѓаните
Причината за негативната реторика и тензична атмосфера во изборната кампања е засилената политичка криза која владее во државата, вели комуникологот Петар Арсовски.
„Таа криза предизвикува биполарност и радикализација на политичкото дејствување на двете страни на политичкиот спектар, како и радикализација на однесувањето на партиите и на сите политички чинители. Таа е примарната причина за засилената и негативна реторика на партиите во кампањата.“
Аналитичарот Владимир Божиновски смета дека негативната кампања е само рефлексија на изборите во 2011 година кои резултираа со зголемена излезност.
„Може сметаат дека со тоа повторно би успеале да го зголемат бројот на своите поддржувачи и затоа е ваква кампањата. Со тоа што ова се локални избори, поспецифична е ситуацијата, така што на крај ќе се види дали од тоа има некаков ефект или нема“, вели Божиновски.
Без разлика што станува збор за локални избори, темите кои ги тангираат граѓаните во општините како подобри услови во училиштата, снабдување со вода и изградби на канализација, се второстепени теми. На мени на партиите се нудат националните теми како спорот за името, евроатлантските интеграции и предвремени парламентарни избори.
„Тоа е затоа што имавме силни и национални прашања кои се случија во последниот период. Настаните на 24 декември, подоцнежното движење на отпорот и така натаму, се национални теми кои што доминираат врз локалната агенда, а тие се случија во пресрет на локалните избори“, вели Арсовски.
Што ви се допаѓа, а што ви пречи во предизборната кампања? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Божиновски вели дека овие локални избори се многу специфични поради претходно најавениот бојкот на опозицијата.
„Од нивна страна има една кампања која повеќе личи на парламентарни отколку на локални избори во обид да се добијат повеќе гласови. Токму поради тоа се дава приоритет на тие национални прашања на кои не им е местото овде. Конечно, прашањето за името не смее да се злоупотребува во политички кампањи“, вели Божниновски.
Реториката од типот „како беше порано, а како е сега“ доби нова форма кога станува збор за локалните теми. Овој пат е заменета со „што направивме и што за малку не завршивме, но ако ни дадете уште еден мандат сигурно ќе завршиме.“
Тоа е затоа што имавме силни и национални прашања кои се случија во последниот период. Настаните на 24 декември, подоцнежното движење на отпорот и така натаму, се национални теми кои што доминираат врз локалната агенда, а тие се случија во пресрет на локалните избори.Петар Арсовски, комуниколог.
Навредите по национална и сексуална основа како и политичката дискредитација годинава не изостануваат. Политичката реторика секојдневно станува сè пониска, а кампањите сè пожестоки. Граѓаните се загрижени поради употребата на тешкиот вокабулар и се жалат дека тоа им пречи.
„Национализмот што го шират, тоа најмногу ми пречи.“
„Сè ме нервира.“
„Ми смета тоа што многу се навредуваат, ми смета, многу е ниско и понижувачки.“
„Не ме интересира ништо од политика“, велат граѓаните
Може сметаат дека со тоа повторно би успеале да го зголемат бројот на своите поддржувачи и затоа е ваква кампањата. Со тоа што ова се локални избори, поспецифична е ситуацијата, така што на крај ќе се види дали од тоа има некаков ефект или нема.Владимир Божиновски, политички аналитичар.