Бара ли Македонија нови стратешки партнерства на Исток или се обидува да ја зајакне економската соработка со земјите што и покрај кризата остваруваат економски раст?
По зачестените посети на македонскиот државен врв на Кина, Русија и на државите од Истокот, дел од аналитичарите коментираат дека Македонија ја врти својата надворешна политика кон Исток, додека за други, стратешки партнер на земјава се САД, но добро е што Македонија работи на продлабочување на односите со земјите во развој.
Вртењето кон Исток, впрочем беше најавено и во владината програма 2011-2015 која премиерот Никола Груевски пред точно две години, ја претстави пред Собранието.
„Владата ќе продолжи да го негува и продлабочува стратешкото партнерство со САД, ќе се залага за продлабочување на пријателските односи со Руската Федерација, Народна Република Кина, Израел, Турција и Словенија, како и унапредување на билатералната соработка со Полска“, стои во програмата.
Во програмата се наведува дека согласно финансиските можности ќе се разгледаат опциите за отворање амбасади во Јапонија, Бразил и во Казахстан, како и конзулат во Перт(Австралија). Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев пред неколку дена изјави дека се работи на отворањето на овие амбасади.
Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели дека градење стратешко партнерство надвор од чадорот на НАТО е неефикасно и оти тоа сите го знаат.
„Претпоставувам дека се работи за политички блеф, зашто по никои индикации Истокот не е алтернатива на евроатлантските интеграции. Јас мислам дека евроатлантските интеграции се носечки столб на мултиетничноста на државата и на општиот развој. Ако се урива тој столб, јас мислам дека, не само што не постои алтернатива, туку тешко дека ќе постои и државата“, вели Биљали.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, пак, вели дека не значи дека ако САД и ЕУ се стратешки партнери, Македонија не треба да комуницира со другите земји.
„Едноставно самата криза во ЕУ го наметна тоа. Не е тоа случај само со Македонија, туку и со самите европски држави кои од економски интереси и во потрага по инвестиции сè повеќе се вртат и кон Кина и кон Русија и кон Бразил и кон другите држави надвор од Европа, а кои имаат значителен економски раст“, вели Божиновски.
Тој потсетува дека пред извесно време Италија потпиша стратешки договор за инвестиции со Катар и оти Грција има таков договор со Кина, а Италија и Грција се членки и на ЕУ и на НАТО.
Евроатлантските интеграции се носечки столб на мултиетничноста на државата и на општиот развој. Ако се урива тој столб, јас мислам дека, не само што не постои алтернатива, туку тешко дека ќе постои и државата.Мерсел Биљали, универзитетски професор.
Вртењето кон Исток, впрочем беше најавено и во владината програма 2011-2015 која премиерот Никола Груевски пред точно две години, ја претстави пред Собранието.
„Владата ќе продолжи да го негува и продлабочува стратешкото партнерство со САД, ќе се залага за продлабочување на пријателските односи со Руската Федерација, Народна Република Кина, Израел, Турција и Словенија, како и унапредување на билатералната соработка со Полска“, стои во програмата.
Во програмата се наведува дека согласно финансиските можности ќе се разгледаат опциите за отворање амбасади во Јапонија, Бразил и во Казахстан, како и конзулат во Перт(Австралија). Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев пред неколку дена изјави дека се работи на отворањето на овие амбасади.
самата криза во ЕУ го наметна тоа. Не е тоа случај само со Македонија, туку и со самите европски држави кои од економски интереси и во потрага по инвестиции сè повеќе се вртат и кон Кина и кон Русија и кон Бразил и кон другите држави надвор од Европа, а кои имаат значителен економски раст.Владимир Божиновски, политички аналитичар.