Партиите од опозицискиот „Сојуз за иднината“, оценуваат дека статутарните промени на последниот конгрес на СДСМ значат заокружување на внатрешно-организациската и кадровска консолидираност на партијата.
За партиите од опозицискиот фронт Сојуз за иднината, статутарните промени на последниот конгрес на СДСМ значат заокружување на внатрешно-организациската и кадровска консолидираност на партијата.
СДСМ упати јасна порака дека опозицијата ќе биде отворена за сите кои не се согласуваат со политиките на актуелната Влада, а очекуваме соработката во коалицијата да се одвива на ниво на партнери, вели Тито Петковски од НСДП.
„Веќе се создаваат сите предуслови многу поискрено, поотворено да се соработува и да се понуди една платформа која објективно ќе анимира повеќе политички субјекти против политиките на власта“, вели Петковски.
Се надеваме дека сите измени во СДСМ ќе бидат позитивни, а во тој контекст не очекуваме промени во однос на нашата досегашна соработка, велат и од Либерално-демократската партија.
„Што се однесува до нашата соработка, тоа е договор што е склучен меѓу партиите, ние сме дел од Сојузот за иднината и мислам дека и понатаму ќе продолжи со истиот интензитет и позитивни односи како што беа и досега“, изјави Роза Топузова Каревска од ЛДП.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера изјави дека новите статутарни промени и вредности кои ги промовира оваа партија нема да останат на ниво на внатре партиска организираност.
„Ќе сториме сè, истите да ги наметнеме и да бидат прифатени од останатите политички субјекти во државата и да се издигнат на ниво на законска обврска при комплетирањето на листите на партиите на секои наредни избори“, рече Заев.
Но, за владејачките партии тие не се ништо друго освен внатрепартиски прашања на СДСМ. Доколку новото раководство на партијата оценило дека со новите измени ќе ја консолидира партијата и ќе ја направи функционална опозиција, ние таквите измени ги гледаме како добредојдени и ги поддржуваме, вели Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.
„Станува збор за реформа на внатрешните структури, значи внатрешна реформа што ја спроведува новото раководство на партијата коешто веројатно оценило дека на тој начин ќе успее да го трансформира СДСМ и да ја извлече фактички од состојбата во којашто партијата се наоѓа денес“, вели Мехмети Деваја.
Со новите статутарни промени на партијата, СДСМ ги отвора вратите за граѓаните од сите слоеви, возрасти и етнички заедници, беше речено на вчерашниот конгрес. Заев ги нарече промените авангардни и први од ваков тип во југоисточна Европа. Со нив, меѓудругото се зголемува учеството на младите во сите партиски органи од 20 на 30 проценти, а учеството на жените се зголемува од 30 на 40 проценти.
Веќе се создаваат сите предуслови многу поискрено, поотворено да се соработува и да се понуди една платформа која објективно ќе анимира повеќе политички субјекти против политиките на власта.Тито Петковски, НСДП.
СДСМ упати јасна порака дека опозицијата ќе биде отворена за сите кои не се согласуваат со политиките на актуелната Влада, а очекуваме соработката во коалицијата да се одвива на ниво на партнери, вели Тито Петковски од НСДП.
„Веќе се создаваат сите предуслови многу поискрено, поотворено да се соработува и да се понуди една платформа која објективно ќе анимира повеќе политички субјекти против политиките на власта“, вели Петковски.
Што се однесува до нашата соработка, тоа е договор што е склучен меѓу партиите, ние сме дел од Сојузот за иднината и мислам дека и понатаму ќе продолжи со истиот интензитет и позитивни односи како што беа и досега.Роза Топузова Каревска, ЛДП.