Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ vs СДСМ - опседнатост или дефокусирање на јавноста?


Ако некој мислеше дека агресивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ ќе престане со заминувањето на Бранко Црвенковски од челото на СДСМ, тогаш се излажал, заклучува политичкиот аналитичар Едмонд Адеми, а професор Здравко Савески ќе каже дека занимавањето на владејачката партија со СДСМ одамна ги надминува границите на политичкиот маркетинг.

Навреди, напади, ниски удари, етикетирања, обвинувања преку соопштенија и тоа неретко и по неколку на ден. Вака некако комуницираат двете најголеми македонски партии. Се огласуваат за сè и сешто, од секојдневни теми, до висока политика, а во „сушните денови“ без теми, нè потсетуваат како било некогаш.
Jавноста брзо се лепи на такви работи. Никој веќе не зборува за тоа што ќе се случува на 28 јуни во Брисел, дали Македонија ќе добие или не датум за преговори, а оти е очигледно дека нема да добие, зошто нема да добие. Што е со другите прашања од интерес на граѓаните, туку се занимаваме со вакви ситуации.
Едмонд Адеми, политички аналитичар.

Ако некој мислеше дека агресивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ ќе престане со заминувањето на Бранко Црвенковски од челото на СДСМ, тогаш се излажал, заклучува политичкиот аналитичар Едмонд Адеми, а професор Здравко Савески ќе каже дека занимавањето на владејачката партија со СДСМ одамна ги надминува границите на политичкиот маркетинг.
Средба на премиерот Никола Груевски со новиот лидер на СДСМ Зоран Заев.
Средба на премиерот Никола Груевски со новиот лидер на СДСМ Зоран Заев.

„Оваа опседнатост и со новиот претседател и со новото раководство го покажува менталниот склоп на кој функционира ВМРО-ДПМНЕ, да се плука со сè и сешто што е од другата страна без разлика дали има или не причини за тоа“, вели аналитичарот Едмонд Адеми.

Последната замерка која ја најдоа од ВМРО-ДМНЕ на нивниот опонент беше новото партиско раководство, односно изборот на новите потпретседатели за кои од владејачката партија не штедеа зборови за оцрнување. Од партијата не го поштедија ниту новиот претседател на социјалдемократите. Но и тие возвраќаат на ударите.
СДСМ за своето владеење беше казнета на изборите во 2006, кога се повлече од власт по искажаната волја на граѓаните. Не може вечно една влада да тврди дека сегашните проблеми настануваат како внатрешни фактори како СДСМ или надворешни како Грција и треба да си ја преземе одговорноста за успесите и неуспесите на сопственото владеење.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Преку црната кампања, ВМРО-ДПМНЕ свесно се обидува да го пренасочи фокусот на јавноста кон опозицијата за да ги покрие своите недостатоци и промашувања, вели Адеми.

„Во неможност да ја тераат работата, да се занимаваат со тоа со што треба да се занимаваат, со тоа за што се избрани, тие се занимаваат со спинови, манипулации и црна пропаганда против опозицијата, сè со цел народот да се занимава со опозицијата. А јавноста брзо се лепи на такви работи. Никој веќе не зборува за тоа што ќе се случува на 28 јуни во Брисел, дали Македонија ќе добие или не датум за преговори, а оти е очигледно дека нема да добие, зошто нема да добие. Што е со другите прашања од интерес на граѓаните, туку се занимаваме со вакви ситуации.“

Занимавањето на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ на нашите простори е познато како комунистичко водење на политичка пропаганда, кога за сите проблеми со кои се соочувала власта се обвинувала капиталистичката класа, вели професор Здравко Савески.

„Ова што ВМРО-ДПМНЕ го прави на пропагандно ниво е баш учење од комунистичките учебници за пропаганда и тоа треба да биде лоцирано од страна на граѓаните како недемократска практика.“

Една влада не може вечно да бара виновници, туку треба да преземе одговорност, додава Савески.

„СДСМ за своето владеење беше казнета на изборите во 2006, кога се повлече од власт по искажаната волја на граѓаните. Не може вечно една влада да тврди дека сегашните проблеми настануваат како внатрешни фактори како СДСМ или надворешни како Грција и треба да си ја преземе одговорноста за успесите и неуспесите на сопственото владеење.“

Едната партија под притисок да го сочува рејтингот, другата под притисок да го зголеми, допрва ќе го вжештува нивото на комуникација меѓу партиите, заклучуваат експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG