Достапни линкови

Партиски препукувања за предизборни вработувања


СДСМ со нови преставки до ДИК и Антикорупциска за злоупотреба на буџетски средства во предизборната кампања и за предизборни вработувања. ВМРО ДПМНЕ ги негира обвинувањата.

СДСМ достави нови претставки до Државната изборна комисија и Антикорупциската комисија за испитување на случаи на злоупотреба на буџетски средства во предизборната кампања и за предизборни вработувања во јавните институции.

Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев на прес-конференција појасни дека бараат да се покренат прекршочни постапки за 73 случаи за злоупотреба на буџетски пари од страна на власта и нејзините кандидати, затоа што со поставувањето камен темелници и отворање на инфраструктурни објекти среде кампања го прекршиле Законот за спречување на корупцијата.Бараат да се поведат прекршочни постапки и за огласите што биле објавени по распишувањето на изборите, со кои треба да се вработат 164 лица во државни и јавни институции и 930 лица преку програмите за самовработување.
Лидерите на опозициските партии
Лидерите на опозициските партии

Обвинуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува централната власт во предизборни цели за што според нив потврда е тоа што еден ден пред распишување на изборите, односно на 10 јануари, Владата распишала оглас за вработување на 260 лица.

Георгиев најави дека ќе продолжат да ги процесуираат сите неправилности и злоупотреби и оти истите ќе ги објават и во „т.н. црна книга“.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека после 10 јануари нема започнато постапки за вработување, а доколку има тие се во симболичен број и ќе стори се таквите да бидат поништени.
Секоја постапка од страна на државните органи за која било постапено до 10 јануари, има согласност од надлежните државни органи, вклучително и од Државната комисија за спречување на корупција
Се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.


„Секоја постапка од страна на државните органи за која било постапено до 10 јануари, има согласност од надлежните државни органи, вклучително и од Државната комисија за спречување на корупција“, се вели во реакцијата.

СДСМ, како што е наведено, калкулира со лажни измислени бројки, со цел да создаде впечаток дека изборниот резултат не зависи од граѓаните, туку од нешто друго.

„СДСМ нема кредибилитет да зборува затоа што токму денес нивниот кандидат во Охрид се пофали дека има 1.500 вработувања на партиски кадри во општината и во јавните претријатија. Партијата ќе треба да одговори и околу начинот на финансирање на нивната кампања, за кој, иако надлежните органи им посочија дека не е регулирано со закон, тие и овие избори се финансираат со кредит од Комерцијална Банка“, стои во реaкцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG