Господине Заев, за власта лидер на СДСМ останува Бранко Црвенковски. Неодамна премиерот Груевски изјави дека независно од тоа кој ќе биде новиот претседател, Црвенковски е лидерот во сенка. Имаме ли причина да се сомневаме во тоа?
Јас не би коментирал реално, поради тоа што морам да кажам, мудроста на Црвенковски ќе сакам да ја искористам, а колку тоа Бранко ќе управува со СДСМ во позадина времето ќе покаже. Јас сум висок соработник со Црвенковски, досега му бев десна рака, како потпретседател на партијата. Апсолутно знам дека сакам да наметнам целосно мој менталитет на партиско делување, она што е врзано за мојот карактер, за мојата личност, она по кое луѓето ме препознаваат и времето ќе покаже дали Заев е вистинскиот претседател на СДСМ или некој од позадина управува.
Ве обвинуваат дека сте му вечен должник на Црвенковски, особено по потпишувањето на вашата аболиција. Го чувствувате ли сè уште тој товар врз себе?
Апсолутно не. Заради тоа што како прво не чувствувам никаква должност по тој чин, јас сум горд човек за многу проекти во Струмица, еден од тие проекти е токму Глобал за кој Европската унија даде награда за најдобра пракса. Мојата пресуда стигна на 7 месеци после моето притворање и таа пресуда беше од граѓаните, најјаката пресуда кога ме бираа по втор пат за градоначалник, освојувајќи преку 70 отсто од гласовите уште во првиот круг. Така што, правдата за мене е завршена, продолжувам понатаму, ниту чувствувам никаков вид на должност кон Црвенковски, ниту пак мислам дека тоа ќе ми биде некаква пречка во извршувањето на претседателската функција.
СДСМ се соочува со сериозен предизвик, тоа е да се наметне како сериозна опозиција, што да бидеме искрени, во последниот период и не наликуваше. Некој ќе каже дека и досега бевте не висока функција во партијата, но дека сериозни промени не се случија. Дали новата функција ви дава поголеми овластувања, да преземете посериозни, порадикални мерки и чекори да го вратите угледот на оваа партија?
Јас сум сега врвот на пирамидата во систематизацијата на СДСМ, на она што претставува политичка поставеност и апсолутно сум финален во завршениот збор на одлуките. Сакам да го наметнам целото мое искуство што го имам, пред сè деловно, општествено преку Струмица, кое ќе биде преточено во многу партиско-оперативни активности, демонстрација на политики и многу други конкретни мерки, проекти и реализации кои ќе може да бидат препознаени од граѓаните. Неуморно верувам дека Македонија може поинаку да живее, пред сè од економски аспект, пред сè во надежта и иднината на граѓаните. Сакам тоа да го докажам, ја добив шансата. Со себе носам победнички дух, спремен сум да носам одлуки, понекогаш биле и грешка, но спремен сум да признаам грешка и да се коригирам во грешките, сакам многу да учам од другите и ќе продолжам апсолутно во тоа што значи моја смисла на организирање на оваа голема политичка партија. Притоа сум човек кој знае да се консултира, да црпи мислења од сите страни, да ги вгради внатре и да го извлече она што е максимум. Сакам партијата да ми биде демократска, да има дебата, спремен сум да повлечам мој став за подобар став и до крај да го реализирам тој став и на тој начин мислам дека ќе се демонстрираме себе си пред граѓаните, а со тоа квалитетно ќе ја засилиме Македонија, оти нашата прва цел е да бидеме силна опозиција.
Многумина од вас очекуваат консолидација на партијата, се наметнува и потребата од нови лица и нови идеи, свежи идеи кај левицата. Ќе има ли кадровски промени иако гледаме дека некои од луѓето кои беа на високи функции во партијата веќе и сами почнаа да заминуваат?
Зоран Јовановски останува целосно на располагање на партијата, дефинитивно останува целосно на располагање на партијата со неговата експертиза и стручност, пред сè во економскиот дел, во она што значи градење на политики на СДСМ, кои треба да бидат преточени во решенија коишто ќе ги понудиме на граѓаните. Централниот одбор којшто го избра Конгресот, покрај претседателот и Надзорниот одбор, 76 проценти го сочинуваат нови луѓе. Нови луѓе кои досега не учествувале во Централниот одбор. Од 85 луѓе, 66 се нови, а 19 се луѓе кои и досега биле во ЦО и тоа е многу нормално. Континуитетот и конзистентноста мора да ја продолжиме во партијата, но она очекување што го споменавте дека мора да излеземе со нов тим, со нова луѓе, мора да провејува. Ќе провејува делумно континуитетот на партијата, но доминантно новините во СДСМ. Мислам дека сме на добар пат, од самиот почеток имаме убав бришан простор за да бидеме надежни и приемчиви кај граѓаните со тоа што ќе им го понудиме.
Чувствувате ли единство во партијата, веќе подолго време во јавноста се зборува дека во СДСМ управуваат повеќе табори. Дали имате доволно енергија да, како што велите, ги сплотите сите тие спротивставени табори, мислења, сите симпатизери, членови во СДСМ?
Секој сложен систем кога е составен од луѓе, навистина мора да го менаџирате. Успешноста во менаџирањето е на крај да постигнете единство, кое може да биде целосно, делумно или прилично. Јас се надевам дека луѓето што ги знам како влијателни фактори во СДСМ имаат иста идеја. Мојот карактер е гаранција за таа работа, јас врзувам луѓе за себе, сплотувам луѓе и големината, доблеста да се прифати разноликоста на другиот, да бидеш толерантен во одредени моменти, да го признаеш тоа и да градиш најквалитетен став на крајот е големина која мора да ја прикажеме пред нашата земја, не само внатре пред себе.
Може ли да се очекува преструктуирање на опозицискиот фронт, на Сојузот за иднината? Се чини дека коалицијата со Љубчо Георгиевски не ви донесе некои поени. Во таа смисла, има ли простор, може ли да се игра со нови помали партии, сега веќе видовме некои се појавија, други се во најава, дали се можни такви комбинации?
СДСМ мора да ги отвори вратите за сите, не само за македонскиот блок, туку и за партиите од албанскиот блок. Само така можеме да успееме да го свртиме вниманието на граѓаните, да бидеме надеж. Оти ние велиме да го поразиме режимот на Груевски, но чуму тој пораз ако нас не не препознаат како иднина, како опција за иднината на граѓаните. Така што мора да потрошиме повеќе време нудејќи се себе си, своите програми, своите политики, своите решенија, мерки, да бидат препознаени, луѓето да сфатат дека тоа навистина е практично изводлива работа која што ќе го подобри квалитетот на живеење во Македонија, па според тоа да падне режимот на Груевски. Така што, опозицискиот фронт, според мене, треба да расте. Јас немам намера да одвраќам луѓе коишто веруваат во иста кауза, а тоа е сплотеност за единствената цел - иднината на татковината.
Можна ли е соработка и со Владо Бучковски, поранешен претседател на СДСМ, иако тој веќе не е член, но поодамна изјави дека би се вратил во СДСМ ако Бранко Црвенковски си замине од лидерското место и дури и прогнозираше светла иднина со Зоран Заев на чело на СДСМ. Дали повторно ќе ги отворите вратите за Бучковски ако тој посака да се врати во СДСМ или, пак, дали е можна соработка со партијата којшто тој најави дека ќе ја формира?
За соработки никогаш не ја затворам вратата. Првите моменти на најава од Владо Бучковски беа тие коишто вие ги спомнувате, но веќе поминавме неколку чекори од тогаш. Ова движење е веќе објавено, обелоденето, со луѓе коишто ќе учествуваат во организацијата на движењето, дури веќе е најавено и прераснување во партија, така што самите тие ја пуштија пораката дека нема да се враќа во СДСМ кога веќе беше прилично јасно дека Заев ќе биде претседател. Така што, апсолутно тие ги затворија вратите и јас останувам на ставот дека не очекувам враќање на Владо Бучковски во СДСМ.
Една од критиките за СДСМ е и таа дека во последно време нема атрактивен настап, односно дека се прилагодува на популизмот кој и е својствен на оваа влада и е нејзин силен адут. Дали новиот СДСМ ќе има и нова програма со јасно определени решенија, цели, проекти, визија за тоа како треба да изгледа Македонија?
Ние и досега имавме наши неколку вида на програми, изборни програми, партиски програми, наша визија како целосен концепт, до ден денеска се присутни на веб-страната, сме печателе огромни примероци сакајќи да го избегнеме тој комплекс којшто го наметна нашиот политички противник дека СДСМ нема програма. Имаме прекрасни решенија коишто секако сега мора да ги надоградиме, дооформиме, прецизираме и јасно да ги пласираме.
Граѓаните практично не ги препознаа тие програми.
Се согласувам, еве и јас го кажувам тоа. Ќе мораме тоа да го максимизираме во очите на јавноста, да бидат на чисто што тоа ние нудиме како наш концепт, наша програма, наши решенија, наши мерки, наши одлуки и слично, но она што се очекува од нас е и нашето однесување, целосно како партија.
Немавте доволно агресивен настап како опозиција, бевте прилично пасивни.
Ние имавме настап, но тоа беше само критички настап и сè беше исто – еве ги овие од опозицијата повторно нешто критикуваат. Луѓето од нас очекуваат да го пофалиме тоа што е добро, за да може и тоа што го критикуваме да сфатат дека е сериозно. Луѓето очекуваат да дадеме конкретна контрибуција или придонес во нешто што е важно за татковината, да не видат како инсистираме седнати на маса со политичкиот противник, со ВМРО-ДПМНЕ, и решаваме проблем за граѓаните, нели сме ние сервис, нели треба да бидеме слуга за граѓаните. Само на тој начин ќе бидеме поприфатливи како опозиција. Организационо, оперативно, присуството на терен, блискоста со граѓаните, приземноста, човечноста, мора секојдневно да ги покажуваме. Мора да менуваме многу работи коишто се делумно одржана лекција од власта, ние треба да учиме од нив, но делумно мора да учиме од новите социјалдемократски прагми и праски коишто Европа ги применува.
Дали наскоро може да се очекува и напредок во однос на политичкиот дијалог со власта во насока на конечно формирање комисија за истражување на настаните од 24 декември, односно целосно спроведување на 1-мартовскиот договор како што тоа од нас го бара Брисел?
Тоа е првото прашање каде што можеме да покажеме политички дијалог и договор за нашето, па макар било и по пат на гласање на петте члена коишто ќе ја состават комисијата. Во тој правец гледам одреден напредок како досегашен член на поранешното раководство на СДСМ. До крајот на неделата се надевам дека директно ќе бидам информиран од релевантните фактори, пред сè меѓународни, за овој дел каде што и ние сме вклучени или директно од кабинетот на претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов за да можам понатаму да градам конзистентни ставови. Морам да ве убедам и сакам да ве убедам и вас и граѓаните дека максимално ќе дадам позитивен придонес во изнаоѓање на решение коешто во моментот е многу важно за иднината на Македонија исправена пред извештајот од ЕУ и дај Боже и добивање датум за преговори. Јас очекувам и еве пуштам силен позитивен потстрек за разговор секогаш. Кога ќе заклучи премиерот дека треба, и зад затворени врати да се разговара за нешто што е важно за Република Македонија, стојам на располагање, секогаш принципиелно како прв опозиционер да разговарам за ваквите прашања. Ако треба јавно во присуство на медиумите, јавно ќе разговарам.
Го споменавте јунскиот самит. Став на СДСМ беше дека ќе и даде бланко поддршка на власта за да го реши прашањето за името.
Ако притоа го зачува нашиот национален идентитет, јазик, национална посебност итн.
Останувате ли сè уште на таа позиција?
Така е. Ние имаме конзистентни ставови за крупните прашања исправени пред Република Македонија. Она што го очекувам во овие моменти заради моментумот е прво да бидеме информирани. Тоа што се случува во поново време, ние од СДСМ не знаеме скоро ништо. Знаеме тоа што ќе излезе како информација преку вас медиумите и тоа не е коректен однос кон нас ако сакаат, пред сè власта, а после тоа и меѓународната заедница, да дадеме позитивна контрибуција кон решавањето на овој горлив проблем. Очекувам став на премиерот на државата и на претседателот на државата за овие прашања за да можеме секундарно и ние како опозиција да се изјасниме. Не се чувствувам првоповикан по ова прашање, првоповикан е премиерот, но секако веднаш после него опозицијата е повикана. Ја пуштам позитивната нишка на конзистентност на ставот, а тоа значи силна поддршка за владејачките гарнитури да пресечат, да одлучат така како што е најдобро за нашата земја и притоа да гарантираат заштита на нашиот национален идентитет, нашиот македонски јазик и нашата национална посебност.