Алијансата за позитивна Македонија не планира да биде привезок на ниедна од двете најголеми македонски партии-ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вели поранешниот премиер и еден од основачите на партијата, Владо Бучковски. Концептот на партијата ќе биде граѓанско либерален и поблиску до левата политичка позиција.
Бучковски додаде дека се започнати интезивни разговори за соработка со Либералната партија и новата партија на Стевче Јакимовски „Гром“, а наесен кога Алијансата ќе се етаблира на политичката сцена ќе се прават и проекции за евентуален заеднички настап на идните парламентарни избори. Кога станува збор за коалицирање со големите македонски политички партии, Бучковски вели дека во овој момент не размислува за тоа.
„Не во овој момент сме преокупирани со нашата промоција и за реализацијата на програмите кои ќе ги промовираме, најбитно ќе биде да бидеме дел од власта за да може тие да се реализираат. Во секој случај за било какви комбинации е прерано. Јас велам не може сега на нероден Петко да му кроиме капа.“
Во однос на обвинувањата дека формирање на Алијансата е инициранаа од ВМРО-ДПМНЕ, Бучковски вели дека никој нема право да лиценцираат кој ќе биде опозиција.
„Во изминатиот период најголемата грешка на СДСМ во времето кога Црвенковски беше претседател е тоа што си земаа за право да лиценцираат кој може да биде опозиционер, значи никој нема екслузивно право да биде опозиција. Ние со нашето дејствување ќе покажеме дека може да се дејствува опозициски, но на поинаков начин не користејќи го говорот на омразата, туку со еден позитивен пристап, да се критикува власта кога заслужува критика, но и да се понудат решенија. Мислам дека тоа ќе биде нов квалитет на политичката сцена.“
За разлика од претходното раковоство на СДСМ кое обвинуваше дека Алијансата ќе биде преврзок на владечката партија ВМРО- ДПМНЕ, актуелниот секретар на СДСМ Оливер Спасеновски вели дека се уште е рано да се извлекуваат заклучоци за приклонувањето на новите партии.
„Пред да дадеме коментари и какви било оценки, да почекаме да видиме како ќе се позиционираат новата партија во однос на позицијата. Едно е јасно дека мора да имаме партии кои се блиски со опозицијата или владеаката структура. Не потценувам ниту еден од политичките субјекти кои што се формираат, меѓутоа и апсолутно СДСМ не е премногу загрижен дали ќе се формира еден политички субјект или не, заради тоа што ние ќе работиме на промоција на нашата програма и понуда за граѓаните.“
Став од директорот за комуникации на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски не успеавме да добиеме.
Ние со нашето дејствување ќе покажеме дека може да се дејствува опозициски, но на поинаков начин не користејќи го говорот на омразата, туку со еден позитивен пристап, да се критикува власта кога заслужува критика, но и да се понудат решенија. Мислам дека тоа ќе биде нов квалитет на политичката сцена.Владо Бучковски, Алијанса за позитивна Македонија.
Бучковски додаде дека се започнати интезивни разговори за соработка со Либералната партија и новата партија на Стевче Јакимовски „Гром“, а наесен кога Алијансата ќе се етаблира на политичката сцена ќе се прават и проекции за евентуален заеднички настап на идните парламентарни избори. Кога станува збор за коалицирање со големите македонски политички партии, Бучковски вели дека во овој момент не размислува за тоа.
„Не во овој момент сме преокупирани со нашата промоција и за реализацијата на програмите кои ќе ги промовираме, најбитно ќе биде да бидеме дел од власта за да може тие да се реализираат. Во секој случај за било какви комбинации е прерано. Јас велам не може сега на нероден Петко да му кроиме капа.“
Не потценувам ниту еден од политичките субјекти кои што се формираат, меѓутоа и апсолутно СДСМ не е премногу загрижен дали ќе се формира еден политички субјект или не, заради тоа што ние ќе работиме на промоција на нашата програма и понуда за граѓаните.Оливер Спасеновски, СДСМ.