Достапни линкови

Нови партии за на кратки патеки


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

За некои аналитичари новите опозициски партии што произлегуваат од СДСМ ќе имаат ефект на кратки патеки, но на долг рок се осудени на пропаст. За други, пак, нивната успешност ќе зависи од новото раководство на СДСМ.

Новите опозициски партии коишто произлегуваат од СДСМ може да имаат ефект на кратки патеки, но на долг рок се осудени на пропаст, вели политичкиот аналитичар Едмонд Адеми, додека долгогодишниот висок функционер на СДСМ Димитар Бузлевски, кој пред локалните избори беше исклучен од партијата, вели дека нивниот успех ќе зависи од тоа дали Социјалдемократите ќе се консолидираат по изборот на новото раководство.
Ова го гледам само како партии кои моментално може да имаат некаков ефект, но без долгорочно постоење, веројатно за да изреализираат нечии лични или групни амбиции во целина за одреден период од политичкото дејствување.
Едмонд Адеми, аналитичар.

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Владо Бучковски неодамна го најави новото политичко движење Граѓанска алијанса за позитивна Македонија, кое подоцна може да прерасне и во политичка партија. Актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, кој беше и претседател на градската организација на СДСМ за Скопје, пак, веќе ја формира својата нова партија – Граѓанска опција за Македонија(ГРОМ).
Стевчо Јакимовски на прославата на 20 роденден на СДСМ.
Стевчо Јакимовски на прославата на 20 роденден на СДСМ.

И Бучковски и Јакимовски беа исклучени од партијата пред одржувањето на локалните избори.
Јас не сум за нови политички субјекти и не сум поборник на тој процес. Јас сум повеќе оптоварен со процес на консолидирање, односно обединување на СДСМ како сериозен политички фактор на политичката сцена во Македонија. Тоа ќе зависи многу од ситуациите коишто ќе се одвиваат пред недела и после недела.
Димитар Бузлевски, поранешен висок функционер во СДСМ.

Адеми, повикувајќи се на досегашните искуства од самостојна Македонија, не им предвидува светла иднина на новоформираните партии кои произлегуваат од СДСМ.

„Ова го гледам само како партии кои моментално може да имаат некаков ефект, но без долгорочно постоење, веројатно за да изреализираат нечии лични или групни амбиции во целина за одреден период од политичкото дејствување“, вели Адеми.

Тој вели дека овие партии можеби во прв момент ќе му нанесат штета на СДСМ, но од друга страна ќе ѝ помогнат на најголемата опозициска партија да се „прочисти“.

Бузлевски, пак, вели дека опозицискиот простор на политичката сцена е широк и оти иницијаторите веројатно процениле дека има место и за нови политички субјекти, но оти нивната успешност ќе зависи од состојбите во СДСМ.

„Јас не сум за нови политички субјекти и не сум поборник на тој процес. Јас сум повеќе оптоварен со процес на консолидирање, односно обединување на СДСМ како сериозен политички фактор на политичката сцена во Македонија. Тоа ќе зависи многу од ситуациите коишто ќе се одвиваат пред недела и после недела“, вели Бузлевски алудирајќи на конгресот на СДСМ.

Бузлевски вели дека обединувањето на партијата е можно ако актуелното раководство на СДСМ „ги тргне рацете“ од новото што треба да се избере в недела.

Формирањето нови партии коишто произлегуваат од најголемите е редовна појава во самостојна Македонија, но ниту една од новоформираните не успеа да се наметне како сериозен фактор на политичката сцена. Нашите соговорници потсетуваат дека таквите партии вообичаено се формираат кога нивната матична партија е во опозиција. Во 90-тите години беа формирани десетина партии со предзнакот ВМРО, но по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт речиси сите се вратија во партијата. Бранот нови партии произлезени од СДСМ почна во 2005 година со формирањето на НСДП на Тито Петковски, а партија формираше и поранешниот собраниски спикер Љупчо Јордановски. Петковски сега е во коалиција со СДСМ. Од НСДП произлегоа СДУ на Лазе Еленовски и ПОДЕМ на Живко Јанкуловски, но ниту тие не направија позабележителен успех.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG