Впечатокот во јавноста дека наспроти пасивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ демонстрира поголема заинтересираност за овие теми не значи дека владините партнери се поделени.
За домашните аналитичари, интензивните дипломатски средби на високите функционери на Демократската унија за интеграции за надворешно-политичките прашања е доказ дека власта нема стратегија за решавање на спорот за името кое останува клучен фактор за македонските евроинтеграции. Впечатокот во јавноста дека наспроти пасивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ демонстрира поголема заинтересираност за овие теми не значи дека владините партнери се поделени.
За политикологот Соња Стојадиновиќ тоа е само обид на албанскиот блок да покаже разбирање кон спорот за името и наметнатиот проблем со идентитетот.
„Покажува и еден обид да се докаже дека албанскиот блок е лојален кон оваа држава бидејќи доста пати биле обвинувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека не покажуваат поддршка, лојалност и посветеност на Република Македонија, а од друга страна ДУИ е свесна дека ако од свој аспект не поттурне и не се заложи, Македонија ќе почне да навлегува во некоја криза поради буквално запрените евроинтегративни процеси“, изјави Стојадиновиќ.
Израз на дипломатска незрелост. Вака професор Алајдин Демири го коментира однесувањето на ДУИ во последната недела. Патувањата на високи претставници на ДУИ се од формален карактер и истите не се суштински.
„Станува збор за еден маневар на Ахмети кој пред сè го прави тоа поради Албанците и поради неговиот електорат. Се додворува за пасивноста што ја има и за тоа како функционира целата влада“, вели Демири.
Според нашите соговорници, пораката која ДУИ ја испраќа до членството па и до коалицискиот партнер е дека евроинтеграциите се приоритетни, дека се подготвени на соработка, но и дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ прават сè за да го забрзаат влезот на земјава во Унијата и НАТО.
„Можеби еден вид на удар врз ВМРО-ДПМНЕ, да им се покаже дека не излегоа многу способни и многу успешни во делот на евроинтеграциите“, вели Стојадиновиќ.
„Пораката е малку дискретна во смисла – дајте да седнеме да се договориме, да направиме стратегија или да ви помогнеме во стратегијата“, вели Демири.
Евроамбасадорот Аиво Орав вчера не сакаше да го коментира однесувањето на коалициските партнери во поглед на евроинтеграциите. Потсети дека земјава треба да се фокусира на спроведување на забелешките од пролетниот извештај и мартовскиот договор. Али Ахмети од Соединетите Држави порача дека владините партнери немаат длабоки разлики за прашањето за името и дека и двете партии сакаат решение и интеграции во НАТО и Европската унија.
Покажува и еден обид да се докаже дека албанскиот блок е лојален кон оваа држава бидејќи доста пати биле обвинувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека не покажуваат поддршка, лојалност и посветеност на Република Македонија, а од друга страна ДУИ е свесна дека ако од свој аспект не поттурне и не се заложи, Македонија ќе почне да навлегува во некоја криза поради буквално запрените евроинтегративни процеси.Соња Стојадиновиќ, политиколог.
За политикологот Соња Стојадиновиќ тоа е само обид на албанскиот блок да покаже разбирање кон спорот за името и наметнатиот проблем со идентитетот.
„Покажува и еден обид да се докаже дека албанскиот блок е лојален кон оваа држава бидејќи доста пати биле обвинувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека не покажуваат поддршка, лојалност и посветеност на Република Македонија, а од друга страна ДУИ е свесна дека ако од свој аспект не поттурне и не се заложи, Македонија ќе почне да навлегува во некоја криза поради буквално запрените евроинтегративни процеси“, изјави Стојадиновиќ.
Израз на дипломатска незрелост. Вака професор Алајдин Демири го коментира однесувањето на ДУИ во последната недела. Патувањата на високи претставници на ДУИ се од формален карактер и истите не се суштински.
Станува збор за еден маневар на Ахмети кој пред сè го прави тоа поради Албанците и поради неговиот електорат. Се додворува за пасивноста што ја има и за тоа како функционира целата влада.Алајдин Демири, универзитетски професор.